http://www.finance.gov.mk/files/u11/zakon_za_investiciski_fondovi.pdf
ова го прочитав во предлог законот за ИФ. Дел 3-ти, ДРУШТВО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРИВАТНИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ... член 31 Веројатно тоа е тоа!?
III.ДРУШТВО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРИВАТНИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ
Основање на друштвото за управување со приватни инвестициски фондови
Член 31
(1)Друштво за управување со приватни инвестициски фондови(во понатамошниот текст:
друштво за управување со приватни фондови) се основа како друштво со ограничена
одговорност или акционерско друштво согласно Законот за трговските друштва, чиј
единствен предмет на работење е основање и управување со приватни фондови во свое
име и за сметка на сопствениците на документи за удели во фондот.
(2)Друштвото за управување со приватни фондови се основа со основна главнина од 50.000
евра во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Република
Македонија на денот на уплатата ако друштвото управува со еден приватен фонд. Доколку
друштвото за управување со приватни фондови се основа за управување со повеќе
приватни фондови, основната главнина се зголемува за по 25.000 евра во денарска
противвредност за секој нареден фонд.
Провери си Томсасо... ако си сериозен за такво нешто.