Вицеви без наслов 2 дел

Две бабички седнале во кинески ресторан и побарале храна и прибор за јадење. Кога келнерката им донелаа стапчиња за јадење тие и рекле:
- Ние баравме прибор за јадење, а не прибор за плетење!!!
 


Шета полицаец по улица и гледа едно дете со цигара во уста. Му ја зима цигарата и му вика знаеш ли дека пушењето ти го скратува животот за половина. Колку години имаш? Малиот вика 9. Е сеа да не пушеше ке имаше 18​
 
Tројца пијани одат по пруга.
Првиот вика:
-Туу ама се долги скаливе.
Вториот:
-Ќути бе пијаницо.
А третиот:
-Не се карeјтее,иде лифтот!
 
Праат муабет Грк и Гркиња и Грков и вели.
-Абе што ќе се пофалиш.
-Абе се фатив со женско.
И Грков целиов запрепастен и Гркињава му вели.
-Што бе да не ти смета?
-Ма јок поише машки за нас:):)
 
Две бебиња близнаци во матката на мајката играат карти и едниот рекол:
-Јас се предавам,
-Зошто ?
-Абе еден чичко се влева и излева и ми ги гледа картите!!
 
Професор прашува студент по медицина:
- Колега, како ќе познаете дали некоја жена е бремена?
- Па, ќе има голем стомак и пеги по лицето.
- Аха. А јас имам ли голем стомак?
- Да.
- Имам пеги по лицето?
- Да.
- Е, па, кога ќе чуеш дека сум се породил, дојди да ти напишам шестка.
 
Се вратил Трпе еден ден од работа дома и ја нашол Трпана како седи на прагот со спакувани куфери. Ја прашал каде ќе оди, а таа му рекла:
- Одам во Лас Вегас. Денеска разбрав дека таму можам да заработам 400 долари од ноќ за она што тебе ти го давам за џабе.
Размислил Трпе малку, па отишол во куќата и тој се спакувал па се вратил кај Трпана. Таа го прашала:
- А каде пак ти планираш да одиш?
- Доаѓам со тебе. Баш би сакал да видам како планираш да живееш со 800 долари годишно.


На часот по биологија наставничката испрашувала и го прашала Трпе:
- На која страна се наоѓа срцето?
- На 65 страна од нашите учебници.

Наставничката им предавала лекција на учениците за годишните времиња и го прашала малиот Трпе:
- Кога лисјата паѓаат?
- Во 20:30 на А1.
 
Влегло дете во продавница и и вика на продавачката:
- Тето, дај ми тафе.
- Што сакаш?
- Тафе бе тето, тафеаво.
- Што е тоа тафе, не те разбирам.
- Како ма тето не ме разбираш, тафе, тафеаво, за пиење.
- Абе ти реков не знам што е тоа, ај гитла дома!
- Е тулето да ми го јадеш!
- Што рече, мангуп ниеден?
- А туле знаеш што е, тафе не знаеш???
 
Жената на Трпе родила близнаци. Трпе целиот радосен излегува од болничката соба, а таму го чека цела фамилија да им ја соопшти веста. Трпе вели: станав татко на близнаци. Еден од присутните го прашал: а еднојајчани се или двојајчани? На ова Трпе му одговорил: епа едното е девојче а другиот е двојајчан.
 
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
- Така ли се одговара на претпоставениот! Ајде да те слушнам повторно. Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Не, господине заставник!
 
Отишла некоја тетка на гениколог арно ама многу ама баш многуууу била дебела и едвај седнала на столот..Се соблекла и се наместила па докторот започнал со работа...гледал одоздола гледал се чудел... гледал така 1 саат...гледал 2 саата ...Тетката исплашена од ситуацијата му рекла на докторот:
-Докторе абе шо биде оваа..2 саата ме гледате ништо не кажувате..само гледате!!
Докторот: Тетке ај прдни,чисто за ориентација
 
Било си некое дете с’с мајку му у автобус, и тој дете било немирно, мајка му му викала да се смири оно па неќеало... и после некое време шофер се изнервираја : Тебе госпоѓо нејќу ти ништо, ама тебе мали MAМИЦУ ЌЕ ТИ ГУ ЕБУ :pos:
 
Зад седум мориња, седум езера, седум реки, седум планини, седум ридови, седум долини, седум извори живеел еден змеј. Едно сабајле се разбудил и си рекол: - Па кај живеам јас у пичку матер!? И ни пет ни шес ни седум ни осум летнал. И летал, летал, летал и слетал на некое место, џенем некаде.
По 2 минути и 17 секунди поминал волкот. - Шо си бе ти!? - Волк сум бе. Бељаџија голем сум јас! - Си жими Марко, туку да се нацрташ утре во 12:00 точно на ова место!- и плукнал змејот оган еден куп. Да не имаш нешто да прашаш, нешто нејасно!? - Не, ништо. - рекол волко и опашката в газ, да го нема. По неколку минути поминала лисицата. - Шо си ти бе!? - се оџврлил змејот. - Ами јас сум лисица. Умна сум ептен и сите ме фалат. Еднаш му бев гостинка на Боки 13... - Абе немој многу да јадиш трици, утре овде во 12:00 да дојдиш, ќе те јадам! - и нормално оганче низ уста змејо. Да не има нешто да прашаш?- Не, ќе дојдам. - Со плачење рекла лисицата и си заминала. И седи така змејо и едно време му се здосадило па зел на плеј стејшн да игра. Отепал една партија на тејкен и гледа се мота некој зад него. - Шо си бе ти!? - Ами носорог сум, да не си ќор! Не гледаш шо имам на носо? - Абе немој многу да се чаталиш, туку утре во 12:00 да се нацрташ овде, ќе те јадам! Има нешто нејасно, нешто да прашаш!? - Плукајќи оган прашал змејо. - Не,ништо! - Процвикал носорого и гас преку нос му ја здувнал. Таман змејо ја почнал втората партија на тејкено, ете ти го слонот. - Шо си бе ти!? - Абе слон сум јас бе, не си слушнал досега? Сурла на главата, слонова коска... - Абе друго си реков дека ти е то на главата, ама нема везе. Утре во 12:00 овде да те видам! Ќе те јадам! Јасно!? Да не имаш нешто да прашаш!? - Не господине! Ќе дојдам ич око да не ти трепнува. - рекол слоно и се џембосал. И продолжил змејо на плеј стејшн да игра, ама сеа на нид фор спид мост вантед играл .И таман да ја помини стазата се акнало нешто во него. - Шо се буткаш бе море!? Шо си ти? - Јас мечка сум море никаков, ушло еден! Еве мед барам. - На кој бе ти ушло, дебел еден. Утре има да те јадам. Во 12:00 да се нацрташ овде! Јасно?! Да не имаш нешто да ме прашаш!? - Не, шо ќе прашам, глуп сум јас, ама ќе дојдам утре. - Исплашено одговорил мечокот. Зел змејо биљард да игра. И како шо играл, некое животинче се бапнало на масата и дирек во црната топка и во средна му завршило. - Шо си бе ти? - Зајак сум јас. Бегам, ај со здравје! - Шо бе со здравје, враќај се ваму! - Ај кажвај побрзо оти треба да бегам, зелки крадев, па да не ме фатат...- Абе седи тука ко си со мене... него утре во 12:00 овде да се нацрташ, ќе те јадам. Има нешто нејасно, нешто да прашаш? - Има! - Е шо не ти е јасно!? - Можи утре во 12:00 да не дојдам? - Можи бе, нема проблем!
:aplauz::pos::)
 
Се буди ќеркичката во 4 наутро и ја моли мајка си да ѝ раскаже приказна. Мајката одговара:
– Почекај малку душо, кога ќе се прибере татко ти ќе ни раскаже и на двете.
 
Робокап во војска и иде у купатило да се бајна ... по некое време му паѓа сапунот се наведнува полека да го зема и одеднаш на дисплејот му се испишува порака NEW HARDWARE FOUND ...... се исправува пополека и одеднаш на дисплејот AND WORK CORRECTLY :costumed2:pishtoldz
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom