Најгрозната случка што ви се има случено до сега !?

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Првиот машки полов орган кој во живо го видов, беше на еден педофил кој не пресретна мене и уште 2 другарки. Типов ни праеше муабет за некоја локација која во моментот „го интересираше" и после 5 минути видов дека си го онадел таквотиот, пред мене и другарките за целото тоа време(дупнати џебови техника). Не искачав 2 недели од дома од страв и трауми, 6то одделение бе :uvo:... Целата таа ноќ не можев да заспијам, све ми се слушаше некое шушкање, а таква ми е страв да станам да си запалам светло ...:nesvest::pipi:
 
Член од
27 август 2007
Мислења
129
Поени од реакции
6
паа.. памтам само дека на Божиќ кога имав 6-7 години си ја скршив главата од дрвената столица на дедо ми... и знам дека имаше многу крв.. и дека воопшто не плачев на почетокот зошто незнаев што се случува... а послем кога ме однесоа на лекар сватив и почнав да плачам... се сеќавам и дека многу ме болеше затоа што тотално си го скршив черепот и знам кога ми ја шиеја главата дека докторот ми чукна на главата и ми рече дека имам глава како камен... :tapp:
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Мене со сатар ми го искеоа...Сега имам upgrated and its made of steel




PS.always HARD core:smir:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Пред зграда, како мали, обожаавме да изиграваме боди билдери и тие решетките што се(едни како дупки, над нив има решетка и најчесто водат кон подрум) обожававме да ги креваме и да ги пуштаме пошто тоа предизвикуваше ненормален тресок... Се додека еден ден... НЕ МИ ПАДНА РЕШЕТКАТА НА ПАЛЕЦОТ НА НОГАТА ДЕСНА. :vozbud::vozbud::vozbud: Не знам дали постои Господ, ама ако постои, во тој момент го видов. Ноктот на палецот на ногата ми падна скроз, среќа шо не останав инвалид... И ми израсна нов, како нова сум:pipi:
 
Член од
25 ноември 2008
Мислења
1.026
Поени од реакции
682
Бев некаде 4 одд и и викам на мајками да ми ја наполни кадата и да си лежам во неа.И таа ја пуштила само топлата вода и отишла во дневната.И јас си влегувам во вц-то и се слекувам и влегувам во кадата и се изгорев пепел се направив.И сега дур не проверам не влегувам никаде :D

Уште една да ви кажам.Одам на тренинг(фудбал) и малце каснам.Другиве деца почнале да ги местат мрежите на головите, качиле некое дечиште ушка и тоа да ги закачело.Паѓање детето од на статива и раката лом на половина.И јас како најголем имав кола и ме собраја да го однесам на болница.А детето имаше 10 години, почна да се онесвестува итн.Ама кога му ја местеа раката тоа пискањето што се слушаше ми идаше на повраќање.Грозна работа
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
па, кога имав околу 7 години, играјќи се со мојата сестра(која тогаш имаше 9год) јас со рака скршив прозорецот од влезната врата, сечејки ја раката на две места, еднат рана беше мала,но другата беше доста голема(околу 40тина конци беа потребни за шиење на истата)....
и до ден денешен имам некои визии од таа случка, и ме фаќа страв...плус малку заецкувам од тоа, најверојатно од стресот и стравот при шиењето на раните...
белегот сеуште стои, се наоѓа на горниот дел од мојата рака, но не е забележителен,
како и да е, тоа ми беше страшно искуство...
 

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Пред 5-6 години бев во Битола со мајка ми и сестра ми. Бевме појдени за летниот распуст и ни се најавија дека на гости ќе ни дојдат моите омилени братучедки. Беше 6саат на сабајле и спиев... Слушнав нешто како да ѕвони и мислејќи дека се братучетките со трчање слегов по скалите. Видов дека нема никој и така сонлива се качував по скали. Се здробив убаво, паѓав од 1ва до последна скала, 28 вкупно. Неможев да подстанам, 2 саати така здробена спиев на последната скала, не ни се помрднав. Кога се разбудив бев во болница, над устата бев расечена, а нозете не ни ги чувствував. После некое време ми кажаа дека нозете ми биле само набиени, а над устата имам мала лузна. Не одам во Битола заради ова... Тешко ми е пошо знам дека мора да се качувам по тие скали. :nesum:

Друга случка е последниот пат кога ме касна куче :(
Да, да последен затоа што до сега 4 пати ме касале. Лето беше, шетав со сестра ми и наеднаш нешто почна да р`жи, почна да трча по мене! Буквално ја заобиколи сестрами и ме гризеше по нозете!!:nesvest: Имам уплав од кучишта и бегам и од најмалите. После 2 недели откако ме касна кучето умре :pishtoldz :helou:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Првиот пат ко се научив точак да возам на безпомошни тркала имав 4 години негде и ај прво братми ме држеше па ме пушти и целата пресреќна возам ли возам и ко се удрив во едни шипки шо беа пред зграда поставени (и ден денес се тука)по слабињево ко почна да ми течи крв:nesvest: Незнам како издржав толкава болка

Вториот пат негде 7 години и имав навика ко ќе ме изнервираше братми да мавам со ногата во вратата шо беше од стакло. И така нешо се искарав со него и пренервирана дека неможам да го удрам(а ко ќе сум нервозна мора да удрам во нешо или некој) со сета сила со ногата удрив во вратата и стаклото се скрши и срчи ми влегоја во петицата. Леле дур ми ги ваѓаја крвишта насекаде... јас пиштам лелеее... колку ли само грозно беше


И третиот пат на Нова Година. Дотогаш кога ќе видев пијани кај шо повраќет се тргав на страна а сега ја имав таа чест да држам за да повраќет. Сега се шо јадам ме потсеќат на тие моменти:pov::pov::pov:
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Многу језиво

Ама мн е гадно да не ви се згади и вас:kesa: Тоа беше пред едно месец ипол...и тоа последен тернинг пред утакмица за која сум се спремал 6-месеци (градското дерби против Металург)
Ме мавнаа несакајки и веднаш по ударот јас дури и не приметив ама видов дека сите ги сврета погледите настрана, гледаа вземја се фаќаа за глава плука настарна и слични реакции...а зашто е тоа така уверетесе сами
 

Attachments

Член од
28 август 2008
Мислења
189
Поени од реакции
5
овоа не успеа да си го приметеш??!! OMG!!
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Oh sweet mother of lord jesus christ fuckin' god!:nesvest:
Тргај сликана аааааааа!

Инаку,како помала имавме обичај јас и братучетка ми да се нишаме на вратата од дворот која има шилци на врвот.И така еден ден братучетка ми и јас надвор,и она се клацка а јас отидов до дуќан.И кој се вратив оваа ми вика “види шо напраев“ и ми ја дига раката,и глеам јас дупка под мишката.Леле кој сум викнала,ко мене да ме болеше :pos:И нејќеше да и каже на мајка и зошто ќе ја карала:pos:Едвај ја натерав да иде да и каже,и после отидоа у болница,таму ја сошиле,и кажале за малку некоја вена ќе погодела без рака ќе останела.
Многу гадна глетка :)
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
овоа не успеа да си го приметеш??!! OMG!!
во првиот момент не затоа што и не осетив,знаеш како ти е ододма не боли, а и не ти е тука паметот...него у играта си внесен свакаш
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Хахахаха AceMaus. Мене таква ми беше раката :pos:
 
Член од
28 август 2008
Мислења
189
Поени од реакции
5
во првиот момент не затоа што и не осетив,знаеш како ти е ододма не боли, а и не ти е тука паметот...него у играта си внесен свакаш
ц.ц.ц...јака ти душа човек...не те е ногу болело после..неее..ич.!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom