Преминување во друга личност

  • Креатор на темата Креатор на темата OrTacE
  • Време на започнување Време на започнување
Јас НИШТО НЕ СУМ СЕ ОБИДУВАЛ!!! Не сум подлегнал на никакви квази-општестевни очекувања

Не? Тогаш како го нарекуваш ова доле?

И ако некогаш сум мислел да се оженам, тоа сигурно не било оти сум почнал да се палам на девојки, туку заради тоа што погрешно сум сметал дека така би живеел полесно.

Се имам залапано еднаш со една, ама само заради тоа што цело време ми се пуштала, а другар бил со нас, па да не испаднам сомнителен, сум ја бакнал.

Изгледа ти прејде во навика да си ги рушиш ставовите еден со друг во разлика од само неколку поста. Само најсмешното е, овој пат тоа се случи во ЕДЕН ПОСТ. Браво! Имаме прогрес!

Инаку во истите твои ситуации се има најдено готово секој геј во Македонија, некои дури и играат на тие карти, но да мрчиш зошто другите сега го прават тоа, бидејќи биле/се ставени во слична ситуација, или порано го правеле тоа, што е уште посмешно за тоа да критикуваш, е навистина нелогично и абсурдно.

Фактите се дека ниту сум се обидел, ниту нешто од тоа сум остварил, и “фала богу“ гледам дека најисправно сум постапил. За разлика од други...

Други кои можеби ја немаат/немале таа среќа како ти што си ја имал, дали тоа значи дека треба да ги омаловажуваш?

Јас воопшто не се вртам контра хомосексуалната популација друже.

Не? Само што со мене влезе во глупава дебата за тоа кој е подобар геј од кого. Не само мене, туку и друг(и). Оф, чекај, гејци се само тие со твоја сексуална улога, заборавив. Исто негативно збориш и за бисексуалците, па и за наводни "транци". Едно прашање, дали од ЛГБТ заедницата ги подржуваш и имаш почит само за гејците? Мене така ми изгледа. А ако е така, насловот на темата не ти е соодветен.

Ѕирни да видиш кој прв јавно истапи овде да каже дека е геј, и кога!

Wow, каква храброст, јавно истапил дека е геј на форум ... Во ред, anyway, каква има тоа врска со реалниот живот? Форум и реален живот не е исто. Колку луѓе знаат дека си геј лично?

Види ги моите постови, па ќе ти стане јасно дека скоро година дена упорно и упорно изнесувам факти контра хомофобијата

И после година дена се сврте кон луѓе слични на тебе ... со хомофобни ставови.

да не фалам, ама многу од моите теми и коментари помогнале голем дел од неинформираните стрејтери со други очи да гледаат на хомосексуалците.

И голем дел од твоите (понови) коментари навредија доста членови тука (иако се уште мислиш дека никој не си навредил), кои се исто геј. Помош жими ташаков. Само се обидуваш да си ги оправдаш твоите нелогични ставови (кога викам нелогични мислам нелогични и во однос на геј заедницата).

Но, без разлика дали некој е геј или не, јас не можам да го бранам него и неговите ставови, ако се гледа дека се погрешни.

Според кого бре човек!? Ти си единствениот со таквите ставови!

Искрено, до пред извесно време не ни знаев дека има две групи

Епа не знам зошто се правиш дека знаеш се за хомосексуалците а такви основни работи да пропуштиш во твоето .... истражување. Ако можам така да го наречам. Инаку твојата група се смета за нова, ако не знаеше, така да тие две групи кои ги спомна се стари колку што е старо постоењето на хомосексуализмот. а тоа што ТИ не си знаел дека постојат, е тоа е веќе друга работа.

кои според мене, не се природни. Сум имал некоја среќа, па партнерите со кои сум бил, биле версатилни (или барем глумеле дека се). Но строго актив и строго пасив, за мене не се ни геј-популација. Жалам, ама не знам што би го сменило мојот став.

Wow, и после човекот не навредувал. И да, пак доаѓаме до она - јас, јас, јас, јас. Човеку, кога зборуваш за цела геј популација нема ЈАС/МЕНЕ. Тебе може не ти се природни, но за глобалната геј заедница и тоа како се природни. Затоа не ми мешај лични ставови со општи ставови.

А за мојот ефект овде... извини, не си дораснат да коментираш.

Па, гледајќи ги неговите постови и од тоа што сум дискутирал со него, знае многу повеќе од колку тебе. За некој кој е хетеро. Што е навистина смешно поради фактот дека ти си геј.

Види, за да биде некој хомофоб, треба од другата страна да има хомосексуалец, кој без причина ќе го мрази.

Може да дигнам рака? :helou:

Не би рекол мразење, но дискриминација - да.

Ќе повторам по стоти пат: Хомосексуалец не може да биде некој кој е пасивен целосно и доживува оргазам само и САМО со мастурбација (ако веќе воопшто доживува)

Има хомосексуалци кои едноставно само со обичн аили взаемна мастурбација си ги задоволуваат потребите со партнерот. Не знам дали спаѓаат во некаква група, но знам дека постојат. Мислам дека ова може да го потврди DiesIrae.

а партнерот го задоволува на секој можен начин. Тоа, извини, е некаква нездрава потреба да се биде субмисивен, потчинет, самопотценет... и замисли бе, тоа, и САМО тоа, да го палело!!!??? :pos2: Исто и за партнерот: што сака од тој другиот? Жена?

Како тебе што те палат поедини работи кај машко, така и нив ги пали поедини работи кај машко. Што само комплицираш? Има луѓе кои сакаат да бидат потчинети или да бидат во посензитивната улога. Инаку за тоа што го наведе, зборот се вика фетиш, провери си во речник да видиш дали ќе најдеш дека е нешто нездраво. Застапен е во иста мера кај хетеросексуалното население. И јас би го употребил зборот, преференции.

Некои ми тврдат дека ерогените точки кај мажите, МОЖЕЛЕ да бидат на различно место. Тоа е во ред. Некои мажи се возбудуваат од анална стимулација, некои не сакаат ни да помислат. Ама како може да ја нема Г-точката од половиот орган? Тоа ти е како да тврдиш дека циркимцизирана жена ужива во сексот.

Кој вика дека ја нема G-Точката кај половиот орган? ја има, ам се стимулира на поинаков начин.

Значи, за мене е битна состојбата после сексот, за да определиш дали некој е геј или стрејт. Дали и понатаму ја сакаш личност крај себе, да ја бакнуваш, гушкаш, низ цигаре да си напраиш муабет, или скокаш од кревет, облакаш фармерки и магла.

Значи, битното е како ти е во главата, а не дали си доживеал оргазам. Оргазам можеш и сам да си доживееш, онака, од твоја рака :icon_lol:

Значи не е се до половиот орган, затоа престани да го користиш тоа во твоите постови, еве сам си докажа дека се е во главата и во чувствата пред, за време и после секс.

:vozbud: Баш ме интересира колкав е бројот на строго пасивци кои свршуваат на овој начин.

Најверојатно, ист како и жените за време на анален :icon_lol: Без да го допрат клиторисот...

Ги има доста, не се грижи. Веројатно имаш и склецано некои од нив, а не си имал поима.
 
Види сега: преферирањето на месо или зелена салата е лоша компарација за употребата на ПОЛОВИОТ орган за време на секс, или не.

Збориме за дисфункции, не? Компарација меѓу сексуална и дигестивна дисфункција. Мене ми звучи како добра компарација.

Јас лично не можам да разберам да имаш секс, а половиот орган да не го вклучиш во тоа. Никогаш!

И јас не разбирам зошто геј пасив ти е еднаков со жена. Дали тоа тебе би те етикетирало како полумаж, или полужена? Да не испадне навреда, избери кој термин ти одговара повеќе, но да знаеш термините се добиени по твоја логика. И ти самиот во одредена ситуација со твојот партнер си имал пасивна улога, бидејќи си версатилен, нели? Дури нека е во текот на еден сексуален однос, пак ќе прашам, не те прави тоа полумаж/полужена?

Мислам дека ова прашање ти го поставив во темата за ЛГБТ заедницата ама не добив одговор, се надевам сега ќе добијам еден.

Ќе прашам:
-има стрејтер кој пенисот не го употребува за време на сексот (ниту за орален секс??)
-има ли стрејтерка која вагината не ја употребува за време на секс?

Ако нема, тогаш како може да биде нормално строго пасивниот никогаш да не го употребува органот during the sex???

Дали стрејтерите практикуваат уни секс? Не?

Па како е тоа можно, па нели во еден пост убаво напишав дека G-Точката освен во пенисот, ја има и во анусот. Зошто стрејтерите (општо земено) не сакаат да бидат клецани во задник? Не сакаат друже, имаат такво правило/преференција.

Инаку и кај лезбејките има актив (top) и пасив (bottom). Го знаеше тоа? Ајде почни со твоите филозофии пак и за нив, да биде барем дискриминацијата еднаква.

А за тоа дека треба да молчам и да ги оставам другите да си прават што сакаат, ок. Да ги оставам и објектофилите, педофилите, некрофилите, садо-мазохистите... и да не се прашувам: Зошто го прават тоа? (?)

И ти почна педофилијата да ја мешаш со хомосескуалност? На толку ниско ниво падна? Оди придружи им се на волциве од форумов, ќе имаат потреба од твоиве мислења да им ја докажеш поентата.

Изгледа и тебе не ти се сосема јасни дефинициите за хомосексуалност, педофилија, некрофилија и садо-мазохизмот. И ти почна да ставаш се во ист кош.

Абе сега... нивна работа... Па нивна работа е и зоофилите да си општат со миленичињата, тоа не го прават ни пред моето, ни пред твоето дете. Ама, прашањето е: нормално ли е?

Па и ти, и овие вернициве, и овие стрејтери ги измешаа хомосексуалноста со педофилија па дури и канибализам, а сега им се приклучи и ти. Не замеравам, кога некој губи на аргументи, почнува абсурдни мислења да дава за да се оправда. Ама, прашањето е, дали е паметно?
__________________________________
Значи: машкото како машко, по дифолт е пенетратор!!! Затоа и половиот орган има таков, фалусен облик.

Ако идеме по default, причината за пенис и тестиси е да се размножуваш, па има некои кои не ги следат истите "правила". Било геј или стреит. Мастурбацијата, ете, некои би рекле дека е залудно трошење на метаријал за живот. А е еднакво застапена и кај геј и кај стреит групите. Критики постојат, но ете и ти мастурбираш, па никој не ти замерава, а и да ти замерава, ти ќе си продолжиш, нема да ти е грижа дали трошиш залудно сперма или не.

Ако еден маж, геј или стрејт, воопшто не пенетрира, и наместо тоа само е пенетриран, тогаш каде е мажот тука?

Нели пред малку рече, пенисот нема врска, најважно е како се чувствуваш и што ти е во глава? Пак сега сврте кон пенис, абе ти ги вртиш работите како ти одговараат?

Хомосексуалниот маж исто. Поради тоа што е хомосексуалец, го привлекуваат мажи. Поради тоа што по дефиниција хомосексуалецот знае дека е, и се чувствува како маж, има потреба да пенетрира.

Не мора да значи.

Ова значи дека тие што се строго пасив (со се’ стрејтерите мажи) не се чувствуваат така воопшто, туку се транци.

Еве уште една утната дефиниција, овој пат за транссексуализмот.

Замисли ситуација: жената со дилдо го пенетрира мажот и овој така свршува. Па после, мажот орално ја задоволува жената, и цел живот така. :pos2:

Звучиш како да нема такви луѓе .... Можеби треба малку подобро да истражиш следниот пат, ако воопшто го правиш тоа, или само вадиш од своја глава лични дефиниции за се и сешто.

Или мажот пенетрира во анален секс, а жената добива оргазам, и цел живот така.

Не бе, не е нормално :smir:

Нормално е за тие кои го прават тоа, а има такви. Како што тебе ти е нормално да бидеш и пенетриран и да пенетрираш во исто време.
_______________________________
Не знам каде прочитав коментар: “Мажот е маж не според тоа дали (има) т.е. го употребува половиот орган, туку според тоа како се однесува“. :nesvest:

Дали не е маж феминизираниот версатилен геј? Ама, онака, ептен феминизиран.

Да, како се однесува/чувствува.

Маж е. Ако се уште се определува како маж, а не трансексуалец.

Твојата наводна дискриминација, не држи вода, колега. Да повторам што е “хомосексуалец“? Сигурен сум дека знаеш дека се работи за МАШКО кое се осеќа како МАШКО и го привлекуваат МАШКИ.

Да, а не да пенетрира и да го прима. Тоа не е дефиницијата на геј маж. Може тоа е твојата, но тоа веќе друго. Не е општата дефиниција.

Поради тоа што е хомосексуалец, го привлекуваат мажи. Поради тоа што е маж, има потреба да пенетрира.


Лично твој заклучок, познавам едно дузина луѓе кои би се изнасмеале на ова. Ама ај, секој има право на све мислење, освен кога истото се наметнува како официјална дефиниција за хомосексуалност.

Ако некој “хомосексуалец“ воопшто нема потреба од пенетрирање, има проблем со полова идентификација.

Дали истото би важело и за жени лезбејки? Кои не сакаат да бидат пенетрирани, туку само лижени? Имаат ли тие проблеми со полова идентификација? Изгледа воопшто не внимаваш што пишуваш и каков ефект тоа би имало врз другите членови од форумов а и луѓе пошироко кои го читаат ова.

Ќе го повторам примерот: Замисли во брак, жаната цел живот го пенетрира мажот со дилдо, овој така доживува оргазам, а потоа “мажот“ ја задоволува жена си орално. И се’ така. Прашувам: Го забележа ли некој мажот во прикаската??? Јас -НЕ!

Па не го забележуваш поради твојата лична дефиниција за машка особа. За многу луѓе фактот дека си геј и дека дозволуваш да ти го става некој од позади им значи дека ти не си машко. Дали ме гледаш мене или некој друг сличен како тебе (геј), да те критикува/дискриминира за тоа? Би било апсурдно нели? Епа ај замисли се малку што всушност правиш овде и што всушност сакаш да постигнеш?

Да, ова првото ти е точно: дел од импотентните и геј-пасивните имаат проблем со ерекцијата. Другите чувствуваат инфериорност заради малиот полов орган (ова 14 цм ти е преурането, бидејќи светскиот просек e 12,9 - 15 cm) а медијаната е 12,3 (најголема застапеност) !!!

Јас на пример, од лично искуство, не гледам незадоволност со половите органи кај партнерите (пасивни). Всушност, на еден од нив му бев и љубоморен во тој поглед, мислам дека немам видено поголем орган од тој :). Мислев дека е актив само поради тој факт, а се изненадив кога ми кажа што всушност сака.

Така што, за “недоразвиени“ полови органи станува збор само во психата на машките, кои веруваат во тоа што го гледаат на порно-филмовите :smir: (Ако ви се верува, познавам маж, на 40 годишна возраст, кој тврди дека единствена причина зошто не се оженил, била токму големината на неговиот пенис! :nesvest: Страшно!) Проблемот е ако должината е под 6цм, бидејќи тогаш не можат да ја достигнат најчувствителната точка во женското тело, додека во случаите со хомосексуалците, големината игра само психичка (негативна) улога!

Да де, но не го гледам тоа во мојот случај. Човекот знаеше што сака и покрај тоа што е задоволен од својата надареност. :tapp:
 
Не? Тогаш како го нарекуваш ова доле?

А како треба да го нарекувам?
Ниту една намера за секс. Како и нормалните стрејтери, без потреба да “пробам“ од тоа другото, да видам да не може ќе ми се допадне, оти знам што сакам. Всушност, не сакам да изгледа дека се бранам, ама така е. Знам што сум и знам што сакам. Како што еден стрејтер знае дека му се допаѓаат девојки, така јас знам дека ми се допаѓаат машки. Не се срамам од тоа, за разлика од мнозинството, кое има потреба да глуми за да му се допадне на општеството.

А тоа што некогаш сум мислел некогаш, е ирелевантно. Човек различно размислува на 17, 18 и на 23. Но, останало само на РАЗМИСЛУВАЊЕ.

Други кои можеби ја немаат/немале таа среќа како ти што си ја имал, дали тоа значи дека треба да ги омаловажуваш?
Јас воопшто не ги омаловажив тие што се мувале со девојки.
Темата овде е Дали девојка би останала со дечкото ако дознае дека се мувал со машко.

А друг е мојот став за атрого актив и строго пасив популацијата.

Инаку твојата група се смета за нова, ако не знаеше, така да тие две групи кои ги спомна се стари колку што е старо постоењето на хомосексуализмот.
Извини што ќе те разочарам, ама современата хомосексуалност нема многу допирни точки со ПЕДЕРАСТИЈАТА. Разграничи си ги овие два поима!

Тебе може не ти се природни, но за глобалната геј заедница и тоа како се природни.
За ова ќе те упатам на процентуалните резултати, каде едвај 15-ина % од вкупно изјаснетите се строго актив и строго пасив. Па сега ти види која е таа 15% “глобална“ популација.

Има хомосексуалци кои едноставно само со обичн аили взаемна мастурбација си ги задоволуваат потребите со партнерот. Не знам дали спаѓаат во некаква група, но знам дека постојат. Мислам дека ова може да го потврди DiesIrae.
Блазе им на таквите.

Има луѓе кои сакаат да бидат потчинети или да бидат во посензитивната улога. Инаку за тоа што го наведе, зборот се вика фетиш, провери си во речник да видиш дали ќе најдеш дека е нешто нездраво. Застапен е во иста мера кај хетеросексуалното население. И јас би го употребил зборот, преференции.
Тие потчинетите и посензитивни очигледно не се чувствуваат како машки (за време на сексот). За мене може да се само прикриени или неостварени транссексуалци, ама хомоси... тешко. Фетиш и преференци, немаат врска едно со друго. Кај фетишот се јавува возбуда не од партнерот со кој си, туку од положбата во која ќе го ставиш: потчинет, субмисивен, послушен... без ниедна карактеристика на машко.

Кој вика дека ја нема G-Точката кај половиот орган? ја има, ам се стимулира на поинаков начин.
Ако мислиш на мастурбација, тогаш се поставува прашањето: зошто воопшто стапуваат во секс каде се само пасивни!

Значи не е се до половиот орган, затоа престани да го користиш тоа во твоите постови, еве сам си докажа дека се е во главата и во чувствата пред, за време и после секс.
До главата е, ама ако не го користиш половиот орган, исто како да не си имал секс. SEX=Пол! Да го оставиш партнерот сам да се задоволи со рака, или ти да го направиш тоа, воопшто не е секс.

Ги има доста, не се грижи. Веројатно имаш и склецано некои од нив, а не си имал поима.
Прво, те молам да не збориш во множина за моите партнери :smir: и жалам ако не се совпаѓам во твојата слика за геј со тоа што сум имал (имам) само еден партнер, кој впрочем е версатилен.
 
Збориме за дисфункции, не? Компарација меѓу сексуална и дигестивна дисфункција. Мене ми звучи како добра компарација.
Не, не е добра. Добра ќе е да беше компарацијата: некој сака да јаде, а друг не!

И јас не разбирам зошто геј пасив ти е еднаков со жена. Дали тоа тебе би те етикетирало како полумаж, или полужена? Да не испадне навреда, избери кој термин ти одговара повеќе, но да знаеш термините се добиени по твоја логика. И ти самиот во одредена ситуација со твојот партнер си имал пасивна улога, бидејќи си версатилен, нели? Дури нека е во текот на еден сексуален однос, пак ќе прашам, не те прави тоа полумаж/полужена?
Не, не ме прави полу-маж, од едноставна причина што версатилниот геј пенетрира!!! а е пенетриран бидејќи ЗНАЕ дека партнерот со кој е е МАЖ, па и тој има потреба од истото. Нешто што вие строго-активните не сакате да го знаете. Праша за мене кој знае со колку сум бил “онакви“ (и доби одговор), сега јас да те прашам: знаеш ли со колку версатилни си бил, кои ти глумеле пасивни само за да бидат со тебе?

Дали стрејтерите практикуваат уни секс? Не?

Па како е тоа можно, па нели во еден пост убаво напишав дека G-Точката освен во пенисот, ја има и во анусот. Зошто стрејтерите (општо земено) не сакаат да бидат клецани во задник? Не сакаат друже, имаат такво правило/преференција.

Инаку и кај лезбејките има актив (top) и пасив (bottom). Го знаеше тоа? Ајде почни со твоите филозофии пак и за нив, да биде барем дискриминацијата еднаква.

Уф, кога би знаел колку стрејтери уживаат кога партнерката ќе им го пикне прстето... мх мх... Ама проблемот е што поради стереотипите се плашат да и’ кажат на партнерката, демек ќе испаднат геј пред неа. И не се работи за преференца, туку за шаблон поставен од општеството, кој ги ограничува целосно да уживаат со партнерката.

А за лезбејките ништо не знам. Искрено. Ама ако едната само сака со дилдо да пенетрира, а другата да е пенетрирана, тогаш активната очигледно се чувствува како машко (транс) а другата е фетишарка која сака да биде потчинета. Како кај гејовите. (се надевам, на ова мислеше кога рече еднаква дискриминација) :smir:

И ти почна педофилијата да ја мешаш со хомосескуалност? На толку ниско ниво падна? Оди придружи им се на волциве од форумов, ќе имаат потреба од твоиве мислења да им ја докажеш поентата.

Изгледа и тебе не ти се сосема јасни дефинициите за хомосексуалност, педофилија, некрофилија и садо-мазохизмот. И ти почна да ставаш се во ист кош.

Сакаш да ти држам часови за овие поими?
Кај педофилите има возрасна особа која напастува дете, кое не е способно да го сфати значењето на актот. Некрофилите сквернават леш, се палат на него заради “можноста“ да искажуваат доминантност, моќ, контрола... :tapp: Садомазохистите ги палат истите психички состојби (доминантност, моќ, контрола). Ти, чинам рече, доминантноста и субмисивноста се главните елементи кои ги пали актив и пасив популацијата?

Ако идеме по default, причината за пенис и тестиси е да се размножуваш, па има некои кои не ги следат истите "правила". Било геј или стреит. Мастурбацијата...
Ова за размножувањето, реков дека е така само кај животните. Жената, ете, има потреба од секс и кога не и се плодни деновите. Кај човекот, сексот има ептен мала врска со размножувањето: причинско-последична :pos2: Значи: сексот служи за уживање, ама не со секого, секаде и на секаков начин, туку за со партнерот. А самиот поим СЕКС, значи и вмешаност на половите органи на двајцата партнери. Жалам што ќе те разочарам, ама партнерите со кои си бил, немале секс, туку мастурбација. Ептен ми е жал што морам да ти го кажам ова. :nesum:
 
Сакаш да ти држам часови за овие поими?
Кај педофилите има возрасна особа која напастува дете, кое не е способно да го сфати значењето на актот. Некрофилите сквернават леш, се палат на него заради “можноста“ да искажуваат доминантност, моќ, контрола... :tapp: Садомазохистите ги палат истите психички состојби (доминантност, моќ, контрола). Ти, чинам рече, доминантноста и субмисивноста се главните елементи кои ги пали актив и пасив популацијата?

Само за сопствената настраност имаш објаснување, оправдување и примери од животинскиот свет?
 
Нели пред малку рече, пенисот нема врска, најважно е како се чувствуваш и што ти е во глава?
Дијалог на глуви испаѓа работава... :tapp:
Реков: како се чувствуваш после секс, убаво или не, па следствено дали си геј, МСМ или стрејт (еве, и би нека биде).
А пенисот ако некој не го употреби за време на секс... :toe: Не би рекол дека е машко.

Хомосексуалниот маж исто. Поради тоа што е хомосексуалец, го привлекуваат мажи. Поради тоа што по дефиниција хомосексуалецот знае дека е, и се чувствува како маж, има потреба да пенетрира.

Не мора да значи.

Ова на стрејтер да му го кажеш, верувам слатко ќе се изнасмее.

Звучиш како да нема такви луѓе .... Можеби треба малку подобро да истражиш следниот пат, ако воопшто го правиш тоа, или само вадиш од своја глава лични дефиниции за се и сешто.

Па... секое правило има исклучок. Прашувам: нормално ли е жената цел живот да го пенетрира мажот со дилдо, а овој да не знае за што му служи пенисот и цело време да си мастурбира со жена му Мира? :kez:
 
Окашкавте работа... не знам шо да кажам.... Та едни та други... очигледно на форумов остана само докажувањето кој е поголем „брбљач“... конструктивноста ја умаат заборавено некаде... кој знае каде... темава е аут оф контрол... подобро да се забрани....
 
Само за сопствената настраност имаш објаснување, оправдување и примери од животинскиот свет?

Да бе. Оти во животинскиот свет, не сум видел мажјак да пари младо полово незрело од сопствениот вид, ниту пак леш. Ниту пак сум видел некое животинче да ја врзе женката, и тоа да му биде сексуален стимул.

Значи, само за мојата настраност. :aplauz:
 
А како треба да го нарекувам?
Ниту една намера за секс.

Извини, ама ти не рече секс. Рече дека не си размислувал, или си бил ставен во било каква ситуација каде си морал да направиш нешто протов своја волја, само за да ги оправдаш очекувањата на другите или за да ги уништиш туѓите сомнежи.

Како и нормалните стрејтери, без потреба да “пробам“ од тоа другото, да видам да не може ќе ми се допадне, оти знам што сакам.

Мислиш дека сите кои пробале го направиле тоа за да видат дали ќе им се допадне? Грешка друже.

Всушност, не сакам да изгледа дека се бранам, ама така е. Знам што сум и знам што сакам.

Како и јас и сличните знаеме што сме и што сакаме, можеби и повеќе од тебе, со фактот дека си on thе fence кога се работи за сексуална улога, исто како и бисексуалците. Иако верувам дека и тие подобро знаат што сакаат од луѓето од колку ти.

А тоа што некогаш сум мислел некогаш, е ирелевантно. Човек различно размислува на 17, 18 и на 23. Но, останало само на РАЗМИСЛУВАЊЕ.

И лапањето девојки остана ... "размислување"?

Јас воопшто не ги омаловажив тие што се мувале со девојки.
Темата овде е Дали девојка би останала со дечкото ако дознае дека се мувал со машко.

А друг е мојот став за атрого актив и строго пасив популацијата.

