Незначи ако во 88 сум имала 6 години незнам каков бил тој банкарски систем или дека заробени девизи до ден денес се вадат со посебни права.Исто како и историчарите кои го испитуваат периодот пред нашата ера,нели:smir:
Споредуваш два различни системи за Стопанска Банка.Првиот до 93 кога банката даваше кредити на слепо и на сакато и вториот период кога банката дава кредити врз основа на ликвидност на клиентот.Тоа се два неспоредливи системи,едниот економски неиздржлив како што и се потврди,другиот економски исплатлив како што и денес (банка со најголеми приходи).
Америка
нема да речам тоа е Америка,но ќе се потрудам да ти објаснам зошто банкротираа големите банки и таму и насекаде низ развиените земји.Тие држави имаа развиени финансиски пазари.На тие пазари банките земаат средства,даваат и разменуваат.Кога тие инструменти на размена станаа комплицирани,системот пукна,бидејќи почнаа да ги продаваат заемите во вид на хартии од вредност (секјутаризација).Малите банки немаат пристап до ваков сложен систем,затоа и опстанаа.Кај нас нема ни финансиски пазар,ни развиен систем на вредносни хартии ни бутур.Ние имаме специфичен систем (банкарски) од 93,па со измени во 97 кој десет вакви кризи да го поминат нема да го допрат:smir:
А самата суштина на банкарскиот систем го долови со пропаѓањето на Македонска банка.Патем ни оддалеку не била голема банка:smir:Големината се мери со основачкиот капитал,кај нас има само три кои ги набројав.И тие три млатат најголеми пари и дивиденди,другите се послаби.Фондот за осигурување депозити е дел од системот кој ја дава големата сигурност кај нас и нашите банки.Секој чекор на банките го следи супервизија на НБРМ,кој точно знае која банка лета во облаци,а која не.Првиот сигнал дека банката има проблеми е промена на менаџерскиот тим.Вратете се оваа година и видете кој директори се сменија,ќе знаете и зошто.
Исто така не за џабе се делат кредитите и штедните влогови на 3,6,9 и година дена.И над година дена:smir: