Гледаш, мачките за жал не го гледаат светот како ние, ниту пак имаат исти потреби како што имаме ние. Сепак можеби и не се толку различни од нас-сакаат да шетаат (особено мажјаците и тоа особено навечер), да комуницираат со својот вид (особено со женските), потребна им е и по некоја борба (за територија, за да се осетат на "свое"). Ние (и ова е вистина) не сме им толку потребни како што си вообразуваме-не "вртат" само за храна и дневна доза на внимание (?) За да имаш пред се ПСИХИЧКИ ЗДРАВО МАЧЕ мораш да му ги дозволиш сите задоволства што еден мачји живот може да ги пружи. Најчесто ваквиот живот има и грда страна (болести, повреди и тоа сериозни од борби и понекое скршено срце), но без разлика, тоа ги прави оноа што се (и поради кое ние толку им се восхитуваме)...Macorov sto si go cuvam super mi se privikna vo domasni uslovi no sovetot sto go baram od forumov se odnesuva vo vrska so pustanje nadvor.Imeno stom ke mu se pruzi prilika saka pogotovo vecerno vreme da izbega nadvor.Potoa samo se vraka no toa od moj aspekt ne e higienski.Kazete sovet sto da se pravi vo vrska so ova
...Па, ај тргни од себе, како би ти било 24 часа секој ден да гледаш САМО луѓе?
П.С од ова ги исклучувам РАСНИТЕ мачки-да им дозволиш слобода на нив е многу скапо:smir:
И ова:
Види, јас моите сум ги пуштала слободно да влегуваат и излегуваат, но за да одржам хигиена, не сум им дозволувала да скокаат по намештај (маси и места кај што седиме), никакво спиење во кревет (заедно), ниту пак влагање и "тегнење" во кујна. Обично кога земам МАЛО маче (мин. 1 месец старо), се трудам да му створам вакви навики, му одредувам место каде ќе спие (или пак гледам на почетокот кое му е омилено место за прилегнување) и тука ставам перниче, кебенце и сл, си има своја посуда за храна и време кога се храни...и така. Гушкање, бацување и заедничко хранење НЕ ДОЛАЗИ У ОБЗИР (башка сметам дека мачките ваквиот изблик на емоции не го сфаќаат). Значи навики им создаваме кога се мали. Поголема мачка мислам дека исто така може да прифати однесување кое што и го наметнуваме (можеби треба малку повеќе време) но сепак се лесно прилагодливи. Битно е она што сакаш да го поставиш како правило да го правиш стрпливо и без сила (најчесто преку игра). И можеби НАЈВАЖНО од се е грижата за нејзиното здравје-санирање на повреди (ако настанат) и редовно чистење од паразити. Остнува понатака само да УЖИВАШ во нејзино друштво, бидејќи мачката можеме да ја доживееме во нејзината вистинска природа ЕДИНСТВЕНО ако успееме да НЕ ја претвориме во човек...