Зборам за некои кои поради поедини околности и ситуација(друштво/фамилија/нешто трето), биле приморани да отидат чекор повеќе од само мување девојки.

Извини што ќе те разочарам, ама современата хомосексуалност нема многу допирни точки со ПЕДЕРАСТИЈАТА. Разграничи си ги овие два поима!

Навистина? Ајде чим знаеш, нагласи ми ги разликите меѓу тие два поима. Инаку разочарувањето е само твое, зборам за геј мажи со соодветни сексуални улоги. Прочепкај си на нетов ќе видиш.

За ова ќе те упатам на процентуалните резултати, каде едвај 15-ина % од вкупно изјаснетите се строго актив и строго пасив. Па сега ти види која е таа 15% “глобална“ популација.

Кои 15%, тие од gayromeo? :vozbud: зборам за чисто версатилните, во активци спаѓаат и тие версатилни активи, ти ги кажа и DiesIrae.

Тие потчинетите и посензитивни очигледно не се чувствуваат како машки (за време на сексот).

Чекај, од каде знаеш? Нели не си бил со геј пасиви? Или можеви си бил, си се разочарал, па сега форимираш ставови во однос на тоа?

Јас сум бил, и знам што сакаат и како се чувствуваат, и нема никаква допирна точка со тоа што упорно и упорно сакаш да го наметнеш како официјална дефиниција.

За мене може да се само прикриени или неостварени транссексуалци, ама хомоси... тешко.

За тебе, кој нема ни пробано со некој таков. Без лично искуство, не очекувај да те сфати некој сериозно.

Фетиш и преференци, немаат врска едно со друго.

Па и педофилија, некрофилија и зоофилија немаат ништо заедничко со тоа што го наведе во претходните постови па сепак си ги наброја нели?

Инаку ако прочиташ убаво, ќе видиш дека лудирам на друго, а не на тоа дека фетиш и преференца е едно исто нешто.

Кај фетишот се јавува возбуда не од партнерот со кој си, туку од положбата во која ќе го ставиш: потчинет, субмисивен, послушен... без ниедна карактеристика на машко.

Тоа не е фетиш, барем не за мене. Некои можеби го сметаат за фетиш, како и да е. Имаш потврда и од други дека ова не е тој случај.

Ако мислиш на мастурбација, тогаш се поставува прашањето: зошто воопшто стапуваат во секс каде се само пасивни!

И со мастурбација, и со пенетрација каде не мастурбираат. Стауваат во таков секс бидејќи тоа им одговара како што нагласив претходно дека тебе ти одговара да си бутан и да буташ во исто време.

До главата е, ама ако не го користиш половиот орган, исто како да не си имал секс. SEX=Пол! Да го оставиш партнерот сам да се задоволи со рака, или ти да го направиш тоа, воопшто не е секс.

Дали е важно дали е секс или не кога резултатот е оргазам?

Прво, те молам да не збориш во множина за моите партнери :smir: и жалам ако не се совпаѓам во твојата слика за геј со тоа што сум имал (имам) само еден партнер, кој впрочем е версатилен.

Па и јас те замолив да не збориш некои работи за мене, па ти си ги дозволи на другата тема, нели? Во секој случај, извини ако те навредив со тоа.

Не, не е добра. Добра ќе е да беше компарацијата: некој сака да јаде, а друг не!

Јадење? Абе нека биде пиење. Некој пие алкохол некој не :vozbud:.

Не, не ме прави полу-маж, од едноставна причина што версатилниот геј пенетрира!!!

Да ама играш улога на жена за одредено време. Дали за цел сексуален однос, или дел од истиот, не е важно. Испаѓаш полумаж/полужена.

а е пенетриран бидејќи ЗНАЕ дека партнерот со кој е е МАЖ, па и тој има потреба од истото.

И му се предаваш потполно во тој момент нели? Исто како и пасивците.

Нешто што вие строго-активните не сакате да го знаете.

Си знам што сакаат партнерите. Тоа ми е доволно.

Праша за мене кој знае со колку сум бил “онакви“ (и доби одговор), сега јас да те прашам: знаеш ли со колку версатилни си бил, кои ти глумеле пасивни само за да бидат со тебе?

Да, двајца. И затоа беа избркано од кревет после тоа. Најмногу заради лагата, не заради тоа што пробаа да направат нешто.

Уф, кога би знаел колку стрејтери уживаат кога партнерката ќе им го пикне прстето... мх мх... Ама проблемот е што поради стереотипите се плашат да и’ кажат на партнерката, демек ќе испаднат геј пред неа. И не се работи за преференца, туку за шаблон поставен од општеството, кој ги ограничува целосно да уживаат со партнерката.

Да ама не сите го сакаат тоа. Има некои кои пробале и не им се допаднало. Имаше дури и тема за тоа, треба да ја ѕирнеш и да извадиш некој статистика од таму.

А за лезбејките ништо не знам. Искрено. Ама ако едната само сака со дилдо да пенетрира, а другата да е пенетрирана, тогаш активната очигледно се чувствува како машко (транс) а другата е фетишарка која сака да биде потчинета. Како кај гејовите. (се надевам, на ова мислеше кога рече еднаква дискриминација) :smir:

Да, да, на тоа мислев. Фала за дозата, барем докажа дека знаеш да дискриминираш. А тоа што не знаеш пак ќе ти кажам, е смешното. Што не знаеш, и банални објасненија даваш за истото.

Сакаш да ти држам часови за овие поими?

Не фала, нема да научам ништо. Би учел од некој кој знае што збори.

Кај педофилите има возрасна особа која напастува дете, кое не е способно да го сфати значењето на актот. Некрофилите сквернават леш, се палат на него заради “можноста“ да искажуваат доминантност, моќ, контрола... :tapp: Садомазохистите ги палат истите психички состојби (доминантност, моќ, контрола). Ти, чинам рече, доминантноста и субмисивноста се главните елементи кои ги пали актив и пасив популацијата?

Не, ако нешто нагласив неколку пати е дека не егзибирам власт и моќ врз партнерот.

А ова што го наброја, врска нема со мене и тоа јас што го правам. Не кратам права на никого, нити скверневам лешови, ни злоставувам деца, така од каде јас во ваа група? Јас и партнерот знаеме што сакаме еден од друг. Има ВЗАЕМНА СОГЛАСНОСТ, и знаеме што правиме.

Ова за размножувањето, реков дека е така само кај животните. Жената, ете, има потреба од секс и кога не и се плодни деновите. Кај човекот, сексот има ептен мала врска со размножувањето: причинско-последична :pos2: Значи: сексот служи за уживање, ама не со секого, секаде и на секаков начин, туку за со партнерот. А самиот поим СЕКС, значи и вмешаност на половите органи на двајцата партнери. Жалам што ќе те разочарам, ама партнерите со кои си бил, немале секс, туку мастурбација. Ептен ми е жал што морам да ти го кажам ова. :nesum:

Да не идам во премногу детали, имале орален секс ...:helou:

Извини што морав да ти го кажам ова. :)
 
Окашкавте работа... не знам шо да кажам.... Та едни та други... очигледно на форумов остана само докажувањето кој е поголем „брбљач“... конструктивноста ја умаат заборавено некаде... кој знае каде... темава е аут оф контрол... подобро да се забрани....

Само да додадам,ако има некој што вреѓа или се чувствува навреден нека ми се обрати по пп за да избришам.Многу се долги постовите,а и повеќе од 60% не разбирам за што е дебатата :) Да не ги читам сите,верувам дека нивото на дискусија ќе го задржите.
 
Да бе. Оти во животинскиот свет, не сум видел мажјак да пари младо полово незрело од сопствениот вид,

Јас сум видел документарец за моржеви кога ќе заврши сезоната за парење оние мажјаци кои не си нашле женка сексуално злоставуваат млади моржеви (а која е граница на полнолество кај животните?)
 
Дијалог на глуви испаѓа работава... :tapp:
Реков: како се чувствуваш после секс, убаво или не, па следствено дали си геј, МСМ или стрејт (еве, и би нека биде).
А пенисот ако некој не го употреби за време на секс... :toe: Не би рекол дека е машко.

Па и јас изгледа на глуви (слепи) зборувам. Ти кажав убаво како се чувсвуват после сексот.

Ова на стрејтер да му го кажеш, верувам слатко ќе се изнасмее.

Збориме за хомосекусалци, не стрејтери.

Па... секое правило има исклучок. Прашувам: нормално ли е жената цел живот да го пенетрира мажот со дилдо, а овој да не знае за што му служи пенисот и цело време да си мастурбира со жена му Мира? :kez:
Епа и јас сум исклучок, и уште, некои (многу) други.
 
Жената, ете, има потреба од секс и кога не и се плодни деновите. Кај човекот, сексот има ептен мала врска со размножувањето: причинско-последична :pos2: Значи: сексот служи за уживање, ама не со секого, секаде и на секаков начин, туку за со партнерот.

Кај гејојте пак никогаш сексот нема врска со размножување
100% е само за “уживање“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom