Хм... не гледам никакво изненадување во победата на Романија. Па Романките отсекогаш биле подобри од Шпанките. Додека резултатот на Црногорките е стварно за поздравување, секоја чест, само така нека продолжат.
Денеска се вратија Русинките на старите патеки, ја победија Хрватска со 6 гола разлика, 30-26, а Хрватките и немаат така слаба репрезентација, ги сметаат за едни од најнадежните и за висок пласман на ова ЕП, а се очекува блесок на Олимпијадата во Лондон за 2 години...барем така се најавува од нивниот табор.
Денеска се комплетираше 2то коло во сите четири групи.
А група:
Србија-Шпанија 23-26
Романија-Данска 22-25
Во оваа група Данска обезбеди пласман во полуфиналната фаза и сигурно ќе носи 2 бода...додека за другите две места ќе се борат Шпанија, Романија и Србија која има најмали шанси за пласман понатаму т.е и останува да ја совлада Романија, а тоа ќе биди многу тешко.
Б група:
Исланд-Црна Гора 23-26
Русија-Хрватска 30-24
Во оваа група Црна Гора обезбеди пласман во полуфиналната фаза и ако ја победи Хрватска во последното коло ќе носи 4 боди, сега за сега 2 бода и се сигурни.
Мислам дека и јасен е епилогот кој други две репрзентации ќе се пласираат, Исланд е тотален аутсајдер.
Ц група, натпреварите се одиграа во средата:
Шведска-Украина 33-25
Германија-Холандија 30-27
Шведска обезбеди пласма во полуфинална фаза, вероватно со неа пласман ќе обезбедат и Германија и Холандија...Украина игра мизерно на ова ЕП.
Д група, натпреварите се одиграа во средата:
Франција-Унгарија 18-21
Словенија-Норвешка 16-32
Норвешка и Унгарија сега за сега имаат максимален број на поени и во третото коло во директен дуел ќе решаваат за тоа која репрезентација во полуфиналната фаза ќе стартува со 4 поени.
А дуелот помеѓу Словенија и Франција ќе одлучува која ќе биди третата репрезентација која ќе се пласира во 1/2 фаза.
*ниедна наша телевизија не врши пренос
...толку ни се можностите.