De lako matori - jedva smo samo deo najjačih fora sa interneta skupili u ovaj pregled
www.kurir.rs
Еве линк од мемови и постери.
KRAJ SEDNICE Narodne skupštine Srbije obeležila je burna scena tokom koje su poslanici "Studentske liste", ustali sa svojih mesta i podigli u vazduh crvene knjižice „Zbirka propisa“, uz aplauz i povike iz klupa.
www.novosti.rs
Мене ми беше најсмешно вториот ден од конститутивната седница од 18 Ноември Средата ( овој вториот линк од новости вечерњи), е тогаш некоја минута пред 18:00 часот ( прв и втор ден 17 и 18 Ноември беше работно време на собранието до 18:00).
И тогаш на 18 Ноември ситно пред 18:00 Вучиќ привршува со долгите маратонски говори, и најстариот пратеник кој претседаваше Стојан Раденовиќ прашува дали некој има да се пријави за реплика за говорот на Вучиќ, и никој од пратениците од студентска листа не се пријави за реплика туку тие пратениците од студентска листа само дигнаа во рацете правилникот и деловодникот за работата на собранието, а Вучиќ како манијак ги извади очилата и бараше од Стојан Раденовиќ сите пратеници на студентската листа да бидат сликани дека бараат реплика.
А сето тоа со цел да продолжеше лудилото на Вучиќ и следниот ден на 19 Ноември да цел ден помине во бесмислени реплики од пратениците.
Ама носителот на изборна листа Илија Срдановиќ убаво ги советувал пратениците да не наседнуваат на финтите на Вучиќ и да не се јавуваат за реплики.
И епилог: на 19 Ноември Четвртокот му истекоа 5 часови право на говор на Вучиќ и се прејде на гласање за претседател на собранието, и од оние 103 пратеници на СНС 1 пратеник е веќе издвоен од СНС и ќе дејствува како независен а оние преостанати 102 пратеници на СНС не гласале сите за предлогот на Вучиќ тој стариот Стојан Раденовиќ да е претседател на собранието и 97 гласови добил Стојан Раденовиќ значи уште 5 пратеници од листата на СНС почнале да дејствуваат по свое.
Александар Чупиќ ги добил сите 140 гласови од 140 пратеници од студентската листа.
Седницата на 19 Ноември траеше долго вечерта бидејќи промениле да е работно време и после 18:00, избраа 6 потпретседатели на собранието, во Понеделник утре се консултации околу формирање на работни групи и клубови, а во Вторник 24 Ноември од 10:00 е следната седница на собранието.
Демек во процес на освежување на СНС добар дел од пратениците ќе поднесат оставки а на нивно место ќе дојдат нови луѓе кои не се активни на хиерархијата во партијата.
Се обидуваат да ја стабилизираат партијата, ете и еден млад лик од движење - Српски суверенисти е Вукша Драговиќ потполнил пристапница кон СНС, а Вучиќ е наводно болен и со проблеми со здравјето.
Можно е баш тој младиот Вукша Драговиќ во блиска иднина да застане на чело како лидер на СНС. Мене така ми делуваат работите.