Ја гледав утакмицата на РТС ама снимка беше ради фудбалот, коментаторот кажа дека ќе вршат пренос од сите утакмици и ќе се обидат директно да ги пренесуваат, ама многу им се поклопуваат термините со ЕП во фудбал, не знам како ќе биде.
У секој случај добра беше утакмицата, со многу цврста одбрана, слична на финалето од Јадранската лига, барем по бројот на поени.
Сакав да гледам неизвесен финиш ама не можеше Хемофарм да се носи со Партизан на крајот, една мала серија од невратени поени и се реши утакмицата, пред се поради добрата игра на Миленко Тепиќ и Новица Величковиќ, и Паласио имаше пар добри поени.
Од Хемофарм само Маршал се носеше некако со јаката одбрана на Партизан, и плејот Јоксимовиќ исто имаше неколку добри влезови, многу фалеа поени од центрите, особено кај Хемофарм.
Сепак добра тимска игра на Хемофарм, штета што не можеа до крај да се носат со јаките поединци на Партизан.