Тажно :kesa:
Ај со ред да фатиме - прво честитки за Мајнц. Заслужено се радуваат. 7 од 7 нели е нашиот рекорд во Бундес Лига? Епа од се срце им посакувам наредно коло да го израмнат - во првиве 6 кола ги победија Волфсбург, Бремен и сега и нас - сите на гости! Така се игра бе братче, цел тим дадоа по 10% екстра од она вообичаеноти, секој трчаше за другиот и како резултат на тоа си победуваат луѓето нормално.
Е сега за нас... од кај да почнеме..?
Бут - светла точка. Одбраната да одат да се обесат сите... Прањо не би бил резерва ни во ФК Долно Дупени. Централната ни наша одбрана втора сезона по ред е приказна за себе... Холтби што им направи кога го дадоа првиот гол Мајнц. А при вториот немаше човек 5м од играчот на Мајнц. Средината - топките на вБомел се едино опасност за колите на паркингот позади Алијанц. Швајни, Лам и Милер се тотално изгубени. Кроос чат - пат нешто ќе проба и толку... Нападот... Кој напад? Тој што 270 мин нема дадено гол дома (ова денес беше автогол - подарок од Мајнц)?
Делумно нешто може да си објаснам со светсково - разбирам дека сите се уморни - ама ваква мизирија бе? Дај не зезај... Ротирај малку од малку ебаго вГаалот ебаго ако гледаш дека се уморни некои играчи. Никој не трча и не сакам ни да помислам колкав % на пасови имаме (5-6 прилики од пола метро се утнаа, една асална дијагонала не дојде од вБомел или каков било офанзивен импулс од Швајни). Никаква игра... Ништо.
И не мислете дека Робен и Рибери со магично стапче ќе ги решат сите проблеми. Со индивидуални акции може да се погрижат за некој гол ама тоа ни од далеку не ги решава нашите проблеми во играта. Изговорот со неиграњето на овие двајца држи да беше ова 1/4 финале на ЛШ со некој сериозен противник кај што еден такопв потег и обично решава - ама со Мајнц? Без потценување ама...
Овие што денес истрчаа треба во секоја ситуација, во „нормални“ услови каде секој од нив едноставно професионално ќе даде 100% од себе на теренот, без проблеми да може да го победат Мајнц, во каква сака форма нека бил. Ако не се средат и тоа итно ништо не ја бива и ќе биде касно кога овие двајца ќе се вратат! Сакаме со 80% перфорамси да газиме дома - е не бива така бе срциња, сега сите играат. А дека против нас сите се уште толку мотивирани не треба да потенцирам.
Не знам што да очекувам во Вторник. вГаал нема да ротира тоа сум сигурен под изговор дека треба да влезат во ритам првотимците... А тие кутрите прегреани...