Докузовски најави заминување
Потиштен, разочаран не толку од поразот против МЗТ Скопје колку од незалагањето на одделни кошаркари, тренерот на Ф. Работнички Марин Докузовски, веднаш по мечот со "штрковите" во соблекувалната, на учениците им најави заминување од тренерската клупа. За сериозноста на неговата најава зборува и податокот дека веднаш потоа капитенот Симиќ и искусниот Димитровски заминаа во клупските простории да го убедуваат Докузовски да продолжи со започнатата работа и оти сите играчи сакаат тој и натаму да биде нивни учител.
- Точно е тоа дека најавив заминување. Севкупните односи во клубот, проблемите кои се таложат се причина поради која реагирам. Јас сум професионалец, почитувам работа не само на тренинзите туку и на натпреварите. Имам чувство дека одделни кошаркари како да не сакаат да ја освоиме шампионската титула, не се залагаат доволно, а тоа навистина ме боли и не можам да минам преку тоа. Побарав разговори со луѓето од клубот, верувам дека брзо ќе дојде до таква средба и многу работи ќе бидат појасни. Во моментов едно е сигурно во вакви услови повеќе не сакам да работам, вели Марин Докузовски.
За посетување пред една година Докузовски се врати од Бугарија каде имаше големи успеси се со цел од Ф. Работнички да направи респектабилен тим не само дома, туку и на меѓународната сцена. Во меѓувреме ја одби новата, примамливата понуда од Лукоил Академик се со цел да продолжи да работи во својот Ф. Работнички. Оттаму и ваквиот потег изгледа изненадувачки.