Ах,светото ВЦ.
Светата просторија во која се извршува чинот на ослободувањето,прочистувањето,просветлувањето.Се ослободуваш телесно,но и духовно.Во тој момент,ти и шољата сте едно,нема тајни,срам,страв дека ќе те одбие,се е изведено на виделина.Кое светло чувство следи после кулминацијата,помешано со чувство на сигурност,дека си на вистинското место во вистинското време.
Поведени од нирваната не ја чувствувате околината,не чувствувате никакви ароми,не гледате ништо друго,во тој момент важни сте само ти и шољата.
Без разлика дали ослободувањето се врши после јадење,после пиење,или после тешка расправија,ВеЦето е секогаш тука да ја споделиш тешкотијата.
Поштуем било какво ВЦ,се додека се наоѓа во мојот дом.Не можеш да се опуштиш во некое каде знаеш дека енергија која не е твоја или на некој од твоите најблиски кружи во воздухот,едноставно,не е угодно.