И мене најдобрата другарка ми е од основно и контактирам со неа скоро секој ден. Со некои од другите имам убав муабет, некои ги гледам почесто, некои поретко. Со некои сум само на здраво, некои пак ниту здраво не ми викаат, што сметам дека е лошо, сепак заедно сме учеле 8 години. Се трудев едно време многу околу другарствата од основно, посакував да траат и да не изгубиме контакт, но, залудно е,неможеш да останеш близок со сите. Секој по свој пат, неможе сите патишта да се вкрстат.