Рибери ги одбил Барселона и Манчестер, затоа што сака во Реал !
Рибери е најбараниот фудбалер во последните неколку месеци. Во игра се вклучија трите најбогати клуба, а Франк, се чини, ги избрал "кралевите". Алекс Фергусон одлучил за неговите услуги да плати неверојатни 70 милиони евра, Барселона е подготвена да даде колку треба и за реализирање на овој трансфер најзначаен фактор би бил престижот меѓу гигантите. Кој ќе го добие Французинот, во овој момент би станал најмноќниот клуб во светот.
Но, таа најголема оволетна битка Рибери ја реши на "мирољубив" начин. Не сака да биде ниту член на мочниот Манчестер, ниту на "свемирската" Барселона, туку сака кариерата да ја продолжи во мадридски Реал. Главна причина за таквата негова одлука е сонародникот Зинендин Зидан, кој наскоро би требало да стане спортски директор на клубот.
Секако, за целата оваа приказна потребно е Флорентино Перез да стане претседател, а во предизборната кампања најави составување на најсилниот тим кој некогаш играл заедно. Прв на листата на желби е Кака од Милан, па Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимович. Потсетуваме, Перез е творец на Галактикосите, во Реал ги доведе Зидан, Фиго кој и го "украде" на Барселона. Еднаш успеа да направи чудо од тимот, постојат големи шанси а успее во својата идеја и по втор пат.