Цел муабет наназад ми личи на муабет на луѓе кои не гледале ни еден Бонд филм! Како прво: во секој филм на Бонд има повеќе Бонд девојки, некаде дури по 4-5. А како второ: не сите Бонд девојки имале романтична конекција со Бонд. Некои се само сајдкикс кои на никаков начин не се романтично поврзани со Бонд, други се femme-fatale (најчесто кокетираат со Бонд, ама дејствуваат против него, значи повеќе се негативци), трети (во некои филмови) се жртвени јагниња... Значи самиот термин „Бонд-девојка“ е многу поширок од тоа на што вие го сведовте: цицки. И не, не мора Бонд девојката да е ни позната, ни елегантна, па дури ни убава. Сме имале се и сешто во тие улоги.