Не се согласувам.
Значи, не сум пушач. И цигарите лошо влијаат врз мене. Поготово во простории каде што е претерано зачадено, има штетно влијание врз мене.
Имам проблеми со дишењето кога е премногу зачадено...не, шала настрана
. Во такви простории очите ми солзат до плачење, добивам вртоглавици или ми се слошува. Истото ми се случува во затворени простории преполнети со луѓе, каде има премногу гужва и слично. Од 10 години го иам овој проблем и се соочувам со него одвреме навреме. Значи не е клошарана, Бог да чува работата. Станува збор за нечие здравје, не секој ги поднесува цигарите. Не ми пречи никој да пуши мене лично, нека пушат јавно. Но немам ништо против кога би биле просториите поделени за пушачи и непушачи
. Нема би имало лошо влијание ни врз мене, нити врз оние кои пушат.
И онтопик: не сум пушач и не ми пречат блиските околу мене што пушат. Тато по 2 кутии во денот ги пушит, единствено за него се грижам. Иако често дома има промаја, прозорци отварам да не дојде до несакани последици
.