Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Вака можеме да идеме до бескрај, така да нема да ти реплицирам на цел текст детално, туку само некои битни моменти:

Друже, ти свесно негираш цела култура! Јасно ми е дека (очигледно) го обожуваш Толкин, ама ова е премногу.
Што се однесува до расите, Орк е старо-англиски збор, кој што значи демон. Зборот се користи многу пред да се роди Толкин. Сеуште тврдиш дека Орките се негова измислица?
За книгите...Не, не е лошо што се популаризираше Толкин со филмот. Баш напротив, ги натера одреден број на луѓе да прочитаат нешто. Тоа е секогаш добра работа :) Проблемот е што многу луѓе, пошто не се сретнале пред филмот со тој свет мислат дека Толкин е единственото нешто што постои, и дека он ги измислил орките, елфовите и сите тие натаму.
А најлошо е што “критикуваш“ книги кои што до пред 2 минути не ни знаеше дека постојат.

На крајот, сепак се согласуваме, стнува збор за уметност, и секој коментар е субјективен.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.133
Поени од реакции
83.760
А најлошо е што “критикуваш“ книги кои што до пред 2 минути не ни знаеше дека постојат.
Ова стварно прераснува во офтопикчина.
Само уште ова: делумно ќе се сложам со цитираново:
Не е точно дека не знам за тие новели. Но точно е дека критизерството на нешто што не си го конзумирал, помалку или повеќе, е беспредметно.

Дали орките во светот на фантазиската литература се претставуваат како што личат тие староанглиски демони или како што ги опишува Толкин?
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Дали орките во светот на фантазиската литература се претставуваат како што личат тие староанглиски демони или како што ги опишува Толкин?
Зборам за WarCraft светот, Орките немаат допирна точка во изглед, култура или било што друго со Орките на Толкин.


нешто мрчи серверот, ако треба и 5-ти пат да го пуштам постов се откажувам... Јеби га :)
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
Откога ги изгледав деловите споулавев по трилогијата.Башка и актерите се топ :pipi:
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
1.041
Поени од реакции
43
Целосно е добро осмислено и третиот дел едноставно е некако совршен....
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
186
Поени од реакции
3
abe bespredmetno e da se sporeduva tolkin so nekoj si tamu WarCraft ili nezam koj.tolin site znaat koj e i stoe i kakvi vredni dela ima napisano remk dela i ne se tolu povsni kako so gi gledate se mogu dalbiski i cela istora napisal covekot koj i sam ne znae so napisas posto mu ide od nesvesnoto. taka da bezpredmetno e da se zboruva koj saka neka go kritikuva ili osporuva toa se znae sto i koe i ke si ostane toa so i po 1000 god.zato ni jas a ni drugite ne bi trebalo da se sporime.i taka e vo umetnosa zdabe meko delo se fali ako e loso ke bide loso i ke si dojde od izas toa koga i da e i ako e nekoe delo rem delo dzabe se osporuva ke si dodjde negovoto ako ne sega so vreme vremeto e najgolem pokazatel.a nema tuka vkus mene mi se sviga mene ne ako ne ti se sviga nemozes da kazes ne cini nego mozesda reces toa si e remek delo i vredno no ete mene ne mi se sviga i nemozam da go podnesam neznam zosto.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ако кажам дека сум ги гледала повеќе од 10 пати, ќе ви стане јасно колку ги обожавам 3-те делови на Господарот на прстените?

-Многу ми се свиѓа поставата од актери ... не ми се верува колку добро се избрани, колку секој најмногу си одговара на својата улога и колку најдобро глумат!
-Иако е некаква фантазија, ептен реално изгледа се` ... не е пренатрупан со некои незамисливи сцени ... т.е. можеби има и по некоја таква, ама тоа воопшто не се приметува додека се гледа филмот.
-Многу ми се свиѓа и тоа што се опфатени повеќе теми ... има добро прикажани војни (срце ми се кине на секое гледање), љубовни моменти, доловено е другарството какво што би требало да е, фамилијарни љубови и нељубови :))) итн итн итн.
-Општо без здив ме остава секогаш целата таа борба на тоа големо зло против доброто ... тоа е секојдневна работа, само поинаку прикажана, па токму затоа толку ме фасцинира филмот ... неповторлив е и ќе го гледам уште мал милион пати!:vozbud:
Потврда за одличната трилогија. Оценка 9.5/10 :)
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Трилогијата ми се допадна многу.Одлично обработено,локацијата,костимите и општо целата појава многу добро е доловено општеството кое се презентира на филмот но приказната ми е малку слаба.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Од жанрот епска фантастика на Толкин може да ги спротиставиш, да речеме, Роберт Хауард (Конан) или Урсула Легвин (Земјоморје), а никако некои комерцијални клонови напишани од автори што пишуваат еднаш неделно по една новела (по нарачка од издавачот). Врвот на таквите автори се Р. А. Салваторе или Кинг, кои вода можат да им носат вода на погоре споменатите двајца, а не па на Толкин.
Сакам да кажам, не ме терај да читам нешто што се штанца еднаш неделно.
Салваторе го знам ама мене ме интересира кој е тој автор кинг кој пишва вакви книги ?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.133
Поени од реакции
83.760
Кинг е Стивен.


Изразот "Таквите автори" (во мојот пост) се однесува на paper-bag авторите што пишуваат по една книга неделно, бидејќи нивното "популарно" име може да гарантира тираж и на продукција со таков квантитет. Значи споменатиот израз не сум го употребил во функција на некакво жанровско етикетирање.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Кинг е Стивен.


Изразот "Таквите автори" (во мојот пост) се однесува на paper-bag авторите што пишуваат по една книга неделно, бидејќи нивното "популарно" име може да гарантира тираж и на продукција со таков квантитет. Значи споменатиот израз не сум го употребил во функција на некакво жанровско етикетирање.
Така и си мислев. Stepehn King не ти пишува романи како Господарот на Прстените. Стивен Кинг ти е можеби најпознатиот автор денеска, земи едуцирај се малку пред да почнеш да тресеш глупости.

Човекот ти пишува психолошки хорори, а не авантуристички фантазии. Во таков стил има напишано само една книга а и смата тааа е драстично различна од сите слични како господарот на прстените.

Мој совет пред да почнеш да пишуваш за работи кои не ги разбираш, земи првен прочитај некоја кнога надвор од тие 5 книги што се од Толкин па
ќе ти бидат малку појасн работите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.133
Поени од реакции
83.760
Што се однесува до мене може да пишува и басни.
Јас го наведов како пример на хиперпродукција, по налог на издавачот. Не навлегувам во жанровите.
Тој е најпознато име на денешницата од тие штанцачи на новели. Затоа го спомнав, во контекст на другите такви автори кои штанцаат, на неделна база. Без разлика дали е хорор, сајбер-панк, психо-трилер или еротски приказни.
Колку и да сме субјективни, тие никогаш не можеме да ги ставиме во ист кош со автори како Толкин, Хауард, па и Ловкрафт. Причините се многу и се објективни, а не зависат од вкусовите. Paper-bag шундот е токму тоа.

btw. од Кинг ги имам прочитано само Dreamcatcher (на Српски), It и некој од Dark Tower-ите (на Англиски).
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Што се однесува до мене може да пишува и басни.
Јас го наведов како пример на хиперпродукција, по налог на издавачот. Не навлегувам во жанровите.
Тој е најпознато име на денешницата од тие штанцачи на новели. Затоа го спомнав, во контекст на другите такви автори кои штанцаат, на неделна база. Без разлика дали е хорор, сајбер-панк, психо-трилер или еротски приказни.
Колку и да сме субјективни, тие никогаш не можеме да ги ставиме во ист кош со автори како Толкин, Хауард, па и Ловкрафт. Причините се многу и се објективни, а не зависат од вкусовите. Paper-bag шундот е токму тоа.

btw. од Кинг ги имам прочитано само Dreamcatcher (на Српски), It и некој од Dark Tower-ите (на Англиски).
Стивен Кинг не ти прави хиперпродукција. Сите негови книги имаат митологија, некои од нив многу подетелна и подобро разработена од таа и на Толкин. И да Стивен Кинг не можеш да го ставиш во иста категорија како Толкин и Ловкрафт, затоа што е подобар од нив многу. Кој ја прочитал "The Stand" знае зошто. А тоа што пишува многу книги е само отсек на неговиот квалитет, затоа што сите книги му се феноменални, а да не зборувам дека сите биле и бестселери, нешто што ниеден друг автор го нема постигнато.

И не ако те интересира човекот нема многу книги и нема ни хиперпродукција. И за разлика од Толкин неговите книги беа мегапопуларни и пред да се направат филмовите.

Најтрагично е што си се фатил за некои ограничени писатели како Ursula K. Le Guin која напротив е една од полошите автори од жарнот на фантазијата, ама што да се прави.

А ако сакаш феноменални книги со фантазија тука ти е Роберт Џордан и во нејзиниот серијал на книги може да се види што преставува еден детален свет на фантазија.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
spomnavte warcraft knigi...ako moze nekoj da mi kaze kaj da gi najdam a i lord of the rings knigite isto...blagodaram odnapred :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom