Најгрозната случка што ви се има случено до сега !?

  • Креатор на темата Креатор на темата skrill1
  • Време на започнување Време на започнување
Пред некое време грдо ме болеше забот.. Бев кај друга не кај мојата пошо не беше на смена.. Коа ме чепна гадно за тоа нервот сите звезди и галаксии ги избројав.. ОД стол рипнав и цела болница ја дигнав.. Ама ај помина после
 
Кога ме бркаа алфи (неуспешно)
Кога ме згази кола(успешно) не беше нешо гадно ... само шофершајбната му беше скршена мене кукот отечен цел и така
 
Кога игравне фудбал на улица и јас онака од одмор се враќам зимаме фудбал да играме оно да копале дупки за бандери да ставаат и ја така залетам давам гол и пошто има блиски долниште трчам накај фудбалот и со едната нога внатре во дупката и кајгана на око :jaj:
 
Пред некој месец, враќајки се дома сам, едвај спасив жива глава од двајца Албанци. Ми го бараа мобилниот...среќа што пред мене застана такси па се пикнав во него.

А во понеделникот, враќајки се од утакмицата со Русија-ракомет со двајца другари...некаде после зоолошка во карпош 4ца Албанци сакаа да ни ги земат шаловите од Македонија. Се степавме тука и добро е што на крај они неможеа да станат од земја.
 
Jas ednas so to4ak sakav da pretrkam fi4o i po sred ulica si vozev i me udri drugo fi4o sto naide od drugata strana :S posle sedev u kola i imav rana na nogata do koska ama me odnesoa u bolnica i sve bese fino :smir:
 
мојата најгрозна случка се деси пред два дена....бев у студенстски дом кај колешка на кафе и по долгата седенка отидов до WC но кога ја отворив од врата ме пукна таква смдреа што повратив:pov::pov::pov:гадноооооооо!!!!!!!!
 
Хмммммм...........
Прв пат на гинеколог (тоа беше право силување)
И еднаш кога се скина кондомот (мислам дека тој ден доживеав срцев удар)
 
Сум бил присутен како набљудувач на: сообраќајни несреќи (превртување на коли, газење на пешаци, коњ како превртува кола), обид за самоубиство на еден комшија и како и учесник во пукање на аркади. Али едно од најлошите беше во прво одделение залетан во школо и лупање во кваката на вратата сум летал 10 метри наназад од ударот. Чудно не ме болеше со оглед дека ја пукнав коската под окото (јаболкчница ор сомтинг лајк дет). После на доктор, шиење, миење, операции а најстрашно е што после ми кажаа дека ми фалело само сантим да сум го набил окото и да сум го изгубел засекогаш....
 
Кавгата со татко ми пред 2-3 дена...:cry:
 
Не бев сигурна дали овде да ја опишам случката грозна или во темата за студентски домови.
Влегувам јас, како прв жител после долго лето, во еден непроветрен студентски дом. Ги отворам прозорите, ветреам што има за ветреење, се распакувам и гледам на вратата од шифоњерот бубашваба, голема, дебела, мрсна и кафеава. Јас ја гледам, таа ме лоцира со тоа роговите. Храбро вадам кломпата да ја решам и ми се случува најнепредвидливото нешто во свет - ми полета гадурата со тоа хитинските крила, право во фаца ми полета!!!
Неравоучение - све што лета не мора да е бубашваба и обратно. Посебно обратно.
 
Шмекнав травестит (грооозноооо)...Верувајте беше пичка ипол типот...добро шо приметив на време...и за првпат у животов избегав од шмекање.....
уффф бљакк...отворете очи луѓе убаво кога шмекате...има добродотерани дечки со миничи по градов...:)
 
Пред 5-6 години татко ми падна во каналот во гаража и си ја исече раката под мишка, имаше рез од можда 20 сантима, раката практично му висеше од рамото, толку крв ни на нискобуџетни хорори немам видено.
До ден денес се чудам како останав доволно присебна да викнам такси да го однесеме до болница.
Ууууф, никогаш нема да ја заборавам сликата.
 
Како дете во основно некој ме прободи со шестар во вратот не го видов пошто беше позади мене,потоа имав гадна итна операција.Никогаш не се разбра кој е и иако имаше голема гужва немаше сведоци,барем така ми рекоа наставниците кои добро го заташкаа случајот.
 
Ми пукна петарда во рака, за малку ќе го изгубев палецот, за среќа се беше во ред.
Имав две едната не се запали и додека ја палев другата, ми пукна онаа претходно запалената. Страшна работа. Оттогаш со петарди си немам работа.
Второ ми пукна аркада од силен удар и бев на шиење толку крв во живот немам видено на едно место... :salut:
 
Сум имал многу грозни случки но не ми текнуват во моментов ќе издвојам некој што ми текнуват...
Кога си ја скапав главата како мал си игравме(не го осетив ударот...) жешко беше и се фаќам за чело си велам кога се испотив толку и гледам цела рака крв :uvo: И непрекинато течеше стварно многу крв се исплашив и почнав да трчам како луд до дома... се прекачив преку портата од 3 метри и дојдов дома плачев рикав не дека ме болеше ама самата помисла кога видов колку крв тече и дека треба да одам на шиење... :kesa:.

Друга случка кога ми испука петарда во рака сосема неочекувано ушињата ми зуеја 2 часа :pos2: се исплашив во моментов да не повредив некој од другарите бидеќи сите беа до мене но за среќа се беше во ред.

Грозна случка исто така кога правевме сообраќајка... страшно беше кога излегов добро го испцујав тој што излезе на сред пат и удривме во него крајно бев попизден наместо да прашам дали се добро... јас го пцујам :):pos2:.

Паметам кога бев 3-4 одд тука некаде бевме на гости некаде со братучетките тетка ми родителите... и врнеше и одеднаш удри гром во близина ама се слушна многу силно и веднаш снема струја сите се преплашија во собата помалите почнаа да плачат а јас бев усран оваа случка не ја заборавам :).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom