Хари Потер

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Каде да го најдам 5-ти дел на македонски и дали е испаднат.Од први до 4-ти дел на Хари потер сите ги имам читано и од први до 5-ти дел филмовите ги имам гледано.
Maлце да читнеше погоре ќе видеше дека сега излегува 6 дел.5-от дел е излезен пред 4-5 години и побарај по книжарниците мора да го има.
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Каде да го најдам 5-ти дел на македонски и дали е испаднат.Од први до 4-ти дел на Хари потер сите ги имам читано и од први до 5-ти дел филмовите ги имам гледано.
Е зошто си го гледал филмот пред да ја прочиташ книгата... за да си го расипиш читањето?? :tapp:
 
Член од
2 февруари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
15
Каде да го најдам 5-ти дел на македонски и дали е испаднат.Од први до 4-ти дел на Хари потер сите ги имам читано и од први до 5-ти дел филмовите ги имам гледано.

Ja имаш у сите книжани кај што Култура дистрибуира свои книги.. 650 или 600 денара е последната цена ако не се лажам

поздрав


http://www.mkskopje.com/emag.aspx?nodeid=2439&selectednodeid=2481

Читајте :)
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Којзнае кога ќе ја има во библиотеката во Битола :(
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Баш имав гледано на Ју ТЈуб еден фан ја имаше секоја книга (до 6) по двапати и на крај ја покажа и Џејмс Потер ја отвараше и содржината ја покажуваше :) И на википедија има, но сепак не е одобрена од Ј.К
Сите фан фикции се одобрени од авторите се додека не заработуваат пари од тоа, но не се сметаат во континуитетот на книгата. Мене лично не ме исплонува да читам фан фикција. А инаку има многу книги од Хари Потер кој се фан фикција.
 
Член од
2 февруари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
15
МЛАДИНСКА КНИГА- извадок од книгата ХАРИ ПОТЕР И ПОЛУКРВНИОТ ПРИНЦ напиша:
– А сега – рече Слагхорн – време е да почнеме да работиме.
– Господине, уште не ни кажавте што има во оној котел – рече Ерни Мекмилан, покажувајќи на малиот црн котел на масата на Слагхорн. Напивката во него весело клокотеше. Беше со боја на леано злато, а големи капки од него потскокнуваа од него како златни рипчиња над површината, иако ниедна капка не падна надвор од котелот.
– Охо! – рече Слагхорн повторно. Хари беше сигурен дека Слагхорн сигурно не ја заборавил таа напивка, туку чекаше да го прашаат за неа, поради драмското дејство. – Да. Таа. Па, таа напивка, дами и господа, е чудна мала напивка наречена феликс фелицис. Претпоставувам – тој се сврти, насмевнувајќи се, кон Хермиона, која гласно воздивна – госпоѓице Гренџер, дека знаете што предизвикува феликс фелицис?
– Тоа е течна среќа – рече Хермиона восхитено. – Ве прави среќни!
Сите во одделението малку се исправија на столовите. Сега Хари можеше да ја види само измазнетата, светлоруса коса на Мелфој, зашто тој најпосле на Слагхорн му го посвети целосно своето внимание.
– Точно така, уште десет поени за Грифиндор. – Да, таа е навистина необична мала напивка – рече Слагхорн. – Многу е тешко да се направи, а притоа може да биде погубна, ако нешто згрешите. Сепак, ако се свари како што треба, како оваа, ќе откриете дека вредело да ги вложите сите ваши напори... барем додека не помине нејзиното дејство.
– Зошто тогаш луѓето не ја пијат постојано? – праша љубопитно Тери Бут.
– Бидејќи, ако се пие претерано, предизвикува лекомисленост, непретпазливост и опасна самоувереност – рече Слагхорн. – Ако пиете претерано нешто што е добро, веќе знаете... во големи количества е многу отровно. Но, ако го пиете умерено и многу ретко...
– Господине, дали вие некогаш сте ја пробале? – праша Мајкл Корнер љубопитно.
– Двапати во животот – рече Слагхорн. – Еднаш кога имав дваесет и четири години и вторпат кога имав педесет и седум години. По две полни големи лажици со појадокот. Два совршени денови.
Професорот сонливо се загледа во далечината. Без оглед на тоа дали се преправа или не, помисли Хари, ефектот беше добар.
– И тоа е она што ќе ви го понудам – рече Слагхорн, очигледно повторно враќајќи се на земја – како награда на овој час.
Завладеа тишина при која секое вриење и клокотење на напивките околу нив можеше да се слушне повеќепати посилно.
– Едно малечко шишенце феликс фелицис – рече Слагхорн, вадејќи од џебот многу мало шишенце со пагур и покажувајќи им го на сите. – Доволно е за дванаесет часови среќа. Од взори до самрак ќе имате среќа во се што ќе се обидете.
– Сепак, морам да ве предупредам дека феликс фелицис е забранета супстанција во организираните натпреварувања, спортски настани, на пример, на испити или избори. Поради тоа победникот може да ја ползува само во текот на за него обичен ден... и да гледа како тој обичен ден станува необичен!
– Значи, – рече Слагхорн, ненадејно живнувајќи – како ќе ја освоите оваа волшебна награда? Па, свртете ја страницата десет во „Повисоко ниво на подготвување напивки“. Ни остана малку повеќе од еден час, што би ви било доволно да се обидете во правењето пристојна напивка раствор на жива смрт. Знам дека е посложено од се што досега сте се обиделе да направите и не очекувам никој од вас да направи совршена напивка. Сепак, тој што ќе ја направи најдобро од вас, ќе го добие овој мал феликс.

ПРЕКРАСНО
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.407
Поени од реакции
25.283
Книгите се со поинаква позадина. Филмовите се ок, 1 и 2 се некако детски, 3 е подобар, а веке 4 е прекрасно направен. 5ката е добар, но прекраток и испушта неприфатливо многу сегменти од книгата, сегменти без кои не може да се „стигне“ до крајот, а да не се направат измени.
5ката е најлошиот снимен дел. Ја прочитав книгата и ме воодушеви. Го изгледав филмот и посакав подобро да не сум го гледал затоа што ми го расипа впечатокот што си го имав замислено.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Конечно личи нешто на преводов.Чао Шушумиги:)
Инаку мене најдобра книга досега ми беше 6-от дел.Уживав најмногу додека ја читав, исто и 4-от дел.А за филмот за 6-от дел не очекувам ништо посебно, нешто слично на претходниот.Не може во 1 дел да ја претстават толкава книга.
 
Член од
2 февруари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
15
5ката е најлошиот снимен дел. Ја прочитав книгата и ме воодушеви. Го изгледав филмот и посакав подобро да не сум го гледал затоа што ми го расипа впечатокот што си го имав замислено.

Филмски гледано.. 5 дел е најдобро изработен од сите.. има толку многу детали и толку многу знаци што ја задржуваат смислата на приказната.. не верувам дека постои таков што подобро би го направил 5 од од David Yates.. затоа шо веке цела година сум со филммејкинг и верувај.. не е баш лесно да ставиш 800 страни во книга.. имајќи у предвид дека 1 страна е 1 минута на филм
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.407
Поени од реакции
25.283
Филмски гледано.. 5 дел е најдобро изработен од сите.. има толку многу детали и толку многу знаци што ја задржуваат смислата на приказната.. не верувам дека постои таков што подобро би го направил 5 од од David Yates.. затоа шо веке цела година сум со филммејкинг и верувај.. не е баш лесно да ставиш 800 страни во книга.. имајќи у предвид дека 1 страна е 1 минута на филм
Не. Филмски гледано 5тиот дел е лош. Точно е дека не е лесно да направиш филм според книга, особено како Хари Потер, но во 5тиот дел всушност и многу важни настани не се прикажани. А и филмските серијали на Хари Потер според мене воопшто и не се возбудливи како книгите. Бројот на страници во минатите делови (1,2,3) беше помал, па затоа беше полесно да се направат тие делови, јес да вториот беше супер.
5тиот дел гледан од филмски аспект е многу лош. Ни напнатост, скоро и вештачка глума, многу сцени нема, многу слики и не се претставени како што беа во книгата.
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Која ви е омилена книга од 7те? :)

Кај мене е вака:

1. Deathly Hallows (како е на македонски?)
2. Пламениот Пехар
3. Полукрвниот Принц
4. Редот на Фениксот
5. Одајата на Тајните
6. Затвореникот од Азкабан
7. Каменот на Мудроста
 
Член од
2 февруари 2008
Мислења
96
Поени од реакции
15
Не. Филмски гледано 5тиот дел е лош. Точно е дека не е лесно да направиш филм според книга, особено како Хари Потер, но во 5тиот дел всушност и многу важни настани не се прикажани. А и филмските серијали на Хари Потер според мене воопшто и не се возбудливи како книгите. Бројот на страници во минатите делови (1,2,3) беше помал, па затоа беше полесно да се направат тие делови, јес да вториот беше супер.
5тиот дел гледан од филмски аспект е многу лош. Ни напнатост, скоро и вештачка глума, многу сцени нема, многу слики и не се претставени како што беа во книгата.

Гледај сеа.. сценариото само е напишано со помош на Џ.К. .. и се ставени најбитните сцени и не е изоставена сцена шо би играела ОГРОМНА улога у натамношните 2 филма.. ако Џ.К. сметала дека е добро сценариото и да е снимен филмот.. тогаш што имаш ти да збориш.. Адаптацијата на сценарио е најјјтежок дел при пишување на неоригинално сценарио.. Има напнатост.. глумата е дека дека подобра верувај од 4 дел на пример..
и баш би сакал да слушнам која сцена од книгата БИ ја ставил ТИ во филмот за да има поголемо влијание во натамошната приказна и да донесе поголема напнатост на целата ситуација.. повели..

Многу голем филмски критичар си бил ти :) филмски апекти ова она..


(5 дел книгата ми е најомилена.. и јас бев бунтовник.. wau mau Околу сценариото.. ама испадна дека работите биле поимпресивни одкако влегов во таа магија.. )
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
Супер е што седмиот го поделија на два дела, само каде ќе ја пресечат книгата не знам? :)

Јас мислам дека филмовите за Хари Потер се fans only и дека се интересни само за оние кои ја прочитале книгата... ;)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.407
Поени од реакции
25.283
Гледај сеа.. сценариото само е напишано со помош на Џ.К. .. и се ставени најбитните сцени и не е изоставена сцена шо би играела ОГРОМНА улога у натамношните 2 филма.. ако Џ.К. сметала дека е добро сценариото и да е снимен филмот.. тогаш што имаш ти да збориш.. Адаптацијата на сценарио е најјјтежок дел при пишување на неоригинално сценарио.. Има напнатост.. глумата е дека дека подобра верувај од 4 дел на пример..
и баш би сакал да слушнам која сцена од книгата БИ ја ставил ТИ во филмот за да има поголемо влијание во натамошната приказна и да донесе поголема напнатост на целата ситуација.. повели..

Многу голем филмски критичар си бил ти :) филмски апекти ова она..


(5 дел книгата ми е најомилена.. и јас бев бунтовник.. wau mau Околу сценариото.. ама испадна дека работите биле поимпресивни одкако влегов во таа магија.. )
Од што се составени најбитните сцени воопшто и не се чувствуваше голема поврзаност, туку само како нафрлени.
Е сега, пошто ти си ја пронашол магијата, и многу си навлезен во светот на Хари Потер, можеш да си ги преувеличиш работите и да ти бидат поимпресивни.
Филмот sucks! Од кој и да било аспект. Со акцент на зборот срање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom