Од кога навивате?

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
порано секогаш бев против тимот на сестрами па така она беше за милан а јас за интер иако ниеден натпревар им немав гледано ниту пак знаев некој фудбалер
и пред 4 години во наш свет имаше постер од кака и милан па решив да гледам да видам кои се миланезите и памтам тогаш играа со рома
ми се свиѓаше нивната игра , и успеаа за прв пат во животот да ме задржаат 90 мин да гледам фудбал (пред тоа ни 5 мин неможев)
и од тогаш секој нивни натпревар го гледам и станав зависна од нив:)
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Жалосно е во Македонија скоро цела младина навива со страсти кон странски клубови а домашните незнаат ни дека постојат.Па нигде бе луѓе во странство нен навиваат за странски клубови.Можи Италјанците ке навиваат навиваат за Англиски клуб,или Русите.Хрватите пак нема шанси.Многу сме назад.Едно 10 години најмалце
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Навиваме, само не е тоа ниво на навивање на кое навиваме за странските клубови.За кој би навивал кога уште од сега се знае кој ќе биде шампион на Македонија следната сезона?И не сме само ние.Што мислиш само дома и кај нас големите клубови имаат навивачи?А оние стотици милиони во статистиките не постојат?Си згрешил Џо.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Одсегкоаш сум го сакал Пелистер... Дедо ми не пропушташе да не гледа натпревар на Тв, било кошарка, ракомет фудбал... Но, преноси од нашето првенство нема, наш клуб да се пласирал во поелитно светско натпреварување нема, така да останува да се гледа тоа што го има. Да одам на стардион за да гледам како се глупираат, како се тепаат Чембари и Комити или некои трети за да докажат кој е поголем навивач воопшто не одам.

На тв ја даваат редовно лигата на Шампионите, а милан го засакав со доаѓањето на шевченко во неговите редови. Италјанското првенство го пренесуваше тера телевизија и го коментираше (според мене најдобриот кометатор во Македонија кој не се експонираше доволно за да го гледаме на поголемите телевизии) Зоран Мишевски кој толку беше добар во својата работа што беше уживање да се гледа... Шева беше првите сезони најдобар стрелец во Серија А и од таму започна се!
 

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Татко ми ми зборуваше за некоиси Мијатовиќ и Шукер...еден ден заедно ги гледавме и мене ми се допаднаа и почнав да навивам за нив но ништо посебно...подоцна случајно го забележав Раул,и од тогаш станав Реал Мадрид Фанатик...:vozbud:
 
F

fantomX

Гостин
Имам три клуба за кои шо навивам и ги симпатизирам...


  1. Победа Прилеп.
    Нема шо да се објаснува. Ко мал со дедо ми одев на утакмици. Особено ги памтам утакмиците до Трабзон, Загреб и Пашинг (мислам тие беа, знам од Австрија енкој беше). Ееее, стари добри времиња...
  2. Челзи ФК.
    Прво ко почнав да гледам фудбал, единствено го знаев само Реал Мадрид. Ама имам еден 27-годишен братучед, изгорен за Челзи. Во 1998 ко беше финалето на, сега веќе непостоечкио куп, КПК... Ед де Гој, капитенот Стив Кларк, Торе Андре Фло, Џанфранко Ѕола, Дан Петреску... предводени од играч-менаџерот:) Џанлука Вијали. Тогаш и ја разбрав за „blues“!!! Ѕола влегува и одма дава гол!!!! Фантазија!!! Не бев баш многу голем, ама такво нешо не се заборава...:)
  3. Реал Мадрид.
    Овие појче ги симпатизирам него шо сум за нив, ама ко шо реков, тие се првио вонмакедонски клуб за кој шо знаев. Фернандо Иеро (или Хиеро, не знам како се чита точно), Пеџа Мијатович, Раул... Подоцна и Зидан. Дел од моите фудбалски идоли заедно со Ѕола, Хаселбанк, Ед де Гој, Стив Кларк...
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Одсегкоаш сум го сакал Пелистер... Дедо ми не пропушташе да не гледа натпревар на Тв, било кошарка, ракомет фудбал... Но, преноси од нашето првенство нема, наш клуб да се пласирал во поелитно светско натпреварување нема, така да останува да се гледа тоа што го има. Да одам на стардион за да гледам како се глупираат, како се тепаат Чембари и Комити или некои трети за да докажат кој е поголем навивач воопшто не одам.
Извини вака малку.Ти за Пелистер одиш(т.е неодиш) или за да не гледаш како се тепат Комити и Чкембари.Па имаш дел од трибината за обични фанови и имаш место на малата трибина ако веке нејкиш да гледаш "тепачки".Тепачките шо се дешаваат по светов по странските клубови во споредба со нашите(комити вс Чкембари) не се ни Т од тепачки.Па навивачите на милан стално се тепаат како и на сите и на Јуве Рома,Манчестер Ливерпул Челзи.,па како не му текна на илјадиците луѓе кои одат по стадион да си речат.Абе не одам појке да го гледам челзи или некој друг оти ке видам тепачки.Хахаха смешно.
Џиш.Мислам дека на овој пост се испосра:smir:
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Од светското 98 почнавме децата во маало да се расправаме за фудбал ( а всушност никој појма немаше од фудбал). Собиравме сликички од албуми и слично, меѓутоа никој немаше омилен тим. Тогаш Премиер лигата ја даваа на МТВ. И тогаш почнаа да се појавуват моите симпатии за Јунајтед иако незнаев ни шо ни како, ни 3 бода, ни 38 кола, само знаев за Манчестер Јунајтед и неговите играчи. Од кога победија во финалето во ЛШ 98/99 од тогаш веќе сум луд по Јунајтед. Плус кога бев помал си личев со Солскјер и така ме викаа во маало.
Почнав да играм ФИФА 1999, 2000 (од таму научив многу за играчите и клубовите) да ги следам резултатите на клубот повеќе и то.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Навиваме, само не е тоа ниво на навивање на кое навиваме за странските клубови.За кој би навивал кога уште од сега се знае кој ќе биде шампион на Македонија следната сезона?И не сме само ние.Што мислиш само дома и кај нас големите клубови имаат навивачи?А оние стотици милиони во статистиките не постојат?Си згрешил Џо.
Тие навивачите од странство на големите европски клубови се скоро сите од Азиските земји.Тие па од Азија стварно немат избор и морат да се диват на Бекам и компанија,и ги разбирам донекаде ама ние се стремиме да бидиме европски,а за да бидиме треба да си го почитуваме своето.Вервај
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Тие навивачите од странство на големите европски клубови се скоро сите од Азиските земји.Тие па од Азија стварно немат избор и морат да се диват на Бекам и компанија,и ги разбирам донекаде ама ние се стремиме да бидиме европски,а за да бидиме треба да си го почитуваме своето.Вервај
А ние имаме избор?Во нашата "квалитетна" лига?Ако се стремиме да бидеме европски нека се крене квалитетот на нашата лига.Јас од нашето првенство сум за Победа.Отсекогаш сум навивал за нив.Кога бев помал братучед ми со неговите другари ме носеше на стадион и ги гледав.И кога ќе поминев покрај стадион се чувствував возбуден, убаво ми беше.Сега зошто би одел?На стадион со капацитет од 15 000 на кој има сао 15 гледачи?Ако седнам кај навивачите тоа се пензионери.Си донесле ракија и си зборуваат:A, бе тебе ти стаса пензијата?-Аа да бе мене ми стаса, а тебе?И по некоја минута ќе заспијат и не знаат ни резултат ни ништо.А ако седнам понатаму, што би барал сам на студен бетон да седам заради да ја гледам утакмицата?Нема навивачи, што би барал јас?Би го искористил тоа време подобро.Играчите кога зборуваат се слуша се, што значи нема публика, досадно е.Нема избор ние во нашата т.н. "лига".Тие во Азија имаат подобар избор од нас.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.582
Поени од реакции
22.300
Па ко дете гледав фудбал на телевизија и ми се допадна Борусија Дортмунд негде 94/95. Па на крај и станаа и Германски шампион и од тогаш сум верен навивач на Борусија Дортмунд.

Никогаш не сум мислел да барам друг клуб иако Дортмунд во последниве години имаше доста проблеми. Врвот сигурно беше кога во 97 ја освоија Лигата на Шампиони против Јувентус. Не можам тој момент да го заборавам, кога Рикен го кладе голот за 3:1. Феноменално беше.
И плус стадионот Вестфален со 80 000 гледачи и навивачите на Дортмунд ме прават да бидам верен на тој клуб. Боруција за ними е религија.

Се надевам во иднина ќе се вратиме пак каде што природно припаѓаме, на врвот во Германија и во Лигата на Шампиони.
 

Dolphin

Pirate of the Caribbean
Член од
3 март 2005
Мислења
1.296
Поени од реакции
57
Навивав за Вардар во СФРЈ...

Станаа шампиони во 1987. (оттогаш многу ги мразам партизан)

Откако Панчев, Јаневски, Најдовски и Канатларовски отидоа во Ѕвезда, почнав да навивам за Црвена Ѕвезда. Таму почнав да обожавам 1 човек - Дејан Савичевиќ...

Станаа европски и светски шампиони 1991.

Во 1993 Дејо иде во Милан, и оттогаш сум само за росоњерите. И ќе бидам. Форумов нема толку меморија за да ја пишам кога станале Милан шампиони.



Р.Ѕ. Мојот најдобар спортски момент:

Југович, Југович, Југович до Панчева, Југович... Просинечки је ту, Просинечки... Михајлович у средину...И шта је сада?

ГООООООООООООЛ

ДВА ДВАААААААА

ГОЛ ГОЛ ГОЛ ГООООООЛ

НЕБО СЕ ОТВОРИЛО!!!! СТАДИОН ЈЕ ЕКСПЛОДИРАО!!!! Галер избацује руководство Црвене звезде... Читав Бајернов тим ја на трави. Нокаутирани су фудбалери бајерна...
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Вака сеа, имам страст кон 2 клуба.
Првиот ми е ФК Тиквеш, тоа беше пред некои 9-10 години кога татко ми прв пат ме однесе на градскиот стадион да гледам фудбал, и станав мал копиљ зависен од фудбал :).
Во наредните неколку години не пропуштавме натпревар, се знаеше, секој втор викенд се оде на фудбал, ама тогаш беше за милина да одиш.
После некое време почнав да одам и сам (со другарите) оти тате се откажа од следење на кавадаречките спортски колективи :)



Реал Мадрид... оф мори мајко, шо се немам пропатено од вас, ама пак и најубавите моменти во мојот живот ги имам доживеано се токму поради нив.
А кога и како почнав да навивам, беше негде 98-99 година, пуштам ТВ и гледам фудбал се игра па ај си викам да погледам, и еден играч (Фернандо Редондо) шо тогаш појма немав кој е ми оставил таков впечаток шо не можев да се тргнам од ТВ-то.
Заради овој играч го засакав Реал ама ич немаше среќа со повредите.
Верувам дека сите добро го паметите кичмокршењето на Хенинг Берг на сред Олд Трафорд, по тој натпревар за прв пат заплакав од среќа.
Редондо отиде во Милан во 2000, ама јбг Мадридисимо страста стана преголема за и јас да го сменам клубот па оттогаш наваму сум уште позагреан за Реал.
Што и да се случи RMCF PARA SIEMPRE!!!!!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.043
Поени од реакции
74.519
VARDAR!
Ednostavno e KOMITI i VARDAR se MAKEDONSKATA GORDOST!
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.724
Поени од реакции
11.563
Ама како го засака е прашањето!
:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom