Да пишувам ли или да оставам сите да се изнагледаат?
Како и секоја нова сезона, на почетокот се разрешуваат ликовите кои нема да продолжат-но како што знаеме во Призон Брејк и не е секогаш така. Доаѓаат и нови ликови, од кои оној портокаловиот полицаец ми е најнеомилен, некако не ми е Призон Брејк стил, но што е тука е. Aзиецот ми остава впечаток, иако не е доволно вклопен. Оној кој најмногу се вклопува е типот кој работи за компанијата, едвај чекам да ја дознаам неговата приказна, и сигурно на крајот неговото соочување со Мајкл!
За моментот со Сара, искрено кажано и не ми е баш омилен, доаѓа монгу брзо и не ни дава да здивнеме.Сепак, средбата ме остави без здив, Мајкл беше премногу убав и возбуден!

За новата задача на друштвото на Мајкл, верувам дека ќе биде интересно да се следи.
Т-бег, не се сомневам во способностите негови, ахх ми се згади од него, за прв пат(знаете зошто

)
Има многу работи за сакам да дискутирам, да изнесам жалење и радост. Но ајде да не бидам расипувач на забави, ќе си ги задржам зборовите. Поголемиот дел од мојот текст е мое мислење, така да мислам дека ништо не им открив на тие кои сеуште не се го гледале почетокот на 4та сезона.
Бтв, морам да кажам дека првата епизода некако ми е премногу избрзана. Неможев баш да се вклопам во она што се случуваше и мислам дека повеќе нешта кои се случија, заслужуваа подолго објаснување од даденото. Повеќе уживав во втората епизода, каде што веќе не брзаа.
П.С. Имам една дилема, поврзана со мојот љубимец Мајкл. И им се лутам на сценаристите поради тоа. Она се малите детали од 2те епизоди кои ме налутија. Се надевам ќе има одговор и на тоа. не откривам ,но мислам дека повеќето ќе знаат на што мислам. Ајде ќе дискутираме после неколку дена.
Сега одам да спијам. И да го сонувам Скофилд, Мајкл Скофилд!
