Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Стивен Кинг не ти прави хиперпродукција. Сите негови книги имаат митологија, некои од нив многу подетелна и подобро разработена од таа и на Толкин. И да Стивен Кинг не можеш да го ставиш во иста категорија како Толкин и Ловкрафт, затоа што е подобар од нив многу. Кој ја прочитал "The Stand" знае зошто. А тоа што пишува многу книги е само отсек на неговиот квалитет, затоа што сите книги му се феноменални, а да не зборувам дека сите биле и бестселери, нешто што ниеден друг автор го нема постигнато.

И не ако те интересира човекот нема многу книги и нема ни хиперпродукција. И за разлика од Толкин неговите книги беа мегапопуларни и пред да се направат филмовите.

Најтрагично е што си се фатил за некои ограничени писатели како Ursula K. Le Guin која напротив е една од полошите автори од жарнот на фантазијата, ама што да се прави.

А ако сакаш феноменални книги со фантазија тука ти е Роберт Џордан и во нејзиниот серијал на книги може да се види што преставува еден детален свет на фантазија.
Прво за филмот. Морам да кажам дека не ми се допаѓа. Сценографијата, костимите и специјалните ефекти се сосема во ред, но сценариото како да е склепано за 2-3 дена, а главните глумци се мизерни. За суштеството од Нов Зеланд што се нафатило да режира и да не зборувам, требаше да продолжи со снимање на филмовите што ги правеше во 80-тите, оти не беа лоши. Гледајќи ги хобитите на Џексон заедно со неговиот избор за Гандалф, не можам да се ослободам мнението дека целата работа во филмот некако се трансформира во борба на педерите за нивните права. Делото на Толкин сепак заслужуваше да го екранизира еден Тим Бартон или Спилберг или Гиљермо дел Торо на пр.

А сега за цитираното.
Од Кинг имам читано повеќе книги и мислам дека не е проблемот во тоа што е прилично продуктивен. Работата е во тоа што Кинг воопшто не е тоа што беша порано, во однос на квалитетот. Нема никаква шанса
да ги споредуваш Зелената милја или Сјаење со Бјуик 8, Вреќа коски или бог да чува, со Cell. Кинг се повторува, мошне често со основните теми во своите дела. Апсурдно е да го споредуваш Кинг со Толкин, уште повеќе нивните митологии (дообјасни, ако сакаш, во што е богатството на митологијата на Кинг). Лавкрафт е сепак во некоја подолна лига.
Инаку, Толкин бил особено популарен по објавувањето на неговите книги, во 50 -тите и 60 -тите години. Значи, ова му е втор пат. А Кери на Кинг не чекаше многу за некој да ја филмува. Писателската кариера на Кинг временски е речиси паралелна со екранизацијата на неговите дела.
Роберт Џордан е несомнено интересен за читање и навистина е штета што не може да си го заврши серијалот, па тоа ќе го стори некој негов колега. Сепак, базата на неговиот мегароман на моменти е само обичен плагијат на делата на Толкин и Френк Херберт и ништо повеќе и ништо помалку од тоа. Интересен е, ама воопшто не е оригинален.
И Роберт Џордан беше маж.
 
Член од
1 април 2006
Мислења
273
Поени од реакции
4
Зборам за WarCraft светот, Орките немаат допирна точка во изглед, култура или било што друго со Орките на Толкин.

нешто мрчи серверот, ако треба и 5-ти пат да го пуштам постов се откажувам... Јеби га :)
The modern use of the English word "orc" to denote a race of evil, humanoid creatures begins with J. R. R. Tolkien.

Можи зборот постоел одамна ама тогаш значел нешто сосем различно од она денес што го знаеме а што во најголем дел е заслуга на Толкин.

Ги сакам и двата света, и оној на Warcraft и универзумот на Толкин. Но мислам не може да ги споредуваш двата. Приказните за кои збориш се дела на повеќе автори кои добро ќе се информираат за приказната и пишуваат свои сопствени приказни. Многу малку е официјално излезено од Blizzard или Метзен. Додека Толкин е сам креатор на едно обемно дело со мала помош на неговиот син.

Не знам едноставно мислам дека Арда е пообемен свет со поголема, побогата и побојна историја.:smir:
 
ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Прво за филмот. Морам да кажам дека не ми се допаѓа. Сценографијата, костимите и специјалните ефекти се сосема во ред, но сценариото како да е склепано за 2-3 дена, а главните глумци се мизерни. За суштеството од Нов Зеланд што се нафатило да режира и да не зборувам, требаше да продолжи со снимање на филмовите што ги правеше во 80-тите, оти не беа лоши. Гледајќи ги хобитите на Џексон заедно со неговиот избор за Гандалф, не можам да се ослободам мнението дека целата работа во филмот некако се трансформира во борба на педерите за нивните права. Делото на Толкин сепак заслужуваше да го екранизира еден Тим Бартон или Спилберг или Гиљермо дел Торо на пр.
Хммм, мислам дека главните глумци беа сосема во ред. И супер си ја завршија својата работа. Не знам точно за кој главен глумец зборуваш (скоро сите девет души се "главни").

Исто така не знам што му фали на Иан Меккелен. Мислам дека одлично му легна улогата.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Прво за филмот. Морам да кажам дека не ми се допаѓа. Сценографијата, костимите и специјалните ефекти се сосема во ред, но сценариото како да е склепано за 2-3 дена, а главните глумци се мизерни. За суштеството од Нов Зеланд што се нафатило да режира и да не зборувам, требаше да продолжи со снимање на филмовите што ги правеше во 80-тите, оти не беа лоши. Гледајќи ги хобитите на Џексон заедно со неговиот избор за Гандалф, не можам да се ослободам мнението дека целата работа во филмот некако се трансформира во борба на педерите за нивните права. Делото на Толкин сепак заслужуваше да го екранизира еден Тим Бартон или Спилберг или Гиљермо дел Торо на пр.

А сега за цитираното.
Од Кинг имам читано повеќе книги и мислам дека не е проблемот во тоа што е прилично продуктивен. Работата е во тоа што Кинг воопшто не е тоа што беша порано, во однос на квалитетот. Нема никаква шанса
да ги споредуваш Зелената милја или Сјаење со Бјуик 8, Вреќа коски или бог да чува, со Cell. Кинг се повторува, мошне често со основните теми во своите дела. Апсурдно е да го споредуваш Кинг со Толкин, уште повеќе нивните митологии (дообјасни, ако сакаш, во што е богатството на митологијата на Кинг). Лавкрафт е сепак во некоја подолна лига.
Инаку, Толкин бил особено популарен по објавувањето на неговите книги, во 50 -тите и 60 -тите години. Значи, ова му е втор пат. А Кери на Кинг не чекаше многу за некој да ја филмува. Писателската кариера на Кинг временски е речиси паралелна со екранизацијата на неговите дела.
Роберт Џордан е несомнено интересен за читање и навистина е штета што не може да си го заврши серијалот, па тоа ќе го стори некој негов колега. Сепак, базата на неговиот мегароман на моменти е само обичен плагијат на делата на Толкин и Френк Херберт и ништо повеќе и ништо помалку од тоа. Интересен е, ама воопшто не е оригинален.
И Роберт Џордан беше маж.
Ок вака да ти биде појасно. Книгите на Толкин не добија позитивна критика до пред да испадне филмот. Од кога испадна наедаш сите почнаа да го сакаат. До тогаш сите го напаѓаа. Дури и ден денес не е универзално прифатен како квалитетно литературно дело.

Што се однесува до Стивен Кинг, не знам која од неговите понови книги си ја прочитал, аам тој пишува поразлични жанрови. Што се однесува до Cell му е една од подобрите книги, само што таа не е една од неговите попсихолошки романи, како што беа некој од претходните негови. Ако сакаш некој таков роман прочитај ја Duma Key.

Роберт Џордан и да маж е не знам каде виде дека сум рекол дека е жена вајда сум помешал може со Урсула, за разлика од Толкин секогаш имал универзална прифатеност на нејзините книги и од публиката и од критичарите. Неговите книги ќе бидат довршени бидејќи човекот со ред си направи план како да му се довршат, бидејќи знаеше дека нема време.

Сепак не знам можеби сличноста на световите ти прави да помислиш дека се плагијат, па еве ќе ти дадам друг пример на книги фантазии кои веруј ми ќе те импресионираат 100% повеќе од Толкиновите , His Dark Materials од Philip Pullman еве еден целосно оригинален свет и неверојатна приказна и митологија.

А што се однесува до хиперпродукција, треба исто да се запамти дека Стивен Кинг е по професија писател со целосно работно време, додека Толкин не, а исто треба да се запамти и дека Толкин имаше проблем со издавањето на неговите книги.

Ќе препорачам уште една книга се вика The Name od The Wind ја прочитав пред година дена од еден млад писател исто многу оригинална и феноменална од Patrick Rothfuss мислам дека далеку ќе стигне.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.133
Поени од реакции
83.760

Толкин не бил прифатен "како квалитетно литературно дело", за разлика од Стивен Кинг?
:pos2:

A секоја недела го прифаќаат или чекаат да му се потсоберат книжињата?
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Толкин не бил прифатен "како квалитетно литературно дело", за разлика од Стивен Кинг?
:pos2:

A секоја недела го прифаќаат или чекаат да му се потсоберат книжињата?
Тоа ти го велат критичарите види на википедиа.
:baeh:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ок вака да ти биде појасно. Книгите на Толкин не добија позитивна критика до пред да испадне филмот. Од кога испадна наедаш сите почнаа да го сакаат. До тогаш сите го напаѓаа. Дури и ден денес не е универзално прифатен како квалитетно литературно дело.

Што се однесува до Стивен Кинг, не знам која од неговите понови книги си ја прочитал, аам тој пишува поразлични жанрови. Што се однесува до Cell му е една од подобрите книги, само што таа не е една од неговите попсихолошки романи, како што беа некој од претходните негови. Ако сакаш некој таков роман прочитај ја Duma Key.

Роберт Џордан и да маж е не знам каде виде дека сум рекол дека е жена вајда сум помешал може со Урсула, за разлика од Толкин секогаш имал универзална прифатеност на нејзините книги и од публиката и од критичарите. Неговите книги ќе бидат довршени бидејќи човекот со ред си направи план како да му се довршат, бидејќи знаеше дека нема време.

Сепак не знам можеби сличноста на световите ти прави да помислиш дека се плагијат, па еве ќе ти дадам друг пример на книги фантазии кои веруј ми ќе те импресионираат 100% повеќе од Толкиновите , His Dark Materials од Philip Pullman еве еден целосно оригинален свет и неверојатна приказна и митологија.

А што се однесува до хиперпродукција, треба исто да се запамти дека Стивен Кинг е по професија писател со целосно работно време, додека Толкин не, а исто треба да се запамти и дека Толкин имаше проблем со издавањето на неговите книги.

Ќе препорачам уште една книга се вика The Name od The Wind ја прочитав пред година дена од еден млад писател исто многу оригинална и феноменална од Patrick Rothfuss мислам дека далеку ќе стигне.
Ах, мене ми е прилично јасно. Не треба да ми го откриваш Кинг:smir:.
И Толкин и Кинг ги читам од 90-тите (можеби поради тоа и не го бендисувам филмот на П. Џексон). Не припаѓам на групата на која баш Холивуд и кажува што е добро, а што не. А критичарите? Кои и какви критичари? Посочи име, книга, весник, страница, за да не зборуваме во празно. Денес со пари можеш да купиш тони позитивна критика за најголемото срање што ќе го снимиш или напишеш.
Толкин пишуваше во средината на минатиот век, во сосем поинакви услови и време. Заедно со Роберт Е. Хауард, Кларк Е. Смит (и уште по некој друг) ги постави темелите на жанрот што денес се вика херојска фантазија. И беше за своето време прилично популарен (можеби не во СФРЈ, иако е преведен на српскохрватски во 70 - тите).
Не знам дали воопшто знаеш колку филмови се снимени со зомбицифирани суштества (живи или мртви сеедно). И режисеров на филмот на чија тема дискутираме има снимено неколку. И меѓу сите нив секако ќе се најде филм со тематика која ако не е иста, секако е многу слична со писанието на Кинг. И не, не е една од подобрите книги што ги напишал. А напишал прилично добри книги.
Треба да знаеш и да запомниш дека пишувањето е уметност, а не професија. Полно работно време за пишување книги:nenene:!?
А за Џордан... Не спомнав дека се што напишал е плагијат, туку „на моменти“ се сведува на плагирање на Херберт и Толкин.
Искрено се надевам дека досега не си ги прочитал сите три, за да направиш некаква споредба. Оти ако си ги прочитал „Дина“ и „Господарот на прстените“ и не можеш да ги видиш (а има многу за гледање, верувај) во „The wheel of time“, тогаш целава дискусија е беспредметна и обично губање време.
Не е лошо да го ѕирнеш Клајв Баркер Во неколку наврати Стивен Кинг има изјавено дека овој писател е подобар од него.
Јас ќе го барам Филип Пулман. Секое добро.
 
Сум ја прочитал Дина и ми беше прилично досадна. Шпанска серија во вселената. Не знам вајда затоа што јачитав веднаш после Ender's Game на Orson Scott Card според мене најдобрата ФС приказна некогаш напишана ама тоа е. Од Толкин ги имам прочитано ЛОР и Хобитот. И да најголема предност на Толкин е што ги постави темелите на овој жанр.
Ама проблемот е кога некој ќе почне да се потресува за неговите книги кога факт е дека денес има многу подобри од тие.
Што се однесува до The Wheel Of Time има некои сличности со ЛОР сепак се сличен жанр но има и илјадници други книги. Сепак не е плагијат, а самиот Џордан создаде покомплексен свет од Толкин. Но сепак ти реков ако сакаш поспецифичен свет ти ја препорачувам His Dark Materials и ти гарантирам десет пати повеќе ќе уживаш додека ја читаш отколку ЛОР.
Само е малку тешко да се докаже на некому дека има подобри книги од ЛОР сто пари ако цел живот ги прочитал само тие три. Јас од Стивен Кинг ги имам речиси сите книги прочитано.
Мене не ми е јасно само како некој воопшѕо го стави Толкин во ист жанр со Кинг ама ајде. А самиот Кинг има цела колекција на книги. Тешко дека некој ќе може да разбере зошто е толку популарен ако го нема читано и зошто ниеден филм нема да може да му ги долови книгите. Кога ја читав срца од Атлантида првата приказна ме натера на крај да се расплачам како мало дете не затоа што приказната беше тажна туку затоа што се најдов себеси. И целата негова литература се сведува на психолошка игра пред се со писателот. Затоа и е толку добар и затоа и се разликува толку многу од другите писатели.
Толкин од друга страна никогаш не обрнувал внимание на психолошкиот аспект на карактерите секогаш му се празни, нечовечки, а и самата авантура некако не фасцинантна од денешен аспект. А да не спомињам дека Хобитот и ЛОР како да немаат допирна точка и се доста нелогични, особено во однос на моќите и влајанието на прстенот.
Што се однесува до уметноста ако си стварно уметник ќе се посветиш целосно на тоа инаку тешко.
A и да не заборвам пробај да прочиташ некои од книгите на толкин кои не се дел од ЛОР универзумот пробај да видиш дали ќе можеш брз да заспиеш:smir:.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.133
Поени од реакции
83.760
Сепак не е плагијат, а самиот Џордан создаде покомплексен свет од Толкин.
Не Џордан, туку никој нема создадено покомплексен свет од Толкин.
Случувањата во Арда, Толкин ги нема напишано само во ГнП и Х, туку и во многу други записи. Некои (повеќето) од записите се употребени да се склопи Силмарилион и Недовршени Приказни...

Мене не ми е јасно само како некој воопшѕо го стави Толкин во ист жанр со Кинг ама ајде.
Никој никаде на темава го нема направено тоа.

Толкин од друга страна никогаш не обрнувал внимание на психолошкиот аспект на карактерите секогаш му се празни, нечовечки, а и самата авантура некако не фасцинантна од денешен аспект. А да не спомињам дека Хобитот и ЛОР како да немаат допирна точка и се доста нелогични, особено во однос на моќите и влајанието на прстенот.
Ова се повеќе неточни констатации, затскриени зад правото на субјективност во сферата на уметноста.

Што се однесува до уметноста ако си стварно уметник ќе се посветиш целосно на тоа инаку тешко.
Епа цел живот посветеност, ако не е целосно посветување, тогаш што е?
A и да не заборвам пробај да прочиташ некои од книгите на толкин кои не се дел од ЛОР универзумот пробај да видиш дали ќе можеш брз да заспиеш.
Тие не се многу (поезија и нешто раскази и есеи) и ги имам (Дрвото и Листот, Том Бомбадил и др.) Не гледам зошто не би можел да заспијам.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Не Џордан, туку никој нема создадено покомплексен свет од Толкин.
Ма немој. А претпоставувам го имаш читано серијалот "Wheel of Time". Во првата книга имаш поголема митологија од цел свет на Толкин. Земи прочитај ќе ти стане појасно.

Случувањата во Арда, Толкин ги нема напишано само во ГнП и Х, туку и во многу други записи. Некои (повеќето) од записите се употребени да се склопи Силмарилион и Недовршени Приказни...
Е добро де Симиларион го имам прочитано, ништо посебно. Всушност кога ќе ми текне па самиот волшебник од оз има поголема митологија од ЛОР.

Никој никаде на темава го нема направено тоа.
Се заборави себеси или можеби заборави како почна дијалогов?

Ова се повеќе неточни констатации, затскриени зад правото на субјективност во сферата на уметноста.
Епа цел живот посветеност, ако не е целосно посветување, тогаш што е?
Цел живот посветеност тешко. Види му ја автобиографијата ќе ти стане јасно.

Тие не се многу (поезија и нешто раскази и есеи) и ги имам (Дрвото и Листот, Том Бомбадил и др.) Не гледам зошто не би можел да заспијам.
Ни јас не гледам напротив супер се за заспивање глава ти паѓа после првите три-четири страни. И мој совет прочитај некоја од многуте книги кои ги споменав во погорните постови па ќе ти стане јасно за што зборувам вака ти е џабе.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.133
Поени од реакции
83.760
Се заборави себеси или можеби заборави како почна дијалогов?
Велиш сум ги ставил Толкин и Кинг во ист жанр?
Уф, па јас тогаш сум направил тешка глупост.
Да сум на твое место би ме цитирал (таму каде што сум го кажал тоа) и уште еднаш би ја потенцирал небулозата, што сум ја искажал. Плус со тоа ќе докажеш дека не лажеш кога велиш дека сум ги ставил Толкин и Кинг во ист жанр.
Go ahead.

остатокот нема потреба да се коментира

Ако мислиш на ова:
Од жанрот епска фантастика на Толкин може да ги спротиставиш, да речеме, Роберт Хауард (Конан) или Урсула Легвин (Земјоморје), а никако некои комерцијални клонови напишани од автори што пишуваат еднаш неделно по една новела (по нарачка од издавачот). Врвот на таквите автори се Р. А. Салваторе или Кинг, кои вода можат да им носат вода на погоре споменатите двајца, а не па на Толкин.
Сакам да кажам, не ме терај да читам нешто што се штанца еднаш неделно.
Во постот #133, веќе објаснив, дека изразот: "врвот на таквите автори", со кој почнува реченицата, се однесува на последниот дел од претходната реченица а тоа е: "автори што пишуваат еднаш неделно по една новела (по нарачка од издавачот)".
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Велиш сум ги ставил Толкин и Кинг во ист жанр?
Уф, па јас тогаш сум направил тешка глупост.
Да сум на твое место би ме цитирал (таму каде што сум го кажал тоа) и уште еднаш би ја потенцирал небулозата, што сум ја искажал. Плус со тоа ќе докажеш дека не лажеш кога велиш дека сум ги ставил Толкин и Кинг во ист жанр.
Go ahead.
повели те цитирам по втор пат за истото.
Напишано од 1307

Од жанрот епска фантастика на Толкин може да ги спротиставиш, да речеме, Роберт Хауард (Конан) или Урсула Легвин (Земјоморје), а никако некои комерцијални клонови напишани од автори што пишуваат еднаш неделно по една новела (по нарачка од издавачот). Врвот на таквите автори се Р. А. Салваторе или Кинг, кои вода можат да им носат вода на погоре споменатите двајца, а не па на Толкин.
Сакам да кажам, не ме терај да читам нешто што се штанца еднаш неделно.
Ако мислиш на ова:

Во постот #133, веќе објаснив, дека изразот: "врвот на таквите автори", со кој почнува реченицата, се однесува на последниот дел од претходната реченица а тоа е: "автори што пишуваат еднаш неделно по една новела (по нарачка од издавачот)".
Bullshit. Многу јасно се гледа што си мислел, тоа се приказни за мали деца. Ама тоа е.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Хммм, мислам дека главните глумци беа сосема во ред. И супер си ја завршија својата работа. Не знам точно за кој главен глумец зборуваш (скоро сите девет души се "главни").

Исто така не знам што му фали на Иан Меккелен. Мислам дека одлично му легна улогата.
Како и секогаш, за се се има различно мислење.
На пример, сценариото можеше да биде многу подобро. Мислам дека текстот не е прилагоден за сценарио, ами само се препишани некои дијалози од книгата, кои на друг медиум малку и губат на силина.
Односите меѓу ликовите, посебно во првиот дел се премногу лигави, дури затупувачки.
Виго Мортенсен - некако не можам да го замислам како Арагорн (повеќе е за во некој вестерн глумецот).
Хобитите, сите до еден ми се инфантилни.
Јан Меккелен - ајде, покрај се и не е лош глумец. Подобро се снаоѓа во улоги на негативец (Ричард III, да речеме). Штета што Шон Конери одби да го глуми Гандалф. Многу е похаризматичен. За Меккелен идеална би била ролјата на Саруман, оти Кристофер Ли освен со улогите на вампир, негативец во шпионски филмови со сомнителна вредност и одметнат џедај, не оставил белег во својот можеби, полувековен актерски стаж.
Добар впечаток ми оставија актерите што ги глумеа Боромир, Теоден, Голум (движењата и гласот), Фарамир, Денетор, Грима и уште по некој од епизодните улоги.
Назгулите на моменти беа трагикомични. Никако страшни. На пример, кога во првиот дел го опколија Фродо, па Арагорн со факел-два и неколку клоци создаде простор за бегство. А тие со векови биле страв и трепет на Средната земја:pos2:.
Се најдобро за сценографијата, костимографијата, специјалните ефекти, шминката и секако за Лив Тајлер.

Ова е мој став, држам до него, но не инсистирам на неговата исправност.
 
Член од
1 април 2006
Мислења
273
Поени од реакции
4
Е добро де Симиларион го имам прочитано, ништо посебно. Всушност кога ќе ми текне па самиот волшебник од оз има поголема митологија од ЛОР.

Што подразбираш под митологија? Пошто самата приказна/свет/историја е еден вид на митологија??

Е сега како можеш да споредиш свет за кој детално е опишана историја од 1000 години , за кој се знаат целосни семејни дрва на поголемите кралеви па се до некои обични луѓе . Универзум во кој се опишани богови нивниот лик способности,креирање,историја опишани се растенија чудовишта до секој детал. Постојат мапи , граници на кралства , авантури битки. Постојат јазици кои сега можеш да седнеш да ги научиш да зборуваш. Огромен број на раси,нивните истории,креирање,падови , војни...Како тоа го спореди со Оз. Но морам да признам дека за Оз знам само од филмовите,цртаните, но се сомневам дека е споредливо со Арда.

За мене она што го креирал Толкин е една паралела на нашиот свет. Колку што сме ние документирале и памтиме за настаните приказните од овој свет , толку ако не и повеќе Толкин опишал за/во својот замислен свет.

А за луѓето кои го критикуваат филмот како неуспех или не знам што имам само едно да кажам :
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
Но тоа е само моето лично мислење. :smir::smir::smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom