Точно е дека сака да прави ѕвезди ама не верувам дека не сака да ги зачува.
Анри, Виера,Ешли Кол, Хлеб, Фламини сите побараа да си одат. Не ги стави Венгер на продажба.
Едноставно фудбалерите од светска класа после 2-3 години во Арсенал сваќаат дека нема да можат да освојат ништо и бараат трансфер.
Следен е Адебајор, уште од лани си го спрема трансферот и оваа година изгледа ќе оди во Милан.
За две три години ќе им дојде ред и на Ван Перси, Волкот и Насри да си одат. Само тој утепанот предавник Фабрегас ќе остане затоа што му е срам да признае дека направил грешка кога ја напушти Барса.
Па зар малку пари зедоа од Анри, Хлеб, Рејес и уште други па да немаат пари да купат некого? Добро кажа Иван, така е затоа што Венгер сака така а не затоа што немаат пари.
Не е проблемот дали тимот добива пари или не.
Арсенал има пари да троши колку што трошат Барса, Реал, Манчестер....
Проблем е тоа што моменталното раководство нема поголема амбиција за да дозволи поголеми средства за градење на тим кој би се борел за титула.
Акциите вредат многу, акционерите зимаат голема дивиденда, имаат развиено метод да имаат доволно пари без да освојуваат титули и едноставно не сакаат да преземат ризик да дадат многу пари.