Металург почнува од Молдавија
Освојувачот на Купот на Македонија, Металург, новата сезона во Европа во Купот на победниците во куповите ќе ја почне во Молдавија и тоа од третото коло. Противник е екипата Олимпус, а првиот натпревар се игра во Молдавија на 14 или на 15 ноември додека реваншниот натпревар е една недела подоцна. Металург во следната сезона влегува со големи амбиции, а клупските планови се пласман најмалку во четвртфиналето. За таа цел се ангажирани неколку одлични ракометари, во прв ред Наумче Мојсоски од Вардар про, а потписот со тренерот Лино Червар, селекторот на Хрватска, е само прашање на часови. Во женска конкуренција, Македонија во КПК ќе биде претставувана од Вардар Осигурување, кој за противник го доби романскиот тим Дунареа. Првиот меч се игра во Романија на 31 октомври или на први ноември, а седум дена подоцна е реваншниот натпревар. Во Купот на ЕХФ во машка конкуренција ќе настапи МРК Вардар, а за противник ќе го има последнопласираниот од третата квалификациска група за пласман во Лигата на шампионите, каде што се наоѓаат Татран, Виве Киелце и Порто. Првата средба, младите вардарци ќе ја играат на гости на 10/11 октомври, а реваншот е една недела подоцна во СРЦ „Кале“. Ждрепката не му беше наклонета ниту на женскиот претставник, екипата на Кале Кичево за противник ја доби шпанската Елче, а првиот меч ќе го игра на домашен терен. Во Челенџ-купот, пријавени се две машки екипи, Пелистер и Тинекс Пролет. Битолчани ќе играат со второпласираниот од квалификациската група Ц, каде што се наоѓаат Одирхеу, Коњух, Албатро и Грејт Дејн од Лондон. Т. Пролет не се наоѓа меѓу носителите и поради тоа се наоѓа во квалификациската група Д, каде што заедно со Беране, Циско Андебол и Олимпија ќе брка едно од првите две места. Кај дамите, премиерен настап во еврокуповите ќе има Металург, кој во третата рунда ќе игра со првопласираната екипа од квалификациската група Б, каде што се наоѓаат Сокол Пишек, Далфсен, Илиџа и Бисери.
извор: Време.
Казна за Романија
Казна за Романија Европската ракометна федерација одлучи да ја казни репрезентацијата на Романија како и подпретседателот на Романскиот ракометен сојуз, Палау Петре, односно селекторот Аихан Омер за обид да се подмитат судии.
ЕХФ покрена истрага во која Петре и Омер се сомничат за подмитување на судии на натпреварот од квалификациите за СП 2009, Романија - Црна Гора. Пред почетокот на натпреварот кој се играше минатиот 14-ти Јуни, Петре и Омер им пришле на судиите со непристоен предлог за „добро“ судење.
Романија во тој натпревар победи со 29:24, но ЕХФ по прегледаните снимки утврди дека судењето во овој наптревар не дејствувал на конечниот исход. По сета таа приказна, Романскиот сојуз е казнет со 27.500евра, а дотолку нешто слично им се случи на Романците, репрезентацијата ке биде казнета со две-годишна суспензија. Петре и Омер се казнети со петогодишна забрана за учество во сите меѓународни натпреварувања.
извор: спорденес