Рибери најдобар во Бундеслига
Крилото на Баерн Минхен, Френк Рибери ја освои наградата Бундеслига Играч на Месецот за август.
Французинот ги збесна противничките играчи и гледачите со своите напаѓачки продори, водејќи го Баерн во три победи на стартот на домашното првенство.
24-годишниот фудбалер постигна еден гол и беше ’играч на натпреварот’ на сите три меча во кои настапи. Тој освои 55.5% од гласовите.
Втор според гласањето организирано од страна на спортскиот магазин Кикер е бекот на Шалке, Кристијан Пандер. Овој млад играч имаше успешен месец со својот прв репрезентативен настап за Германија на Вембли против Англија, каде што го постигна победничкиот гол со удар од далечина.
Пандер, кој беше најдобар играч на дербито против Дортмунд, освои 40.3% од гласовите.
Томи Бехман од Бохум е третопласиран, со три постигнати гола на првите три натпревари и освоени 4.2% од гласовите.
Има ли конкуренција за овој човек??????
Само челниците на Баерн се пожалија до федерацијата за острите стартови на фудбалерите од другите екипи кои пробуваат да му се доближат на Рибери барем до петата,бидејќи Хитцвелд мака мачи со повреди.Сепак кога се ќе се среди односно веќе се средува пошто фали само Тони од повредените и Јансен е тогаш на останати само оружје ги спасува да пукаат по Баерн за да се спасат.
ЛЕЛЕ колку ми е криво што не играме у Лига на Шампиони.
На пример да ги акневме Челзи 2:0 :tv:
УТРЕ ВО 5 НА АЛСАТ ХАМБУРГЕР ЌЕ ГОРРРРИИИИИИИ!!!!!