Серена Вилијамс и Ана Ивановиќ ја завршија сезоната во натпреварите во тенис. Вилијамс се откажа денес од натпреварите обвинувајќи ги проблемите со стомачните мускули за одлуката, а како што е познато, Ивановиќ страда од вирус, при што мораше да го предаде мечот против Кузнецова.
Вилијамс изјавува дека мака мачи со стомачните болки и четврточната ноќ ја поминала со апчиња против стомачни болки. Откако ја победи Динара Сафина и изгуби од сестра си Венус, Серена денес требаше да игра против олимписката победничка Елена Демантиева за влез во крајните 4 тенисерки. Сега Демантиева ќе им се приклучи на Венус, Дементиева и на Звонарева.
Утре, ќе се одиграат нивните меѓусебни мечеви: Звонарева - Дементиева и Јанковиќ - В.Вилијамс.