Вицеви без наслов 2 дел

Доаѓа синот дома и татко му го прашува:
- Сине, има нешто ново на училиште?
- Да, има добра и лоша вест!!!
- Добро, сине ај кажи ја прво добрата вест.
- Конечно, тато ни изгоре училиштето!!!
- Како сине, па тоа не е добро, ај кажи ми ја лошата вест?
- Пожарникарите, што дојдоа да го изгасат училиштето ги спасија професорите!!! :pos2:

--- надополнето ---

Како ќе дознаете дека сте компјутерски зависник?
-Кога мува ќе слета на вашиот монитор и кога ќе се обидувате да ја убиете со стрелката од маусот!
 
Влегува една госпоѓа во бутик и се обраќа на продавачката (инаку плавуша)
-Ќе ве молам можам да го пробам фустанон во излогот?
-Не може. Ако сакате да го пробате ќе морате во
гардеробата.
 
отидол саша матич кај некој инвалид да го посети и да му даде парична помош, кога стигнал таму саша го прашал човекот
С.М - Како оди ?
инвалидов му вратил - ко шо глеаш
 
Управникот на затвор ја прашува затвореничката осудена на смрт на електрична столица:
-Имате ли некоја последна желба?
-Да. Ве молам држете ме за рака. :toe:
 
Се сличило убиство на Гренланд и полицијата го испрашува осомничениот Еским.
- Кај си бил ноќта од октомври до април?
 
Шетаат татко и син на пазар, и синот го прашува татка си:
- Тато, тато, што се овие?
- Сини сливи.
- А зошто се црвени?
- Зашто се зелени.:pos2:
 
Вели скопјанец на кумановец, кажи мас, овој мас! скопјанецот, да ти го турам во газ!
Друг ден кумановецот го сретнува скопјанецот и му вели, кажи зејтин! скопјанецот ЗЕЈТИН!!! кумановецот да ти га туру у гз!
овој епа не оди?? Кумановецот епа ке подмачкамо!!!
 
АВИОНСКА КОНТРАЦЕПЦИЈА

Мајка со својот 5-годишен син се качуваат во авион за да летаат на одмор. Едно време, синот (кој постојано зјапа низ прозор) се врти накај мајка си и ја прашува:
"Ако големите кучиња имаат бебиња кученца а големите мачки имаа бебиња мачиња, зошто големите авиони немаат бебиња авиончиња?"
Мајката не можејќи да смисли одговор, му вели на синот да оди да ја праша стјуардесата.

Детето оди и и го поставува истото прашање на стјуардесата:
"Ако големите кучиња имаат бебиња кученца а големите мачки имаа бебиња мачиња, зошто големите авиони немаат бебиња авиончиња?"
Оваа го гледа и го прашува детето: "Мајка ти, ти рече да ме прашаш?"
"Па да," одговара малиот.
"Епа тогаш ќе и пренесеш дека нема бебиња авиончиња, бидејќи авио-компанијата секогаш го вади на време. Оди сега и кажи и на мајка ти да ти објасни што е тоа."
 
Си седел некој Македонец во некој локал во Битола и си појадувал тост со маргарин и мармалад кога до него седнал некој Грк кој џвакал мастика. Македонецот го игнорирал но сепак гркот почнал да зборва:
- Еј, вие тука јадите цел леб за појадок ?
- Да.
Гркот направил балонче со мастиката и гордо продолжил:
- Ние не. Јадeме... само пола. Останатото го фрламе во корпи за рециклирање и после ви го пуштаме тука во форма на леб за тост.
Македонецот си поќутел. Но гркот упорен продолжил:
- Вие тука го јадeте целиот мармалад?
- Да. - рекол македонецот.
- Ние не. Ние во Грција јадиме свежо овошје. Сите остатоци ги фрламе во канти за рециклирање и ви ги пуштаме тука во форма на мармалад.
На македонецот му пукнал филмот и го прашал гркот:
- Вие ебeте долу во Грција?
- Па се разбира. - рекол гркот.
- И што им правите на кондомите по сексот? - прашал македонецот
- Па ги фрламе, нормално. - одговорил гркот.
На тоа Македонецот му рекол:
- Ние не! Тука во Македонија ги фрламе во корпа ги рециклираме и после ви ги пуштаме во Грција во форма на мастики. :pos:
 
Е гледајте сега, тргнал тигарот да се шета во џунглата и видел некое магаре, почнал да кружи околу него, па го прашал: - Абе, магаре, кое е најсилното животно во џунглава? Магарето цело потресено: - Па, ти си тигре, нормално. Продолжил тигарот понатаму, па видел елен. Се приближил до него и му го поставил истото прашање. Еленот пребледнел кога го видел, ама собрал сили па одговорил: - Тигре, нема посилен од тебе! Тигарот полн со самодоверба, оди понатаму, се доближува до еден слон и го прашува: - Еј, слону. Кое е најмоќното животно во џунглава, а? Слонот го фаќа тигарот со сурлата околу вратот, го крева и треска двапати од земја, го витка како топка и го акнува од дрво. Се созема тигарот, па коментира: - Добро бе слону, ако не го знаеш одговорот, не се нервирај толку.
 
Дечко и девојка во кревет. Девојката налутено со повишен глас му се обраќа:
- Би било убаво да си малку возбуден!
А он и враќа:
- Би било возбудливо да си малку убава!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom