Сеа вака, пошто видов дека има многу несогласувања за она што го пишав и затоа да образложам за сите поединечно, иако неморам пошто си имам право на мое мислење. Али ајде вака:
Шевченко & Бербатов. Мислам дека нема потреба да ги коментирам. Отидоа како големи засилувања од кои се очекуваше да блеснат ама се случи спротивното.
Анри & Ван дер Ваарт. За овие двајца ќе наведам иста причина зашто мислам дека се промашени. Значи отидоа од тимови чии предводници беа баш овие двајца. Анри во Арсенал беше икона, капитен, вистински лидер и сеуште е иако си замина за нови искуства као што кажа. Ван дер Ваарт во Хамбург капитен, лидер за откога отиде во Реал да биде замена или такоречи џокер и да биде солиде коа влага од клуба, аха ок.
Григера иако free трансфер разочара и иако претходно кога го гледав со репрезантицајата на Чешка и во Ајакс онака ми изгледаше како солиден играч и коа дое во Јуве неможам да кажам дека бев незадоволен. Од коа дое у Јуве добив впечаток дека Григера е поопасен од клупа отколку на терен.
Гросо. Не ни очекував многу од овој, испукана пушка, јасно е дека дое во Јуве за Липи да си ги воигра играчите за Светското во ЈАР.
Нани & Андерсон дојдоа во Манчестер како големи таленти од кои се очекуваше многу. Е сеа, држи вода и тоа дека во последниве години Фергусон повеќе ги форсираше Гигс и Сколс отколку што им даде шанса на овие двајца. Можеби ако имаа повеќе шанса за докажување немаше да бидат на мојата листа.
Харгривс. Пари во вода, две или три години во Манчестер (поправете ме ако грешам), а не повеќе од 10 настапи. Солиден играч ама повредите го убија.
Снајдер и Робен. Ги ставив последни пошто и не беа толку очајни, како овие претходниве. Кога ги глеав во Реал ми изгледаа како преценети освен во некој настапи на кој Снајдер изигра многу добро. И мислев дека толку им се можности, али одкоа отидоа едниов во Интер, а другиов во Баерн докажаа уствари колку вредат и ми докажаа дека не се прецените како што мислев.