Хари Потер

  • Креатор на темата Креатор на темата Unicor777
  • Време на започнување Време на започнување
E вака.. изгледа имаш изградено ваков коментар за филмовите пошто не имал допир со вистинската страна и природа на филмо.. т.е. како се ствара, примена, значење на секој кадар и слично.

кога ќе го осетиш сето ова.. ќе сфатиш дека мн од работите се срамни што ги кажа...

-Си пробал да изанализираш, и притоа тотално си погрешил во заклучокот.

П.С. Ја најдов музиката на Nicholas Hooper доста инспиративна..

-Подобра е од таа од четвртиот дел, но едноставно не се споредува со таа на John Williams од првите 3 дела! 1, 2 и 3 се чиста класика во ХП светот, пааа и надвор од него.
icon12.gif


...a и сметам дека Yates е до сега најдобриот режисер на Хари Потер филмови, и ми е повеќе од драго што ќе остане! :jaj:

-Почитувам нормално туѓи мислења/вкусови, но мојот став останува ист за 4ти и 5ти дел. За мене магијата едноставно ја снема во последните 2 филма (пробав да објаснам во претходните постови).

-Искрено се надевам за 6-ката а поготово за 7-ката дека ќе го вратат повторно духот и магијата од првите 3 филма но во тој процес ќе треба и музиката да потпомогне, па така ќе пробам да сум отпимист и околу идните дела на Hooper.
icon7.gif
 
Јас мислам дека подобро ќе било на епизоди да го направеле.На пример првиот дел во 3 епизоди.Вториот дел во 3 епизоди.Третиот исто.Четвртиот во 4 епизоди.Петтиот во 5 епизоди.И така натаму.И епизодите да траат по саат и половина така ќе беше подобро и ќе беше се опфатено
 
Oу ок FilipUNIBO не се мешам веќе..
изгледа ти си Филмски Критичар..

иако јас го студирам тоа.. Филм ;)

нема да ги газам мојте ставови за филмовите...
:nesum:
 
НОВОСТ НОВОСТ!!!:vozbud:
Хари Потер и полукрвниот принц ја има во Матица на македонски јазик од цена 1.029 мислам дека беше.

Аухх се возбудив.Да завршам со факсов идам ја купам:vozbud:
Извор http://www.mkskopje.com/emag.aspx?docid=189411&nodeid=2439
 
ова ми стигна на меил, мислам дека е искочена во претпродажба...



ПРЕТПРОДАЖБА НА КНИГАТА „ХАРИ ПОТЕР И ПОЛУКРВНИОТ ПРИНЦ“ ЗА ПРВПАТ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Од 2 март 2009 година до излегувањето на книгата од печат, „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ од Џоан К. Роулинг ќе може да се купи со попуст од 10% на цената од 1290 денари со подарок постер само во книжарницата „Матица“ на бул. „Климент Охридски“ бр. 23 и кај издавачот „Младинска книга“ на бул „Партизански одреди“ бр. 70б Скопје; (информации на www.mkskopje.com )

НЕКОИ ЗАНИМЛИВИ ПОДАТОЦИ ПОВРЗАНИ СО ХАРИ ПОТЕР:
Книгата „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ авторката Џоан ја посветува на ќерката Мекензи која се роди непосредно пред објавувањето на книгата. Затоа и авторката ја нарекува нејзина близначка од мастило и хартија.

ПОЧЕТОК НА СНИМАЊЕТО НА 7-ОТ ФИЛМ
Овој месец започна снимањето на последниот филм Хари Потер и реликвиите на смртта“ што ќе излезе во два дела во ноември 2010 и во мај 2011 година.

ФРАНЦУСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ САРКОЗИ И ДОДЕЛИ ОРДЕН ЛЕГИЈА НА ЧЕСТА НА Џ. К. РОУЛИНГ
Наградата е доделена за целокупниот придонес на авторката за развој на вредносните и образовните придобивки во светот на децата.


Ваша Младинска книга
 
Da, Knigata ke moze da se pretplati vo Matica po cena od 1290 denari.. so toa plus dobivate gratis poster.. a knigata kako kniga ke moze da ja fatite na 2 april :P

Greetings Wizards :D
 
Баш вчера ги најдов сите 7 книги како е-книги и ќе почнам да ги читам, на англиски секако, едвај чекам :)
 
Баш вчера ги најдов сите 7 книги како е-книги и ќе почнам да ги читам, на англиски секако, едвај чекам :)


Прочитај ги до 5 дел на англиски.. чекај ја 6 дел на македонски..

хаха има фантастичен превод.. :) и нема да бидеш разочаран

:baeh:
 
на Македонски??? :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

ова ми го разубави денот мноогуу :vozbud:
 
Абе скапа е некако... за 1.029 денари би купил 10 книги. Добро, сепак, 6тиот дел го купив исто толку некаде, таа цена мислам дека беше.
Како и да е, ако има попуст можеби ќе ја купам. Или ќе подсоберам пари, ама не верувам да ги потрошам на ова. На англиски 7миов дел ми е прочитана, ама на македонски сакам во колекција да ја имам.
 
Абе скапа е некако... за 1.029 денари би купил 10 книги. Добро, сепак, 6тиот дел го купив исто толку некаде, таа цена мислам дека беше.
Како и да е, ако има попуст можеби ќе ја купам. Или ќе подсоберам пари, ама не верувам да ги потрошам на ова. На англиски 7миов дел ми е прочитана, ама на македонски сакам во колекција да ја имам.

За книга како Хари Потер ич не е скапа :nenene:

шо викаш би купил 10 книги е исто како да кажеш со парите со кои би купил мерцедес би купил не знам колку застави :pos2:
 
За книга како Хари Потер ич не е скапа :nenene:

шо викаш би купил 10 книги е исто како да кажеш со парите со кои би купил мерцедес би купил не знам колку застави :pos2:
Цената на една книга не е мерило за нејзината вредност.
:helou:
 
Не сум ги читал книгите бидејки научна-фантастика е ова а ги имам гледано 1,2 и 3-от дел од филмот Хари Потер
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom