Имаше и пред некоја епизода, една од епизодите се најде на интернет со полош квалитет. Не знам како ни тоа, ни за оваа што велиш. Како и да е, официјалното прикажување е вечерва.
извини што не бројам според твое броење,како што гледаш лошо ти е броењето:smir:
тие две епизоди се посебни(иако си ги симнал споено,),и јас ги имав така симнато но тие не се како претходните сезони две во една
извини што не бројам според твое броење,како што гледаш лошо ти е броењето:smir:
тие две епизоди се посебни(иако си ги симнал споено,),и јас ги имав така симнато но тие не се како претходните сезони две во една
Не ми е лошо броењето, не сум администратор на ИМДБ. Ти ставив линк до таму и тоа е официјален, а не торентите кои ги симнуваме. Ти пишува епизода бр.5 со наслов и вовед, а ти викаш: ја имам гледано, излезена е. Твоја е грешката.
Патем, и Кјуз кога ја фалеше 3-та епизода, мислеше на таа со Лок, „по наше“ 4-та.
Програмчето ќе го симнете на сајтот. Моментално оди предходната епизода со објаснувања.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
И сега за последнава епизода: хоули фак, време беше! Ми се допадна, подобра беше од предходните. Поинтересна, посодржајна, без глупави дијалози, со многу акција.
Сеуште не ми е јасно дали откривме или не како може
да се убие Смоуки. Технички, Доген не го излажа, му кажа да го убие пред да му прозбори, но што мислеше со тоа е прашање. Дали мислеше дека откако ќе прозбори не може да го убие или ако му дозволи да зборува, овој може да го изманипулира. Ако е точно тоа што го вели Доген, тогаш некој од оние кои сеуште не прозбореле со Смоуки, би можел да го свитка. Како и да е, Саид прејде на другата страна.
Не ми е јасно ни зошто Клер би ја убила Кејт затоа што и го чувала синот, попрво би требало да и се заблагодари. Макар што тоа не е мистерија, повеќе е over-reacting, нешто како Џек кога ќе се изнервира.
Не ми е јасно ни зошто во FlashSideways ликовите од островот постојано се среќаваат. Или има некакво значење кое ќе се открие на крајот, или е шпанска сапуница во прашање.
И што беше по ѓаволите финтата со топчето за бејзбол?
Добро е. Нека продолжат вака, доста веќе со тегнење и лигавење.
Е после оваа епизода ништо не ми е јасно... Кој е добриот... Кој е лошиот... :raz: Само знам дека Џејкоб не беше до толку крволочен Сепак мислам дека овој Флок е тој лошиот, и не верувам дека може да биде убиен од некој кој не припаѓа на неговите, мислам со оглед на тоа што Џејкоб беше убиен од неговиот водач Бен... Според мене, Флок може да биде убиен само од Клер
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.