Тука пишуваме на зададена тема

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Драга Пријателке...
Можеби денеска ти е роденден или именден. Можеби само ја славиш убавината на денот кој требаше да биде сончев, а еве уште сега гледам како пред очите ми ја создава омилената глетка од прозорецот. Поттикната од соништата или од искуството, умешна со зборовите или со вистината, сакам да ти посакам мир и спокојство. Овој пат ќе се оградам од проклетите стандарди како здравје, љубов и пари. Тоа не е мир, тоа е товар кој ти тежи, а секој миг се плашиш да не го изгубиш. Сакам да ти посакам нешто што трае засекогаш, што не го уништува болест, болка или сиромаштија. Најдрага Пријателке, ти подарувам желба да имаш сила! Посакувам... да имаш сила да ги голтнеш солзите, но и да си силна кога ќе заплачеш. Не сакам да можеш да се насмееш, туку со насмевката да убиеш, не да бидеш силна што си убава, но да издржиш што само заради тоа некој те посакува. Посакувам да можеш да го преживееш најтешкото и да имаш смелост да се радуваш на среќата, моќ да ја избркаш болката. Имај сила да бидеш вистинска пријателка, верна љубовница и да имаш заборав кога ќе простиш. Имај сила да веруваш во себе и да им веруваш на другите, да ми веруваш мене кога велам ќе сум тука. Ти посакувам бои и топлина, да го стопиш тоа лице од восок, да го искршиш со емоции, да останеш една и посебна, како вчера и секогаш, моја пријателка...

Посветено на моите најсакани другарки што од форум, што не.:pipi:
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Смешни приказни за мали деца.Извајани ликови од нашата имагинација и површност.Грешка на кодот.Неподвижност во времето.Лицата од восок се насекаде околу тебе.На нив нема никаква очекувана реакција.Тие се исто толку одвратни ,колку и ти.Фиоки полни со тајни од минати денови.Тоа што во креветчето плаче ни тебе не те засега.И вашите потомци го имаат истиот белег.И секој нивен неуспешен обид за бегство ќе се посматра како најголемо херојство.За нив ќе се пишува илјада години потоа.Исто како што сега што денес читаме за нивниот зародиш ,коренот на секоја неприродна појава.Гротесни фигури со размачкан кармин околу устата.Се движите како сеништа.Од вашата погана уста излетуваат сите вулгарни зборови кои постојат.
Сеуште се плашам од вашите восочни лица.Вашите мисли се полни со гној и неправда.Вашите дела се затруени со омраза и насилство.Вие никогаш нема да бидете мои херои.Вие никогаш нема да ми судите мене.Затоа што над ова небо е мојот единствен Бог.Освен него никој друг го нема правото на тоа.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Лицата неколкучасовно подготвувани за на сцена не знаат да глумат подобро од мене. Џабе им шминка и трема, кога со денови ја спремале својата улога. Јас ги прифаќам отфрлените ликови без размислување, во она што широката маса отфрлила секогаш има нешто страшно вредно.
Последната театрална вечер заедно испеавме најдобро, најхармонизирано досега. Најубаво се одлизга малата претстава, звукот беше најмелодичен, рецитирањето беше најзаносно, актерите веќе ослободени од сигналот кој во глава постојано ги плаши дека ќе го заборават или згрешат текстот, можеа да извадат најквалитетни трагични емоции.
Веднаш посветла сум со таа мисла.
Иако всушност баш напротив, деновиве сум отруена од сите чадови што можев да ги намирисам и внесам, но секогаш попрво би избрала телесно предозирање отколку да морам да требам ‘рѓосани струганици заглавени во умот. Срцето ни е во мислите; што значи, црни дробови – бели мисли. И сосема ми одговара.
Да, знам дека овде не спомнав никаде некаков бог. Но кога деновиве често помислувам на мојот бог, не мислам на нашиот очекуван, било каков верски добар господар, оној кој официјално би требало да биде светецот на мојот душевен храм; мислам на моќта на гласот вдлабен во мене, некогаш е тоа Посејдоновиот кикот во моментот кога ноќната трева му ги скокотнала петите додека подарувал школки на шумските нимфи, понекогаш тажен неталентиран тон од дното на неговиот океан.
Сега слушај го вечното клише на секоја жена-чувство и темно лакиран нокт:
Обожавам свеќи.
Обожавам свеќи а притоа не мислам само на илузијата на темничишната атмосфера попрскана со светки, туку ги обожавам радосно и анатомски, како организација од благ пастелен восок, меурчиња воздух и онаа супстанција одговорна за постоење на фитиљот која во некои други прилики сигурно би била јарец во хороскоп, бидејќи успешно го носи оганот во водата, а јас верувам дека тоа го можат само најсилните.
О, молчи дете.
Трета приказна со трето догорче.
Понекогаш во моите сонови и лежерни дремки, доаѓа грда маска која го крие ликот на оној кој некогаш беше млад. Се разбира дека физички сеуште е, но вистински никогаш веќе не се осмели да го помисли тоа за себе.
Иако ми носи чувство на сенишен кошмар, лицето му е една замаглена затворена линија во дефицит на остри црти, со изразито бела, нежна и мазна внатрешност, јасно можам да го видам само горниот дел посеан со долги трепки, и совршени кафени очи под нив. Помислуваш ли и ти на лице од восок?
Не знам, одамна не му го вкусувам образот. Површно е да размислувам дали сега е восочен, чоколаден, или можеби за прв пат во животот дише со отворени пори. Сакам да го паметам жив како игриво детство, музичар опиен само од нотите на својот нежен дух, дури и угнетената летна вода го допираше среќна.
Кога прередувам фиоки во мислите, налетувам на некој негов шугав отпечаток, ги има во скоро секое ќоше, но бидејќи навистина немам доволно време и вештина ефикасно да ги исчистам, загадените површини летаат на таван.
Се сопнувам сега на мислата за онаа ноќ, кога дојде конечно за да ми го претставиш ефектот, виталните функции ти ги владееше чуден транс. Ми ги долови сите страни, светла и состав на проклетството. Не ме праша како сум, што барам во таа одвратна гужва, или зошто побогу носам црвен кармин. Но ме потсети да си купам нова кутија цигари. Посака да ме штитиш од своето зло.
Можам со денови да го клонирам наредното чувство, кога ги стегам очите и мака ми е, средно но трајно горчливо и наталожено чувство, покревајќи се од желудникот што сеуште се препелка со вино, низ грлото до јазикот. Нели тоа беше чувството на мака? Мака ми е за навредите нанесени од сопствената крв.
Сопствената мајка, и сопствениот порив кон тајните на природата и потсвесната есенција.
Никогаш нема да можам да се рамнам со неа, зелена, природна и вечно расположена девојка на твојата ноќ. Никој не можел. Не можам ни сега. Она што јас би ти го дала споредено со нејзиното е црно-бел свет и еднонасочната струја на Едисон. Таа не е суштество живо, таа менува облици и форми, вкусови и бои, реалности и пеперутки, ти си зависен од поимот за нејзе што ти ги крие твоите четири ѕида, те забавува за да забораваш на улиците и прозорците на градот. Би те опседнала и кога спиеш до мене, би станал и би бил повторно со нејзе. Ја љубиш, душо моја, а замисли, таа воопшто не ни е суштество живо.
И добивам израз на лицето на “Бесцелно отворени очи, како сјајни бели гробови на стари мисли.”. Секогаш кога си во таква ситуација едноставно трепнуваш и мислиш “Сирак на реалноста, тоа е тоа.”, и патувањето весело потскокнувајќи продолжува.
Но истата ноќ, штотуку навлезен во сон, во испарената топлина на оној вид ноќ кој служи за спиење, се надоврзуваш на бесмислената недосмислена мисла. “...Генијален абортус на општеството, лут на машинеријата бидејќи неспособните теткици од книговодствено до ден денес буричкаат по бескрајните книги со дебели корици барајќи го моето пречкртано име. Неможам да ја напуштам ливадата на светот без отпусница и старите документи, еј!”
Туку, ме праша за лицата од восок.
Жалам, не би знаела јас за тоа.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Од Индија до Инџија, земја македонска. Од Филип до Филип... ништо не се смени... темата се вика: На модерен начин...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ни оддалеку не изгледав како момче кое може така да се зацопа во една девојка што и припаѓаше на ниската класа. Јас бев од високото добро утро, возев добар автомобил и имав клучеви кои го означуваат мојот статус а таа беше само она мало зрнце кое го приметуваш како се движи единствено заради хормоналните пореметувања кои се појавуваат кај аристократите, а ги принудуваат да се свртат по се што поминува а има добар задник.
Таа воопшто не беше нешто посебно, но мојот вкус уште како малечок беше извитоперен и на некој начин небогаташки, па ми се допаѓаа фини и слатки мали девојки кои сакаат да носат зелени патичиња со одврзани врвки. Знаев дека сум луд но со време научив да го потиснувам својот нагон за нереалните работи. Мајка ми реши да се оженам со една принцеза од Злокуќани, која... рака на срце и сама знаеше дека растела во тафталиџе каде е општо познато дека нормалните знаат да се смешаат со обичен шљам од луѓе. Но се надевавме сите дека тоа е зад нив и дека целата фамилија сега се луѓе на место. Одев со неа извесен период, сексот беше добар а и таа не покажуваше потреба за било какви швалерски активности. Знаеше дека имам секс со неколку секретарки на мои пријатели и само бараше од мене да го кријам тоа добро бидејќи весниците би не осудиле веднаш.
Инсистирањето на мајка ми го одложував колку можев бидејќи немав желба токму таа година да правам забава од тој тип. Сеуште бев во период на фенси забави со голи стрптизети од други држави и секс со малолетнички од истите, а правењето гламурозна свадба ќе значеше крај на истите.
И тогаш кога се чинеше дека ќе мора да попуштам ми го привлече целоукпното внимание она мало гнидиче од девојче што носи одврзани зелени патичиња и скинати фармерки. Се обложував сам со себе дека е ќерка на клошар и почината наркоманка бидејќи делуваше навистина растурено.
...
Искрено, по нашето прво запознавање мислев дека сум заљубен, па макар колку и да звучеше тоа неверојатно, нереално или гнасно. Верувајте ми, особено кога ми кажа дека сака да се истушира пред да легне со мене во кревет, јас веќе доживеав екстаза.
Денес, толку години подоцна сеуште не можам да сфатам како сум сам и банкротиран а таа сеуште носи зелени патики без врвки и успешно ја води најголемата компанија за производство на елегантни обувки од италијанска кожа на балканот.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

: На модерен начин...
Никогаш не сум била модерна девојка, иако многу добро знам какви креации имаат Ели Сабб и Лагерфилд, желудникот ми е расипан од премногу алкохол а белите дробови наскоро ќе ми откажат од 2 кутии цигари на ден и не знам да љубам, навистина, никогаш не сум и нема ни да бидам модерна девојка.
Можам да бидам совршен пример на либералноста и традицијата во едно, металка и шмизла во една вечер, мирна и луда, но тоа нема да биде доволно, не?
Кога секоја вечер пред да си легнам се молам, а преку ден се борам за модерниот атеизам.Кога велам дека не знам за моногамија, а длабоко во себе за тоа копнеам.Кога изневерувам, во чест на модата, а мене ме боли повеќе од сите.Не, не сум за модерниот свет.
Животната есенција ми е таму некаде помеѓу панделнките и кладите, умирам од чадот, а му се молам на оганот.
Се прпелкам ко риба на суво кога сум заробена во општеството кога се се прави на модерен начин, додека благо тонам во монотонијата на мојата клетва.
Се да биде проклето модерно!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Катастрофа од наслов. Дебакл. Хаварија од форумски размери. Јад и очај во моето срце. Но тоа нема да не спречи гордо да одиме каде никој форумџија не бил, и да трагаме по нови метафори и да бегаме од љубовните предатори... Океј претерав, за Кате следната тема се вика:

Слаба точка
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Слаба точка

Очајно се убедуваме дека тоа е само точка, но и мала бомба може да разнесе голем простор, па зошто да се залажуваме дека некој нема да ја нагази и да предизвика експлозија? Семето може да е незабележливо се` додека не се најде некој умен, но истовремено глупав да го засади во плодна почва и да израсне дрво. И што потоа? Паметниот ќе стане глупав, храбриот кукавица, денот ноќ. На крај краева, нам не ни е потребна ни експлозијата, ни дрвото. Поубави беа во својата првобитна форма, скриени под земја, не ни треба нивната последична поголема и пореалистична верзија.

Ти си детектив во душа, откриваш и кога не сакаш, наоѓаш и кога не бараш. Те видов оној свирепо студен денкога скриен во малиот хеликоптер кружеше околу планината со истражувачка цел ... Планината беше бела, бојата еднолична, о зошто, зошто ли бараше длабочина во нејзината душа, зар се надеваше дека ќе најдеш некаква боја и смисла? Купот динамити стоеше до тебе и ти набрзина, навидум невнимателно ги фрлаше еден по еден и чекаше, чекаше лавина од снег, одговор на замката, реакција налик бранување на душата на самата планина.
И дали предизивика лавина? Па да, суштинската слаба точка беше нападната, но лавината не беше доволно силна за да се прошири уште повеќе, не соодејствуваше со другите слаби точки, не допре до нив.

Не сакам ни да ги допре. А кој би сакал некој да му ги открие слабите точки? Не се гордеам со тоа дека слабата точка ќе си остане таква долго време, всушност да можев ќе најдев сила да ја зајакнам. А ќе можев, доколку доволно го сакав тоа. Но, тоа е веќе друга приказна, приказна за волјата за промена.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Ахил... Го обожавам него и митовите за него. Оној за Ахиловата пета некако ми е најсимболичен. Ахил така храбар, величествен, непобедлив... имал ранливо место што го соборувало сето ова... И тој? Зарем таков полубог? Што останува тогаш на нас смртниците?
Јас- надворешно толку недопирлива, цврста, силна... Постои и кај мене нешто што го соборува сето тоа...

Гостивар... Еден од оние денови што сакаш да ги зграпчиш ама некако не ти оди, уништен си и баталуваш се...

„Која е мојата Ахилова пета?„- до мене чекори личноста што ме чита и без да зборувам, што ме познава толку добро...
-Хмм... Твојата Ахилова пета?! Комплицирано е кај тебе... Ајде накратко би рекла врзувањето за луѓето, но тука многу нешта се поврзани и контрадикторни...“
-Ха, толку ли сум занигде... Ајде имаме време, објаснете ми се за мојата слаба точка...
„Како што кажав основата е во тоа што се врзуваш за луѓето, мислам за оние што почнале да ти значат, им се препушташ на некој начин, правиш се за нив, ги сакаш, се грижиш, ги чуваш, ги разгалуваш, им го даваш најдоброто... Го правиш се она што сакаш да ти го прават тебе... И не бараш многу за возврат, знам, ми стана јасно тоа покрај тебе- се радуваш и со толку малку, но тебе злато самата приврзаност со тие луѓе во одредени ситуации ти прави и потсвесно да бидеш повредена и да страдаш.“
-Мислите не го знам тоа? Го знам. Ми стана доста актуелно последниве години. Ме гледате и вие каква сум. Но што да правам?
„Тешко дека нешто можеш... Тоа си ти... Знаеш што е комплицираното и контрадикторното кај тебе, што кога сакаш- сакаш целосно, безрезервно, а тоа секако дека носи врзување, а да се обидеш да прекинеш со врзување значи да прекинеш и да сакаш (мислам на оној твој начин) , а ти неможе да не сакаш, тебе тоа ти е двигател. Можеби она што треба да го научиш е во што и да се впушташ да оставаш резерва, простор за себе...
- Можеби еден ден ќе научам... Кога ќе останат делчиња од мене...
„Мило, знаеш да сакаш искрено, да мразиш незнаеш, простуваш лесно, толерираш многу, даваш многу, не сакаш карања, правиш она што сакаш да ти го прават, а не го правиш она што не сакаш да ти го прават, правиш се за оние за оние што ти значат, за тебе она што ќе го кажеш е свето и се држиш секогаш до тоа... Личност со вакви карактеистики е редок примерок, среќна сум што те имам, но златна таквите како тебе во светов највеќе страдаат...И не сакам да те обесхрабрувам, но ти ваква каква што си ќе си страдаш цел живот. Твојата сложена слаба точка влече многу работи со неа... Ќе страдаш мила, но не се менувај, она што си ти е богатство.
- Значи тежок случај сум... Ќе си страдам цел живот... Ех... good to know професорице good, посебно кога е од вас кажано.
„ Погледни го небово какво е сино... Облациве... Зарем не те асоцира таа сина боја што наѕирнува низ облаците на надеж, не ти поттикнува некое чувство на надеж? Секогаш имај ја надежта, таа останува... Ќе има и подобри времиња за тебе...
- Ќе има ќе има професорица ќе има... Но од судбината т.е. од себе, Ахиловата пета, слабата точка не се бега...

Се вртат ли толку работи во животов околу таа слаба точка? Зависат ли многу нешта во животов од неа?
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Слаба точка

Знаеш ли како е да ги стискаш рацете во тупаници а се што е во нив е само радиоактивен воздух? Знаеш ли како е кога секое придвижување ми наликува на твоето? Знаеш ли како е кога јас сум ти?
Уништив дел од Јас за да не бидам повеќе Ти. На работ од скршеното огледало оставив трага од темновиолетова крв,ме потсетуваше на соленото море во кое бев приморана да те удавам. Зошто ја оставив трагата?Не знам.Можеби длабоко во себе се надевав дека некогаш ќе ти недостасува твоето второ Јас.
Не знаеш како е кога лицето ти се изобличува со секоја слика од Ти низ главава. Не знаеш како е да ја гледаш причината за пропаста на Јас од другата страна ,а тоа е заробено во изолирано стаклено звоно.Тишина и звукот на тишината,ах,колку празна соба.Не знаеш како е кога си приморан да живееш од монодрами.
Но знам дека кога врне дожд на мене,а околу сонцето го заслепува цел свет е брзање бавно кон крајот. На Јас му останува само да сонува за уништување на овој,и создавање на друг свет...свет без мостови,свет без суровиот асфалт и дождот кој им вели на Јас и Ти да престанат со глувите симфонии.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Слаба точка
Наркоман.
Тоа е како да го извадам срцево од градите и да го удирам со чекан се додека не остане мелено месо од него.Да ги исечам вениве и да ги сошијам со најострата игла потоа и пак да ги расечам на пола.Да поврќам цела вечер црно вино и наредниот ден да немам глас а пеколно силно да ми се пее.Како да живеам за да гледам, а некој да ми го одземал видот од премногу херион.Тоа е како да врне, а не можам да го почувствувам дождот.
Наркоман.
Сите мои светли моменти, целиот мој грд или убав живот се врти околу тој парк каде улиците се темни ноќе, а тревата е позелена.Човекот што ми ја стегаше половината како да е прстен околу неговиот прст, тој што ме научи да свирам на воздух и да ги допирам облаците со прстите, мојот мал, мил, најсакан ...
Кога се враќав по патеки кои што се поплочени со неговата крв каде доброволно ги валкав чевлите, и каде умирав на полноќ.Никогаш не би го оставила ниту за насловна, со него се делев кога еуфоријата беше преголема, со него дишев кога дозата беше пресилна, со него љубев како што љубовта може да љуби.
Него му ги подарив сите мои соништа и надежи, сите убави розови панделки ги ставив пред неговата врата за да го покријам црнилото, и секогаш ќе останам пријател, мајка и љубовница.Таа што го нацрта кругот на неговото стакло, таа што воздивнуваше додека тој го бараше мигот на задоволство, таа што плачеше што тој умира, таа што и сега би умрела да знае дека вечерва тој нема да се појави.
Зошто кога би живеела, тоа би го правила за него и кога воопшто би пишувала во секој стих би го ставила него, мојот мал, мил, најсакан ... мојот прекрасен кој што секој ден одново ме заспива со секоја испушена цигара.
Врне љубов моја, врне ... но не сакам туѓ чадор, не сакам, не, не, не сакам, сакам да ме уништи дождот, да ме разболе и да почувствувам како е.
Наркоман.
Тоа е како да имаш пластично ќесе на главата, а очајно ти треба воздух.
Мојата најслаба точка, мојата црна дупка, мојот грев и благослов, мојата најсилна љубов ... неговата слаба точка.

Не можам повеќе ... :(

Посветено на него!
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Слаба точка

Ај немаш г`з да ми ја откриеш. Си ја кријам. Во себе.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
А јас мислев дека некој има голем план за мене.
Го немам јас, па се надевав дека барем некој друг го има за мене.

Седи старата душа во младо тело на кејот на реката.
Се прашува дали тој се движи или реката тече.
Си мисли:
Ми гази овој живот по слабите точки.
Ми го гмечи детството, ми ги џвака спомените, ме тера да фрлам се в ѓубре.
Јас правам кула од карти....тој ја урива со здивот.

Чкрипење на заби. Стегање на солзи. Трепет.

Осмели се да се појавиш пред мене. Осмели се, па дури тогаш да го видиш разочарувањето вкопано во моите очи. Осмели се да погледниш како се ветрее сиот восхит,инспирација....сакање.
Осмели се да видиш како се се сведи на една мизерна одмазда. На гнасна тортура за постигнување анти-ефект.
Се за едно скапано браво.

Не идиоту,не дека е браво.

..дека е од тебе.

Доврага се. Во неповрат.
Сега само ќе гледаш како гордоста се слева во празнина.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Слаба точка. Што беше тоа? Скоро и да сум заборавила.
Едно време секоја точка ми беше слабост. Секој кажан збор ме повредуваше, секоја иронична насмевка ме тераше да плачам. Ми се познаваше секоја емоција, на секој збор бил убав или не ми се полнеа очите со солзи.

Помина и тоа време. Многуте работи кои се случуваа во меѓувреме ме направија робот. Сега нит плачам, нит се смеам. Немам причина. Лажам. Имам причини за смеење, можеби за плачење не, ама бар за смеење имам. И сега кога размислувам за тоа, размислувам што стана од мене. Кариерист, воркохолик, човек без причина за излегување и дружење.
Работа, деловен состанок, деловен ручек, дома. Тоа е сега мојот живот. Напредував навистина, ама трошка емоции немам во себе. И повторно лажам, повторно нешто сокривам. Имам емоции, скриени некаде длабоко. Тешко е да излезат на површина пред другите. Така ќе дознаат дека и под таа фасада има нешто човечко.

Осаменоста ме натера да ја отворам кутијата со спомени. Одеднаш не се отвори само таа. Сите мои емоции излегоа на површина. Солзите сами ми течеа, понекогаш се засмевам присеќавајќи се не некои моменти. Слаба точка..сега сфатив...ти и минатото.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Слаба точка

Би сакала да немав слаби точки, се да беше добро да не чувствував порази, да не бев сама. Да не бев патетична можеби?

Би сакала да можев да ви филозофирам на темата, а вас да ви беше интересно и да не мислевте дека мојот натпис воопшто не се рзликува од горните.

Не знам дали би сакала да немав време да го пишувам овој текст заради некоја попаметна работа која небре ќе ја имав, затоа што сум проколната да мислам дека сум секогаш во право.

Не ме интересира анализата на моралните начела, ама би сакала да знам дали е паметно да си искрен. Тоа ме прави несигурна.

Порано мислев дека најголемата слабост на човекот лежи во нејзиното признавање, ама сега знам дека слабите точки се интересна појава и го прават животот разновиден. Ете, на пример денес напишав текст.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom