Z
ziko bt
Гостин
Иако во салата „Градски парк“ имаше вулгарно навивање, фрлање тврди предмети и запалки, па дури и пивско стаклено шише, Димишковски реши да не го суспендира теренот на Работнички и да не изрекува дополнителни казни за актерите на теренот. „Шпедитерите“ се казнети со 40.000 денари, и тоа по 6.000 денари за неспортското навивање насочено кон противничкиот клуб и кон противничките кошаркари, како и за фрлање запалки на теренот. Фрленото шише го чини Работнички 10.000 денари, исто како и јавното коментирање на судењето на третиот финален меч од страна на тренерот Марин Докузовски. Преостанатите 2.000 денари се за техничката грешка на Тони Грнчаров.