Ноќниот живот е добар во Македонија и си има и предности и мани, исто и во странство.
Во странство исклучиво луѓето знаат за викенд да искочат, преку неделата никако. Пример Скопје и во 3 саат ноќно време во понеделник, вторник, среда ... е полн со луѓе. На странците тоа им е чудно и се прашуваат дали работат всушност македонците и од кај толку пари за шетање секој ден

(епа нема пари али и последните ако треба ќе ги дадат за кафе на кеј

)
Од тие места кај што сум била во странство ми се допаѓа Шпанија. Таму луѓето живеат за забава. Сите се весели, насмеани и знаат да уживаат. Слични сме по менталитет. А се сложувам со Анастазија во Ница катастрофа ноќен живот. Немавме кај да излеземе и ни кажаа па не е викенд и ништо не работи. И си преседовме на плажа. Милано има многу кафичи и дискотеки штета во ниеден што не бев така што не можам многу да коментирам, ама ќе одам некад и ќе ви кажам

И најинтересното сите очекувавме најдобро да се изнажуркаме во Амстердам. Е сите спремни за таму и кога отидовме се разочаравме. Се до 1 саат работеше. Една дискотека огромна работи до касно и никој немаше освен вработените. Единствено 24 саати работи red light street
Имаме ние замисла дека ноќниот живот во странство е далеку подобар, пред се се воодушевуваме на големите дискотеки и гледаме клипчиња и си викаме рај на земјата е. Ама не е баш така. Земјите во близина што ни се, слични се како Македонија, но на запад сметам дека не е толку добар ноќниот живот. Таму народот гледа да работи и да заработи, а не да троши секој ден пари на журкање.