„Еутаназија” - ЗА или ПРОТИВ

  • Креатор на темата Креатор на темата VaseSK
  • Време на започнување Време на започнување

Еутаназија. За или против?

  • За

    Гласови: 31 43,7%
  • Против

    Гласови: 31 43,7%
  • Сеедно

    Гласови: 9 12,7%

  • Вкупно гласачи
    71
Статус
Затворена за нови мислења.
Ај неколку примери :

1.Човек е во кома 15 години , не покажува никакви знаци дека ќе се врати , 15 години е исто .. Фамилијата се мисли дали да ги исклучи апаратите ..Шо им препорачуваш ?

2.Човек губи се при несреќа : фамилија , пари , живеалиште , буквално нема за што да живее . Сака помош од доктор да биде усмртен на мирен начин .. Шо му препорачуваш на докторот ?

3.Жена останува целосно парализирана , без можост за оправанје , губи слух, вид , говор , моторика , губи се .. Се наоѓа во тотална и глува темнина без чуство на осет .. Што и препорачуваш на жената ?
1. Дане ги исклучува.
2.Да го отруја со антидепресиви (иронија). Бог да чува ти стварно си сериозен на депресивниот да му ја исполниш лудата желба.Депресијата е минлива состојба само човек треба да почни одново.
3.Ништо не и препорачувам затоа што не можи да ме види, чуе итн.
 
Комплексна тема е ова.

Од една страна човекот што е неизлечливо болен и шансите за преживување се минимални жалосно е да се гледа како се мачи со денови, месеци па и години. Шансите за смрт се екстремно големи, а шансите за живот минимални. Тоа е едно големо измачување, со мали шанси за позитивен ефект.

Но од друга страна најчесто за аутаназијата треба да реши фамилијата поради неможноста самото лице да ја изјасни својата желба бидејки најчесто тоа се лица во кома, кои се под апарати, кои не можат да зборат и сл. А како да одлучи фамилијата да убие свој најблизок член мајка, татко, сестра, ќерка, син ...
Која болка е тоа и која совест се носи во случај да се сложат за еутаназија.

Не сакаш да гледаш својата блиска личност, личност со твоја крв како се измачува. Но и тешко е и да се одличиш ти да неговиот живот згасне.

Навистина не сакам ни да помислам таква ситуација. Не сум воопшто храбра и цел живот би се каела кога би дала дозвола на блисок да му се изврши еутаназија. Би имала совест дека јас сум ја убила.
Затоа би рекла засега дека сум против.
Ќе оставам да се бори за животот, ако е возможно. Секогаш постои и најмала шанса за успех.

Имам минимален процент за подржување на еутаназијата. Тоа е во неизбежни ситуациии, на кои не би сакала ни да помислам.
 
Чекај ,, не мешај сега тука духови и позиви од рајот .. тоа нема веза со медицината ..

Вакви случаеви се бројат на прсти од кога се дебатира ова прашање ..

99,99% од случаевите се безнадежни ..
Ајде официјална статистика можиш да најдиш? Пошто вака рекла казала не.
 
Никако! Казна од 6 месеца до 5 години.
 
Да, без многу дробење околу тоа, апсолутно ја поддржувам.
 
1. Дане ги исклучува.
2.Да го отруја со антидепресиви (иронија). Бог да чува ти стварно си сериозен на депресивниот да му ја исполниш лудата желба.Депресијата е минлива состојба само човек треба да почни одново.
3.Ништо не и препорачувам затоа што не можи да ме види, чуе итн.

1. Значи и понатаму да генерира трошоци на фамилијата за лекување , а тоа не е ефтино ..и да зафаќа место за сериозни и инти случаеви ..

2.Си видел ли ти , тешко депресивен човек ? Тие луѓе се способни сами да си го одземат животот ако имаат со што или ако не ги е страв од болката .. затоа го молат лекарот со инекција да им помогне ..

3.Не си сериозен ..
 
Но од друга страна најчесто за аутаназијата треба да реши фамилијата поради неможноста самото лице да ја изјасни својата желба бидејки најчесто тоа се лица во кома, кои се под апарати, кои не можат да зборат и сл. А како да одлучи фамилијата да убие свој најблизок член мајка, татко, сестра, ќерка, син ...
Која болка е тоа и која совест се носи во случај да се сложат за еутаназија.
Кога е во кома човек не чувствува болка, Затоа што ако било што е способен да осети тој или ќе умре или ќе се освести, така да е на границата помеѓу живот и смрт.
 
Ајде официјална статистика можиш да најдиш? Пошто вака рекла казала не.

Од лично уверување подобро здравје .. верувај , работам во болница , секој ден гледам вакви случаеви ..
 
1. Значи и понатаму да генерира трошоци на фамилијата за лекување , а тоа не е ефтино ..и да зафаќа место за сериозни и инти случаеви ..

2.Си видел ли ти , тешко депресивен човек ? Тие луѓе се способни сами да си го одземат животот ако имаат со што или ако не ги е страв од болката .. затоа го молат лекарот со инекција да им помогне ..
Колку пари чини еден човечки живот?
Не сум видел сум почувствувал.
 
Кога е во кома човек не чувствува болка, Затоа што ако било што е способен да осети тој или ќе умре или ќе се освести, така да е на границата помеѓу живот и смрт.

Коматозен човек е растение .. работи на апарати .. ти тоа живот го викаш ?

Колку пари чини еден човечки живот?
Не сум видел сум почувствувал.

А еден живот вреди колку 4-5 други ?

Ти си бил тепко депресивен .. во пубертет или ..?
 
Кога е во кома човек не чувствува болка, Затоа што ако било што е способен да осети тој или ќе умре или ќе се освести, така да е на границата помеѓу живот и смрт.

Не зборев за болка на човекот на кој би му се извршила еутаназија.

Зборев за болката и совеста на личноста која ќе ја дозволи еутаназија на личност од својата фамилија.

Мене тоа психички многу ќе ми влијае, премногу сум приврзана кон фамилијата. Ќе се чуствувам како виновна за убиство.
 
А еден живот вреди колку 4-5 други ?

Ти си бил тепко депресивен .. во пубертет или ..?
Добро сега ќе ставаш на вага кој повеќе вреди тој да го оставиме затоа што има поголеми шанси?
Бев искрен и го пишав тоа што го пишав и нема да коментирам повеќе.
 
Не зборев за болка на човекот на кој би му се извршила еутаназија.

Зборев за болката и совеста на личноста која ќе ја дозволи еутаназија на личност од својата фамилија.

Мене тоа психички многу ќе ми влијае, премногу сум приврзана кон фамилијата. Ќе се чуствувам како виновна за убиство.

Тоа е веќе друга тема ..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom