Законот за лустрација, го подржувате или не?

Дали го поддржувате законот за лустрација?

  • Да

    Гласови: 71 93,4%
  • Не

    Гласови: 3 3,9%
  • Немам мислење

    Гласови: 2 2,6%

  • Вкупно гласачи
    76
Член од
18 јануари 2008
Мислења
260
Поени од реакции
7
Ја сум за све да се затвори само вмро да остане на власт и некоја ситна партија колку да има опозиција.
Ова супер,само не ти е малку утопија?
:bilokojzbor:
-----------------------------
Калимеро,нема правда
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Скоро незабележано од медиумите (ќе видите зошто), вчера беше днесен законот за лустрација со кој Македонија би требало да расчисти со своето комунистичко минато. Со законот ќе се опфатат лицата кои кодошеле од лични и идеолошки причини, како и нивните наредбодаватели. При објавување на веста проструи информацијата дека ќе се лустрира од 2 август 1944 до денот на стапувањето на законот во сила, а според други до 2001 година (?!) што мислам дека е грешка. Законот беше донесен без ниеден глас против.

Сакам да го искажам и мојот личен сомнеж дека лустрацијата на сите кодоши вистински ќе биде успешна. Прва причина е што пратеникот Тито Петковски пред нецела година кажа оти партиите имаат уреди за прислушување. Следствено на ова оди дека партиите работат надвор од законот. После тоа дека самите партии имаат свои приватни кодошки служби. Значи кодоши има ама надвор од оние класични разознавачки служби на кои во законот се алудира. Бидејќи Тито долго време беше во СДСМ не треба човек да е многу умен за да свати дека СДСМ комплетно се пронаоѓа тука. За другите партии чисто се сомневам, освен за инсталациите кои се прикачени во нив. Впрочем најголемиот дел од доушниците и кодошите, како и нивните наредбодавци идеолошки припаѓаа(т) кон оваа структура во сите нејзини историски изданија. Бидејќи „најдржавотворната“ партија никогаш неможе да прифати дека треба да игра по демократски стандарди, таа само ги префрли овие кадри под своја капа и денес функционираат како партиска тајна полиција, за што повеќе медиуми, а најмногу ФОКУС имаат пишувано. Беа особено активни во 2001 година за време на конфликтот кога беа во допир со ОНА и заедно со Ахмети делуваа кон рушење на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Една изјава на Лазе Китановски минатата есен кога ВМРО-ДПМНЕ обвини за „Есенско сценарио“ е доста интересна - „Ќе ја видите допрва супериорноста на СДСМ“. Бидејќи Лазар Китановски не е „надарен“ како Игор Шема, на пример, туку е човек што добро разбира што и зошто работи, пак не треба да е човек многу паметен за да сфати на што алудира еминенцијава. Сакам да напомнам дека сегашново раководство на СДСМ и нема некаков допир или контрола над овие служби, тие се под директна команда на само еден и единствен човек, кого ќе ве оставам сами да го погодите. Ќе ве оставам и сами да ги процените изјавите на лидерот на терористичката АНА, Гафур Адили, за „целосната“ контрола над СДСМ од страна на една соседна земја.

Во врска со самите доушници и кодоши кои се под капата на оваа служба, допрва ќе се расчистува. Присутни се насекаде, а за нив во МВР постојат документирани сознанија за нивните активности, особено за времето на конфликтот. Мислам дека до овие материјали не дојдоа сдсмовските кадри кои беа инфилтрирани во МВР, што особено ме радува бидејќи во МВР постојат вистински професионалци. Овие новокомпонирани доушници работат по ист принцип како и во времето на екс-СФРЈ. Најчесто потекнуваат од семејства чии родители го работеле истото. Ве следат, прибираат информации за вас, по нареба „од горе“ ве оцрнуваат (имате прилика да го видите тоа и тука), и ден денес се врбуваат луѓе кои би работеле против вас, истите сеуште се бават со подметнувања. Читајте ги написите во ВРЕМЕ за полициската обработка на македонските дисиденти во дијаспората кои работеле за независноста на Македонија, отцепување од титова Југославија и обединување на сите Македонци во една единствена Македонска држава (1,2,3,4). Можете да ја прочитате и полициската обработка (довела до ликвидација?!) на Ристо Шишков.

Новокомпонираните кодоши и доушници беа особено активни во периодот после 2001 година кога ги обработуваа припадниците на македонските безбедносни сили и „неподобните“ Албанци. Беа организирани и обиди за убиства и атентати, подметнувања и сл. за кои поседувам материјали. Многу од овие кодоши јавно се знаат. Се работи за „евтина“ роба, промашени личности со желба да бидат James Bond-ови. Голем број од нив поседуваат лично вооружување. Идеолошки припаѓаат само на комуњарската матрица. Заканите кои ги упатуваат во овие времиња приличат на „добронамерни пораки“. Матрицата на однесување и делување им е просто „фотокопирана“ па лесно се препознаваат.

Овие доушници и кодоши се присутни и тука, на интернет форумите. Врбуваат млади „зеленковци“, моментално бараат „бугарофили“ (во иднина и нешто друго, по потреба), обработуваат по приватни пораки или разноразни messenger-и, се бават со поткодошнување, неверојатно се глупави и неверојатно се злобни. Изиграваат патриоти со истовремено обожување на ликот и делото на Јосип Броз и Б.Ц. Користат повеќе псевдоними разни блог сервиси. Во суштина се работи за евтина „потрошна роба“, прилично безначајни по хиерархија, а нивната мисија на интернет(форуми, блогови) е повеќе од терцијарна за делувањето на службата за која кодошат и водат досиеја (и се закануваат).

На Македонија и престои време на лустрација. Ќе се лустрираат и познати и непознати личности. За жал, голем број од досиејата се однесени надвор од Македонија, во Белград (изјава на Ванчо Шехтански), така да ќе се изостават добар број на кодоши. Она што вистински е примарно за државата е професионализација на државните служби, чистење од секаква идеологија и работење во служба исклучиво на македонската држава. Потоа треба да се растурат партиските служби и да се расчисти со доушниците и кодошите од тие редови, зашто денес тие ја имаат истата улога како и во времето на Ченто и кодошат за истите причини. Да не пропуштам да напоменам, овие служби се во „брацки“ контакт со српските, бугарските, и грчките тајни служби. Истото важи и за интернет-кодошите.

На Македонија, сепак и престои крупен залак.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Кандидатите на “Сонце - Коалиција за Европа“ потпишаа изјава со кој се оградуваат од соработка со Органите на државната безбедност

Кандидатите на пратеничките листи на “Сонце - Коалиција за Европа“ предводена од Социјал Демократскиот Сојуз, потпишаа изјава во согласност законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.

Во нивните изјави стои “како кандидат за пратеник во Собранието на Македонија, одговорно изјавувам дека не сум соработувал со органите на државната безбедност во периодот опфатен со законот. Не сум издавал наредби, ниту сум бил корисник на информациите од тајниот соработник или тајниот информатор, со кој се кршени или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од политички или идеолошки причини, ниту поради тоа сум стекнал материјална корист, ниту сум бил привилегуван при вработување или напредување во службата“.

Претседателот на Либералната партија, Стојан Андов изјави “првиот и личен гест од 120 кандидати на “Сонце - Коалиција за Европа“, својата приврзаност за стандардите на Европа го демонстрираат убедливо решително и доследно, со потпишување на ова изјава. Информирам дека секој од кандидатите лично потпишал изјава во согласност на Закон за лустрација на Македонија. Во овој момент тоа е случај само со нашите кандидати, кандидатите на “Сонце - Коалиција за Европа“.

“Тоа по законот и по изборниот закон не е обврска, разгледувањето на тие изјави ќе биде кога ќе биде избрана комисија за нострификација на фактите. Ги повикуваме и другите кандидати од другите политички парти да го следат овој пример“ додаде Андов
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
И така дечиња, сите живееа среќно и весело во земјата на бајките до крајот на животот...:yeahright:
А сега ќе ви ја раскажам приказната за дедо Киро и СФРЈ, чичо Бране и Милошевиќ и други преоблечени СКЈ-овци

Инаку, и т.н Васил Глигоров потпишуваше се и сешто, заверуваше пред нотар, тврдеше дека е со здрав разум, го објавуваше тоа на форумов итн.
А, го споменувам, затоа што неговиот потпис и изјави имаат иста тежина ко овие.

Доволен е фактот дека фигура како Андов дава позитивни коментари околу потпишувањето, за да иронијата на случајов прозбори сама за себе.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Ako zanes sto sakase da kazes Amd kje se vikam....:)
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.995
Поени од реакции
51.149
Ај да пробам некако...
Васил Глигоров(ако стварно не го знаеш) е тип за во Бардовци а овде постираше документи со изјави каде што со “здрав разум и чиста свест’’стои зад некој негов став, значи изјавите на “нормалниот’’Васе имаат ист кредибилитет како тие на Андов и децата на УДБАшките службите...
значи колку што Васе е нормален толку и овие не биле поврзани со тајни служби....без разлика на потписот доле
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Се додека од прв до последен од сдс не отидат у ќорку, ништо не ми значи законот.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Сигурно има и не-сдс криминалци. Но тие се некој минорен број.Да почнеме со сдс, па ќе видиме после, ок?
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Go podrzuvam, so edna napomena, so ovoj zakon da ne stradaat sitni spioncinja, nego onie vistinskite koi nanele zlo na makedonskiot narod
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Кандидатите на “Сонце - Коалиција за Европа“ потпишаа изјава со кој се оградуваат од соработка со Органите на државната безбедност

Кандидатите на пратеничките листи на “Сонце - Коалиција за Европа“ предводена од Социјал Демократскиот Сојуз, потпишаа изјава во согласност законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.

Во нивните изјави стои “како кандидат за пратеник во Собранието на Македонија, одговорно изјавувам дека не сум соработувал со органите на државната безбедност во периодот опфатен со законот. Не сум издавал наредби, ниту сум бил корисник на информациите од тајниот соработник или тајниот информатор, со кој се кршени или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од политички или идеолошки причини, ниту поради тоа сум стекнал материјална корист, ниту сум бил привилегуван при вработување или напредување во службата“.

Претседателот на Либералната партија, Стојан Андов изјави “првиот и личен гест од 120 кандидати на “Сонце - Коалиција за Европа“, својата приврзаност за стандардите на Европа го демонстрираат убедливо решително и доследно, со потпишување на ова изјава. Информирам дека секој од кандидатите лично потпишал изјава во согласност на Закон за лустрација на Македонија. Во овој момент тоа е случај само со нашите кандидати, кандидатите на “Сонце - Коалиција за Европа“.

“Тоа по законот и по изборниот закон не е обврска, разгледувањето на тие изјави ќе биде кога ќе биде избрана комисија за нострификација на фактите. Ги повикуваме и другите кандидати од другите политички парти да го следат овој пример“ додаде Андов
Голема работа што потпишале , што вреди потписот за таква изјава кога 80% од нив нема да влезат во власта .На Столе му требаше да просере нешто на тв одкако никој не сакаше да го дружи за изборите ,Шекерна му рече да смисли нешто , па макар и глупост да е :pos:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сигурно има и не-сдс криминалци. Но тие се некој минорен број.Да почнеме со сдс, па ќе видиме после, ок?
Трагиката е во тоа што посебно од врвот на сегашното ДПМНЕ има не баш така минорен број кодоши,за кој постојат цврсти докази во досиета на некои од Македонците.Можеби некој ќе се потсети како нивните родители им дозволуваа на некои “чичковци“ да инсталираат камери во нивните детски соби,па преку прозорот да го снимаат дворот на комшијата,во периодот од `81-`88,време кога камери се гледаа само на ТВ.:toe:

Голема работа што потпишале , што вреди потписот за таква изјава кога 80% од нив нема да влезат во власта .На Столе му требаше да просере нешто на тв одкако никој не сакаше да го дружи за изборите ,Шекерна му рече да смисли нешто , па макар и глупост да е :pos:
Точно дека ништо не вреди,барем во моментов кога оние кој најмногу требаше да се залагаат за тој закон им е страв да потпишат такви изјави.:toe:
 
firestarter

нетачен
Член од
3 април 2008
Мислења
80
Поени од реакции
6
Мозат да донесат и 10 закони за лустрација само проблемот е дали ке функционира законот.Секоја партија која е на власт ке ја контролира ДБК но тоа не значи дека сите кодоши ке бидат откриени.Што се однесува до казнените одредби самото тоа што ке бидат откриени во јавноста е најголема казна која ке ја добијат.Нема пострашно од тоа да те осудува јавноста
 
Се согласувам дека некому од нас најголема сатисфакција ќе биде да се открие во јавноста кој бил кодош,за да се знае кого јавноста треба да осуди при некакви вакви или слични предвремени избори на пример.:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom