Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
еве читам Интер спремаат понуда за Баптиста и се радувам на истата вест бидејќи со ова Рома ќе се ослободи од еден од најплатените играчи во клубот и играч кој нема изиграно цел натпревар оваа сезона, а плус и ќе земе ќеш од него, па можеби Росела тогаш ќе се дрзне да купи уште еден играч, овој потег отвара простор за игра и за Менез
 
И ако се продаде Батиста мислам дека нема да се купи играч за овој преоден рок кој што е преостанат, мислам дека завршуваме со Тони и оние неколкумина што ги испративме на позајмица, во договорот со Баптиста ако се случи најверојатно ќе биде склучен и Бурдисо, односно ќе дојде нешто како замена на играчи со доплата од страна на Интер.
И најверојатно може и Сисињо да си оди но дали сега или пак летото сеуште не се знае, но по се изгледа веќе е извесно. Дечково беше добар играч ама носталгија ли го фана за Бразил што ли е не знам ептен некако се запусти.
 
доколку се склучи договор со Интер, ќе го имаме Бурдисо во наша сопственост плус некои 5милиони, јас кажав дека можеби ќе купат уште еден играч ама знам тешко дека ќе се случи тоа... е сега Греко,Бертолачи и Окака ќе одат на позајмици и како што кажа можно е Сисињо да го напушти клубот, кога ќе сумираме сета политика на клубот води кон олеснување на буџетот и точно прецизирање на играчите кои ќе бидат потребни во вториот дел на сезоната, тоа е според мене е паметно раководење на клубот ако земеме во предвид дека финансиски е многу слаб, но со ваква политика верувам дека ќе се опорави и доколку успееме да се пласираме во ЛШ Росела на лето ќе си дозволи да потроши некој денар повеќе
 
иам лошо пречуство за натпреваров... незнам колку е паметно одма да се започне со Тони... знае ли некој зашто упорно Мота е изоставан на клупа?
 
откако дојде раниери е така како ѓавол го гледа :)
 
Тоти нема да се појави на мечот поради малата повреда со Парма шо ја доби , а Тони ке биди стартер.
 
Што се деси со Окака? Отиде на позајмица во Англија?
 
Уште не, ама најверојатно ќе оди.

Не би сакал да го пратиме Окака на позајмица, добро ќе ни послужи. Уште пола саат и ќе видиме што може Тони да направи во Рома.

Forza Roma!:рома3:
 
Кога деојде Батистута во Рома 2001 со сите се кладев дека Рома ќе биде шампион и стана , а да дојдеше Тони на почетокот на сезоната ќе беше подруго ама мислам дека и сега ќе ни биде од голема помош бидејќи имаме доста големи шанси да се биде 2 или 3 место а ако можеме зошто да не и 1 место .Се надевам дека Интер не се непобедливи и дека ќе имаат киксови . За денешната утакмица со Каљари очекувам убедлива победа 0 - 3 или 0 - 4 поздрав .:smir:
 
и јас сум оптимист како тебе :) каљри можеби изненади неколку пати во првиот дел од сезоната но сега не играат со јувентус играат со рома :):рома::vozbud::vozbud:
 
Лука Тони нема да го започне натпреварот со Каљари, тој ќе биде на клупа додека напаѓачи ќе бидат Баптиста и Вучинич
 
tnx god !

неможе да започне Тони како стартер, не е подготвен ни за 20 мин.

премногу лошо пречуство иам, премногу :ija::raz:
 
очекувам тесна победа од 0-1 или 1-2 ако сакаме висок пласман ваков тип на утакмица со ваков тим мора да се добие:toe:
 
во почетокот имавме иницијатива сега 3-4 шанси за каљари
жулио серџо се снаоѓа засега а и баптиста ме бендисува се труди се повеќе и повеќе
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom