Ракомет - општа дискусија

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 144 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 270 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,2%

  • Вкупно гласачи
    432

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.417
Поени од реакции
16.694
Па не дека згаснал, туку лето е нема натпревари па затоа ваљда. Сметам дека ова треба да биде успешна година за македонскиот клупски ракомет на интернацинално ниво, со оглед на кадарот кој го има Металург.
А за у домашно првенство ќе си остане ривалитетот помеѓу Вардар и Металург, ама ако Вардар сака да му биде конкурентен на Металург треба да земе некои добри играчи иначе тешко да ќе биде шампион пак.
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.349
Поени од реакции
8.433
Згасна ракометов во Македонија и на форумов :)
Па ајде што мислите за старо-новите ривали Вардар Про-Металург, иако ова е општа тема сепак само еден nudge за да продолжи дискусија :)
кој старо нови ривали од пред колку години ривали ако сакаш посетиме од пред две или три години абе се зна екој е кој во ракометот во Македонија ПЕЛИСТЕР и други дури не се крени Пелистер на нозе мислам на финасиски нема клубски ракомет мисал тоа е јасно ама проблемот не е само таму туку и во федерацијата само голе борба за власт на двата клуба од ск и нивните интереси па затоа на ова ниво че си останеме со пари се не се купува мислам на историја и традиција :vozbud:
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Немаме квалитетен ракомет. Кај нас е така, сите се бутат во еден клуб и создават еден и единствен и тоа сака да направи нашата федерација а и самиот клуб како што е Металург. Сака да собере играчи што ке може да се натпреварува надвор од Македонија, па затоа ги збират поискусните во Македонија. Досадно им е веке на Вардар и на Металург се исто пак исто, само ова дерби е интересно. Нема тим кој ке им се спротистави, не е како другите лиги, али другите лиги имаат многу ракометари и се расподелени и пак имат искуство. Тоа е тоа, немаме екипа која ке им се спротистави на Вардарци или на Металург, беше Пелистер едно време али сега ништо ...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522

Ако гледаш така што е со хрватската лига? Таму само Загреб доминира... Јас би рекол сега моментално има квалитет како никогаш досега сети се само на Лино, па тој не доаѓа тукутака мислам потребни му се играчи да работи односно добри играчи кои ги обезбеди Металург. За оваа мала држава тие два клуба се одлична перспектива на лигата, лошо е ако има само еден како што напоменав погоре...
На клубски план работите сега се поинакви но проблемот е во репрезентацијата која психолошки попушти односно после сите тие успеси се крена во облаци и падна многу ниско на земја...
 
Реков дека имаме само 2 екипи добри. Дека се другите ? Тоа сакам да кажам, знам за Загреб е премногу јак има доста добри екипи таму но Загреб е премногу јак.

Да се надеваме дека ке направи нешто Металург, со овој тренер со двајцата србини што ги зедовме и Мојсовски треба да добиеме сила а и тренерот не е мала работа.
Сега Вардар тешко дека ке му потпри, мислам нека се надева само на Македонија Купот.

Дувњак стана најскапиот ракометар на светот

Заврши сагата - Домагој Дувњак е нов играч на германскиот Хамбург. Таму ке му се придружи на неговиот довчерашен соиграч од Загреб КО, Игор Вори, и тоа како статус на најскапиот светски ракометар...
Загреб Ко на крајот го доби она што и го бараше - милион евра за Домагој Дувњак. Хамбургер се согласи на таква оштета, а некој германски медиуми наведуваат дека хрватскиот ракометар се одрекол од некој предвидени бонуси за него, само со цел бундеслигашот да се согласи на негово купување.

Како и да е, еден од носителите на играта на хрватската репрезентација својта кариера ке ја продолжи во една од најсилните светски европски лиги.

Во хамбургер ист отака се задоволни со обавениот трансфер:
Ке го дочекаме со отворени раце. Домагој последните недели изразуваше желба веднаш да дојде во ХСВ, и сите нас не радува што конечно трансферот се заврши“- изјави Мартин Швалб, новиот тренер на Дувњак.

Трансферот во Хамбург е единствениот исправен чекот за неговата кариера моментално. Тој ја одигра својата улога, а ние сме среќни што конечно Загреб КО ја прифати нашата последна понуда’- додаде спортскиот директор на клубот.

Дувњак потпиша договор с оХамбург до 2012година, со можност на продолжување на истиот за уште две сезони. Со овој трансфер Хрватот стана најплатен играч на светот - поскап е и од едни од најголемите ракометни мајстори како Балиќ, Лазаров или Карабатиќ.
извор: спореденес

-----------------------------------------------

Еве уште една силна екипа во светски рамки. Се подобрија и Хамбургер едниствена екипа што ке може да потре на Кил во Германското првенство. Екипа што знае да елиминара многу големи екипи во ракомет и добро е што се шират добрите играчи на секаде по клубовите и да бидат рамномерни, сигурно дека ке владее некој ама да не биди досадно.
Нека му е со среќа на Дувњак во новиот клуб и многу успеси. Одлично ке соработуваат со Игор Вори кој исто така отиде во Хамбургер.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Што мислите, кој ќе слави во шпанскиот суперкуп?
Јас предност и давам на Барселона.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Тешко да кажеш кој ке биде победник. И јас сакам да победи Барселона но ке мора многу да запни. На Реал им го земаа Рутенка кој им играше на сите можни позиции играч кој вредеше многу им отиде. Барселона се засилија со 1 играч не ми текнува на името сепак добар е, го имав гледено. Така да сега споредбата со играчи не е многу голема, ке се спротиставаат сега. Редно е Барселона да освои нешто. Со среќа нека е и на двата тима па кој ке биде подобар нека победи.
Коефициентите за вечер:
Ciudad Real 1.90 - 6.00 - 1.90 -Barcelona
Сосема израмнето.

Едит:

Реал Суидат (12-20) 26-33 Барселона
Тоа е, кажав дека Реал се ослабнети, и дека Барселона ова година ке биде многу подобра од лани. Честитко момци.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
УТРЕ, 28ми Октомври.
Се игра натпревар само незнам дали пријателски или нешто друго помеѓу Србија и Франција, сосема ке биде интересно и ке има пренос на РТС. Кој сака да гледа убав ракомет може да гледа.

Инаку ке се игра и многу друг интересен ракомет насловен како ХРВАТСКА против СВЕТОТ. Ќе ве известам кога ке биде тоа, за можност да гледаме ако ја дават некаде, нормално Хрватската репрезентација со светските ракометари.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504

Мислам дека е на 1 или на 2 ноември.Се игра во Загребачка Арена во чест 60 години од ХРС.За тимот на Светот чиј тренер ќе биде оној на Француска репрезентација не ми текнува на името сега,ги има повикано најсилните можни играчи.Негде прочитав дека Лазаров ќе биде во тој состав ама ќе стартува на клупата.Но мислам дека ќе го поделат времето поминато на теренот со Лијевски.Како и да е ќе биде голем спектакл.:vozbud::vozbud:
 
Сега добив информација дека ке се игра на 2ри декември, во Загребачка Арена. Лазаров ке биде во тимот како резерва а пред него ке има двајца играчи кои ке играат на неговата позиција. Еве од кај извлечив текст.

Лазаров резерва во Тимот на светот
Меѓународната ракометна федерација му укажа големо признание на капитенот на нашата репрезентација Кире Лазаров, земајќи го предвид за спектаклот што ќе се одржи во "Арена" во Загреб на 2 декември. Најдобриот стрелец на последното СП е вклучен во резервите на Тимот на светот, што ќе и се спротивстави на репрезентацијата на Хрватска во ревијалниот натпревар, со кој ќе се одбележи 60-годишнината од Хрватскиот ракометен сојуз.
Екипата предводена од селекторот на Франција Клод Онеста е составена од Каспер Хвит, Тјери Омејер, Микаел Гигу, Гудјор Сигурдсон, Јан Филип, Вид Кавтичник, Маркус Алм, Михаел Кнудсен, Даниел Нарсис, Филип Јиха, Никола Карабатиќ, Михаел Крауз, Гијом Жил, Олафур Стефансон и Марцин Лијевски. Последните двајца играат на позицијата на Лазаров, па ќе мора да почека некој од нив евентуално да откаже.

извор: вест.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Франција ја победи репрезентацијата на Србија со 34-28 во пријателскиот натпревар одигран по повод 60 години од формирањето на Српскиот Ракометен Сојуз.
Најефикасни на мачот Карабатиќ кај Франција и Илиќ кај Србија со по 7 голови.
Линк
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Добив една неофицијална информација дека за СЛУЧАЈОВ, тренерот на Хипо донел одставка и бил суспендиран, само ке видиме на што е суспендиран.

Инаку информацијата не е официјална не е сигурна, кога ке биде сигурно ке потврдиме. Ако има некој повеке инфо нека пише.
 
К

кременко

eеве ти официјална информација за овој случај, суспендиран на три години и 45 000 евра
по детално тука
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.652
Дали EHF се свести дека некои личности негативно влијаат на ракометот не знам... Сепак, одлуката е оваа:
Гунар Прокоп треба да плати казна од 45.000 евра, исклучен е од сите меѓународни ракометни натпревари и активности на ЕХФ во траење од три години и доживотно нема да може да извршува каква и да е функција во ЕХФ.
Повеќе тука:
Код:
http://utrinski.com.mk/?ItemID=473924E4D3ADE14A90F96B607823EFC0
 
Kajgana Shop

На врв Bottom