Благодарам за темата прво...
Е вака сега, ова се само мои филозофии, за тоа но еве.
Прво-Црвката сама по себе е раководена од одбрана група на свештени лица и кардинали кои што целиот свој живот се грижеле за тоа како да ги сокријат сопствените дела од народот и да пронајдат нови начини за да го контролираат.Вештерките се само уште една појава и доказ + за тоа.Секоја жена која што имала барем малку слободен дух и го кажувала своето мислење јавно била „вештерка“ која треба да се осуди и да послужи за пример во машката хиерархија, а сите знаеме дека жената не може да има некоја висока положба во Црквата.
Второ-Црквата сама по себе како објект, ја почитивам и секој обичен свештеник што се жртвува во името на Бога, но кој бил толку само свесен како човек пратен од Бога, за да ги осуди најголемите луѓе во историјата на човештвото.(Никола Коперник, Галилео Галилеј, Џордано Бруно).И тоа аплицира дека црквата ги создаде прерасудите и дискриминацијата.
Трето-Да не ги заборавиме сите „Свети војни“ што се водат во нејзино име и денес и во минатото(Крстоносните војни).
Заклучок:Црквата секогаш ќе биде лулка на интриги и само уште еден начин за контролирање на човековите маси, треба да се верува во Бога со срцето, а не како што некои „свештени лица“ велат дека тоа е патот кон Бог.
Јас лично сум голем верник и ќе верувам дека тоа ќе останам до крајот на животот, но не можам да и верувам на Цркавта кога луѓето што ја претставуваат, го валкаат нејзиното име, но што е најлошо и името на Бога!