Не знам што да искоментирам..Немам глас повеќе за да зборувам, го оставив во студио. Онаква атмосфера немам ни на стадион доживеано, сите што беа знаат.
Прво сакам да им честитам победа на играчите 110% заслужена.
Второ, сакам да им честитам на сите што дојдоја во голем број заедно да гледаме и да навиваме (урламе) во студио. (да видевте само што се дешаваше додека траеше натпреварот)
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Трето, на реваншот, се враќаат Робен, Швајни и Гомез сигурно ќе игра прва. Штета за Јунајтед ако останат без Руни, стварно на никој не му го посакувам тоа.
И четврто, не можам да пишувам повеќе, во еуфорија сум уште така да утре или покасно со средена глава ќе напишам нешто и за натпреварот поконкретно.
А да, ОЛИЌ ЅВЕРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРР