Свирки и Maк Meтал

CroMkd

Someone
Член од
24 декември 2008
Мислења
114
Поени од реакции
35
Уште да кажеше кај ќе е чудово... :)
Претпоставувам во Охрид дека ќе свират, ама пошо не е наведено да си прашам јас. :)
чим местото Григор Прличев се вика, ќе да е Охрид ;)
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Една од групите да знаев, добро ќе беше...
Панк демек, nothing special.

Инаку онака прашав за локацијата, за да е комплетна информацијата за настанот, не дека би отишол на свиркава. :)
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
Да, Охрид е во киноно во малата сала(влезот). И да, бендовите не се нешто посебно, Brainstorm до сега само тезга свиреа, можи сега имаат нивни песни, а The Author се постар бенд. И сите бендови се од Охрид. Сепак после ТБЛ ова е прва официјална свирка во Охрид :( трагедија
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
The Author само ги знам. Ептен се добри. Роки ме заеба,Роки ми даде тревче,Со алкохол против дрогата им се најпознати и воедно најдобри песни.
 

Sofist?

Ула
Член од
11 јануари 2010
Мислења
160
Поени од реакции
12
Хавана 20.02.2010 Furion и промоција на новиот албум на Holocaust
Castro КKN и Conquering Lion 20.02.2010 :)
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Хавана 20.02.2010 Furion и промоција на новиот албум на Holocaust
Castro КKN и Conquering Lion 20.02.2010 :)
Пак ќе прават Holocaust промоција на албумот со Furion како предгрупа?!? Чудно некако, пошо на 26ти декември правеа промоција на албумот заедно со Furion.
 
T

Tetro

Гостин
„Балкан блот“ - метал-фестивал во „Хавана“


Делчевскиот состав „Верка“, гевгелискиот „Марас“, Романците „Ашаена“, Хрватите „Прогнан“ и Грците „Макабре винтер“, на 27 февруари ќе настапат во скопскиот клуб „Хавана“. Тие ќе свират на еднодневниот метал-фестивал наречен „Балкан блот“, кој ќе претстави некои од подобрите состави од околните држави



Музиката на „Марас“ претставува фузија помеѓу суровите звуци на црниот метал, измешани со македонските автентични фолк-елементи и многу други музички жанрови. Бендот што доаѓа од нашиот јужен сосед е оформен во 2005 година и целта на музичарите била да докажат дека за краток период може да направат солидна кариера и да одржат многу концерти, што им успева.

И Романците „Ашаена“ се релативно млад бенд, но со сериозен пристап кон метал-музиката. Составот за брзо време успева да привлече голема армија обожаватели. Во моментов го подготвуваат материјалот за својот прв албум.

За хрватскиот состав „Прогнан“ може да се каже дека е бенд што почна да функционира благодарение на големата визија на музичарите. Токму нивните јасни идеи за креирање агресивна музика го доведоа составот во врвот на хрватската метал-сцена.

Иако сите најавени бендови не се непознати во своите земји, сепак можеби главните ѕвезди на фестивалот се домашните „Верка“. Оваа група на македонската рок-сцена опстојува повеќе од десетина години. И покрај тоа што зад себе имаат само еден албум, насловен „Јаггах“, вокалистот Никола Тричко, гитаристот Зоран Андоновски-Типе, тапанарот Влатко Ѓоргиевски-Далтон и Бране Антовски, кој свири на народни инструменти, имаат култен статус на актуелната македонска рок-сцена. На овој концерт момците ќе отсвират дел од песните што се наоѓаат на албумот, но и неколку нови, кои според зборовите на членовите се многу помоќни во однос на претходните.

Во својата еднодецениска кариера, „Верка“ имаше голем број настапи. На фестивалот „Таксират“ во 2001 година тие ја делеа сцената со култниот словенечки состав „Лајбах“, а беа и предгрупа на првиот концерт на „Соулфлај“ во Скопје. Токму настапот пред Макс Кавалера и „Соулфлај“, кој се случи на 27 февруари 2003 година, беше нивното последно концертно претставување пред публиката. Пред десетина месеци „Верка“ го најави своето враќање на музичката сцена, кога во „Хавана“ одржа заеднички концерт со „Дедикејтед фор лајф“.

Членовите на групата, кои претходно беа дел од делчевските групи „Њу ејџ месаја“ и „Модифајд гадс“, во 2000 година се фузираа во „Верка“, со што почнаа да прават сопствени песни, кои се базираа на тврдиот метал-звук со примеси на индастријал. Во почетокот од 2001 година „Верка“ беше победник на „Рок-фест“, и тоа според гласовите на жирито и на публиката, а неколку месеци подоцна беше и првопласиран на „Лузер фест“, помалото братче на интернационалниот фестивал „Таксират“.


#
 

Kajgana Shop

На врв Bottom