Стравот - предност или мана?

Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
:helou:Па го победив стравот од смртта а др. е се полесно.Патем зошто се плашиш од змии, тие не напаѓаат ако не ги нападнеш прв.:smir:
Ako ti si go pobedila stravot ajde kazi ni ja tajnata formula.:vozbud:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
стравот е мана бидејки кога си исплашен паничиш и не размислуваш разумно...но стравот од нешто те прави подготвен ако се деси тоа од што се плашиш....па може да се каже дека е и двете, и предност и маана, зависи од случајот и карактерот....
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
:helou:Па го победив стравот од смртта а др. е се полесно.Патем зошто се плашиш од змии, тие не напаѓаат ако не ги нападнеш прв.:smir:
Nemam poima zosto se plasam, ama koga ke vidam nekoja begam kolku e mozno podaleku od niv.
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
0
Поени од реакции
0
Да имате право донекаде,и јас се плашам само од змии,но би сакал да не се плашам бидејќи не сакам да се плашам од никој па дури ни од змиите.
Имам да надополнам уште но немам време сега...:baeh:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
:helou:Па го победив стравот од смртта а др. е се полесно.Патем зошто се плашиш од змии, тие не напаѓаат ако не ги нападнеш прв.:smir:
Е да можеше и смрта да ја победиш... инаку нема што да се плашиш од смртта, нема мечка во гробот.

Стравот е сосема нормална ПОТРЕБА. (на страна фобии или паранои), тоа е одбрамбен механизам, стравот ги тера луѓето да размислат за постапките да помислат малку. Јас никогаш не би одел во опасна акција со некој кој нема страв. Затоа што тој би одел лудо непромислено и веројатно би настрадал (заедно и мене) докажувајќи дека е глуп. Што значи да немаш страв од брзо возење? дека си “маж“ или дека не помислуваш на последиците за тебе или за оние кои се возат со тебе или на оние во другите возила. Некој спомна страв од змија, тој страв (нормалниот не параноичниот) ќе те натера во топли летни денови претпазливо да одиш по патеките во природа и да не ги пикаш “храбро“ рацете во секоја дупка или процеп во карпите.

На кратко, храброста и стравот одат рака под рака, страв од смрта нема да те спречи да тргнеш напред во осмислена и внимателна акција ако резултатот на тоа би ја оправдал твојата смрт. Хемингвеј рекол дека не е точна изреката дека храбриот човек умира само еднаш а кукавицата умира многу пати, храбриот умира уште повеќе пати но е паметен да не зборува за тоа.
Значи слободно плашете се (во рамките на нормалното)
 
С

Сатори

Гостин
Погубно по живот.
Страв.
Одлика која што ќе ти ги уништи животните можности и ќе те зезне кога најмногу ти треба храброста.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Е да можеше и смрта да ја победиш... инаку нема што да се плашиш од смртта, нема мечка во гробот.

Стравот е сосема нормална ПОТРЕБА. (на страна фобии или паранои), тоа е одбрамбен механизам, стравот ги тера луѓето да размислат за постапките да помислат малку. Јас никогаш не би одел во опасна акција со некој кој нема страв.Затоа што тој би одел лудо непромислено и веројатно би настрадал (заедно и мене) докажувајќи дека е глуп. Што значи да немаш страв од брзо возење? дека си “маж“ или дека не помислуваш на последиците за тебе или за оние кои се возат со тебе или на оние во другите возила. Некој спомна страв од змија, тој страв (нормалниот не параноичниот) ќе те натера во топли летни денови претпазливо да одиш по патеките во природа и да не ги пикаш “храбро“ рацете во секоја дупка или процеп во карпите.

На кратко, храброста и стравот одат рака под рака, страв од смрта нема да те спречи да тргнеш напред во осмислена и внимателна акција ако резултатот на тоа би ја оправдал твојата смрт. Хемингвеј рекол дека не е точна изреката дека храбриот човек умира само еднаш а кукавицата умира многу пати, храбриот умира уште повеќе пати но е паметен да не зборува за тоа.
Значи слободно плашете се (во рамките на нормалното)
:helou:Јас мислам обратно ,стравот те парализира ти го блокира умот и рефлексите. Човек кој не се плаши не значи дека не е предпазлив ,напротив лесно може да реагира во опасни ситуации.Во опасна ситуација секогаш ќе одам со оној кој кој нема страв.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
:helou:Јас мислам обратно ,стравот те парализира ти го блокира умот и рефлексите. Човек кој не се плаши не значи дека не е предпазлив ,напротив лесно може да реагира во опасни ситуации.Во опасна ситуација секогаш ќе одам со оној кој кој нема страв.
Страв кој те парализира е ПАНИКА и аутоматски по дефиниција оди у друга категорија. Стравот ги разбудува инстиктите и ги “изострува“ сетилата. Безстрашност значи да плукниш на стотици илјади години еволуција и инстикти кои мајка природа трпеливо ги вградуваше во тебе.

Значи прво да раздвоиш СТРАВ од ПАНИКА, од СТРАВ јас нема да се поместам ако пред мене на патеката видам змија и од СТРАВ ќе почнам да одам полека наназад, а во ПАНИКА ќе врескам ќе почнам да скокам наоколу не гледајќи каде стапнувам а можеби и ќе се онесвестам, а БЕЗ СТРАВ ќе продолжам накај неа... храбро...
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Стравот е многу здрава работа,одбрамбен механизам,дел од подсвеста и заборавеното животинско во секој од нас.Храброст не е да не се чувствува страв туку да се дејствува без блокирање кога си најисплашен.Стравот и адреналинот кој што иде при тоа е еден вид дрога на кој лесно се навлекува.
Паничниот страв е сосем друга работа.При него инстинктите ја преземаат контролата
од мислата и сите вродени фобии испливуваат за најчесто да направат невиден куршлус.
Вежбање на некоја борбена вештина е добар начин да се истренира психата и телото правилно да реагираат.
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Дали стравот кој сите го имаме и помалку или повеќе го чувствуваме, може да го наречеме наша предност или мана?
Не спречува да живееме послободно и поавантуристички (со што на некој начин ни штети) или е добар дека доколку го имаме, сме позаштитени од многу опасни работи за нашиот живот општо?
Стравот никако не може да се рече дека е предност...Ако не живееме како што велиш-послобнодно и поавантуристички,,тогаш животот би ни бил здодевен нели? А зошто да го дозволиме тоа,,само заради стравот? Стравот е нормална емоција која сите понекогаш ја чувствуваме ,,така да не би рекла дека е ни предност ни мана,,но кога би морала да избирам нормално дека не е предност....
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
баш што буричкав по нет за стравот што пишува. Ако немавме страв секој чоек ќе излезеше на автопат и ќе чекаше кола да го стегне. Да немаше страв ќе го тепавме секој полицаец ама стравот бил тоа што контролирало. Според чоекот и има право. Кажува и за во војна ако војниците немаат страв го папаа стапот. Еве ги анализирал германците во прва и втора светска војна вика тие биле поисплашени од сојузниците ама новинарите ги прикажувале во друга слика нивните преправања дека не им е страв внесувале страв кај другите.
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Нормално дека стравот е предност, да немаше страв ќе требаше да го измисли зашто отиде човештвово јабана.
Интересна е помислата за тоа да се нема страв но во суштина е многу страшна бидејќи тогаш нема да постојат граници на однесување.
Ај само замислите никој од ништо да не се плаши!
Стравот може да се свати како одбрамбен механизам се разбира фобиите не се здрав страв и треба соодветно да се третираат со помош на психијатри итн.
Треба да се разликува здрав од болен страв.
 

Smoke_a_lot

НЕСОПИРЛИВ
Член од
16 март 2008
Мислења
707
Поени од реакции
63
Добро е да имаш доза страв во тебе,за да знаеш кога да ставил линија,да не паднеш од работ...
 

Jin

Член од
17 февруари 2008
Мислења
419
Поени од реакции
20
Стравот е една голема мана нема зашо да се има страв(не дека ја немам:)) се вика вака :Повеке од да умрам нишо не можам да напрам
:)
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Стравот е предност.
Без страв нема да преживееме. Ние сме родени со страв и тоа ни помага да не ги повторуваме грешките што сме ги направиле . На пример ќе ни биде страв да скокнеме од високо бидејќи знаеме дека ќе си искршиме нога . Доколку го немало тој страв ние ќе сме скокнеле и ќе сме си искршеле нога....
Ама како што велат : „Колку повеќе знаеш , толку повеќе се плашиш“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom