Најгрозната случка што ви се има случено до сега !?

  • Креатор на темата Креатор на темата skrill1
  • Време на започнување Време на започнување
Хахахаха AceMaus. Мене таква ми беше раката :pos:

Знам друже сум видел и лакти и колена рамо исто може(пу пу пу скраја да е)...а кажи ми сеа немаш гајле?
Зажто мене ме плаши ова има поминато 1месец скоро ама не го превиткувам до крај зглобот!!! може треба да пројде време да ојача зглобната капсула или нз??????
 
Не, неам за ништо гајле. После 2 и пол месеца бев 100% фит. Почекај уште 1 месец и пиј си калциум секој ден (=
 
фала...и нешто терапии му праам под препорака на клубскиот доктор...хидро терапија ја вика он...со топла вода али ок фала сепак
 
Кога играв кошарка во 7. одделение ми се измести чашката од коленото и се приклешти лигаментот во зглобот... уф гадна слика и уште погадна неподнослива болка...
 
Абе затоа ја не вежбам на физичко, партал ќе се напраам. :)
 
На братучед ми му купија нов брзинец! Уау!
Јас, копиљ 6то одд, успеав да го натерам да ми даде крукче околу маало! Се качува типкава на брзинецот, а на BMX навикната пустата, и трга бвно, полека, несигурно! Но, тогаш се исповозбудува, ареналинот надоаѓа, самодовербата се враќа и летнувам низ улицата! Заслепена од брзината, способноста и моќта на брзинецот јурам низ улицата, свртувам на кривината на која имаше паркирано зелено комбе! И...? Се удрив во комбето, нормано! А се праев јака цура пред осмооделенците!
Точакот, бренд њу, заврши врз комбето, комбето помина со полесни повреди, т.е скршени фарови, а јас заврчив на шиење!
Ја сјебав устата да си ибам векот! Внатрешниот дел на долната усна ми беше распаран, ринкав два три метра на удолница! Се измеша крвта со песокот, па кога се направи една хомогена смеса мф мф! Дланките партли, бициклистичките искинатаи стомачето рани, улицата крвава, јас онесвестена! Ме однесоа на раце збрана, ме зашија, ми залечија тоа раните длабоки, крвави со јод, ми ги сменија бициклистичките!
Уште имам мала лузна на внатрешниот дел од усната!
Многу пропатив и секако пак му се вратив на добриот стар BMX со контра:pipi:На брзинец не ми текна уште долго после тоа!
 
леле остај ова паѓајњава од точак ми се смрт...кути фала му на бога не сум паднал одамна...ама се сеќавам ко мал ке паднам колената кора ми фатиле од крв што течела...другиот ден пак падни и пак на истото место..ццц...боли ненормално...кути да не се секавам сеа се ежам
 
најгадна ситуација што ми се има случено е кога на некои мои 15-16 години се фатив со еден дечко и се онака супер беше цела вечер( многу бев затрескана во него) , се додека онака пијани двајцата како што се љубевме по 5 минути и двајцата ги свртевме главите и се скинавме од повраќање( што од возбуда , што од преголема доза на алкохол, ама повеќе од ова второво). По тоа ми беше страв и срам со денови во очи да го гледам и да ме гледа- живи бруки бевме , покатастрофален дејт ниту сум имала ниту ќе имам:pos2::pos2:
 
Како помала паднав гадно и нозите цел ден не ги осекав и не ги мрдев. Бев буквално како инвалид... :nesvest:
 
Најгрозна случка?

Играме на свадба кај еден колега. Заедно со еден постар другар, ај што постар па и одамна женет. Му се вртам и му викам:
- Добра риба е ова сваќава у фустанчево а?
А он ми се врти и ми вика:
- Кути бе п.... ти материна, керка ми е!
:kesa:
 
Најгрознзната случка ми беше кога ми се измести чашката на коленото и ми дојде на другата страна......после тоа гипс цел месец, болници, терапија........Најгрозното нешто до сега што ми се случило..
 
Кога играв фудбал и кога паднав и кочев со колената неколку метра,и кога раката ја скршив и дланката ми висеше само на вените и кожата :nesvest:
 
Еднаш со другарка ми гледавме филм кај мене дома и јадевме чипс,и она го изела чипсот и пепељарата со пикавци ја истурила во натре во кесата,и јас мислев дека има уште чипс и лапнав цела рака со пикавци.....:uvo::uvo::uvo: :tapp::kesa:
 
имав пирс под долната усна и бевме на воен базен,скокавме у тоа плиткото игравме како први така други и заринав со муцката на дно и коа излегов ми фалеше парче под устата:toe:
 
Има повеке случки ама ке кажам само некои..
1.игравме фудбал во маало и трчајки едно ме сопна позади он врз мене и баш на малиот прст на раката.. се отцепи кожата ме печеше ненормално ного и крв ми течеше многу.

2.со другар ми се вракавме од фудбал и на вракање гледаме неонки и викаме ај да ги сокршиме. И фрли ја нагоре со камен по неа и се крши. После најдовме шишиња од пиво.Фрли шишето и со камен скрши го. И така зимам скршено шише на пола да го докрајчам и кога земав залет да го фрлам шо е можно повисоко сум се расекол кај левото колено а не забележив. И другар ми вика абе крв ти тече и се избришувам и гледам длабока рана а не ме болеше.:nesum::nesum: дома реков сум паднал на камења и од тоа ми е и на болница чистњете,преврски....и ден денес имам белег и тоа убав белег на левото колено.

3 случка е кога бев качен на една цреша,а под црешата има ограда ама шилеста. јас без маица бев .. летно време... и некако ми се свитка ногата и се подлизнав и паднав.. срека шо не паднав директно на оградата туку покрај неа само се изгребав и имав голема црта на грбот,но не ми остана белег.

4 случка .. на базент само што влегувам и почнавме да се гониме низ базент.. се подлизнувам пагам и 2 колена цели крв.. дупкички и на двете колена... до ден денес имам лузни...

а најгадно ми беше помал се шетав бос летно време и го заринкав прстот во асфалт..поболно и погрозно од тоа немаааа:nesum:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom