- Член од
- 3 ноември 2024
- Мислења
- 1.742
- Поени од реакции
- 1.326
Од сите овие само Dark ја имам изгледано цела и серијата е можеби најдобрата н.ф. серија до сега.Dark (2017–2020)
Мистериозно исчезнување на деца у мало германско гратче. Приказна за семејни тајни, временски парадокс и судбини шо се испреплетуваат низ генерации. Комплексна, мрачна, фантастична мистерија. Бара многу внимание, оти секој детал е важен. 10/10.
From (2022– )
Мало гратче од кое никој не може да замине и чим падне ноќ, надвор почнува вистински хорор. Одлична атмосфера, морничави суштества и мистерии шо отвораат нови прашања со секоја епизода. Совршена за склопување теории. 10/10.
The Outsider (2020)
Криминалистичка истрага шо постепено се претвора во нешто многу помрачно и понатприродно. Комбинација на детективска мистерија и хорор. Има спора али постојано вознемирувачка атмосфера. Базирана на романот на Стивен Кинг.
Castle Rock (2018–2019)
Мрачна психолошка хорор серија сместена у светот на Стивен Кинг. Мистериозни настани, вознемирувачки ликови и постојано чувство дека нешто не е во ред.
Wayward Pines (2015–2016)
Агент доаѓа во мало гратче за да истражи исчезнување, али брзо сфаќа дека местото крие нешто многу поголемо. Параноја, тајни и одлични пресврти.
Chapelwaite (2021)
Готски хорор базиран на расказ на Стивен Кинг. Стара семејна куќа, мрачни тајни, проколнато минато и атмосфера што постепено станува се поморничава.
The Devil's Hour (2022–2025)
Жена секоја ноќ се буди точно у 3:33 часот. Има необјасниви настани и мистерија што постепено ги поврзува сите детали. Психолошки трилер со одлични пресврти и приказна шо тера да се преиспита се од прошли сцени.
Archive 81 (2022)
Архивист добива задача да реставрира стари видеоснимки од изгорена зграда, али она што започнува како обична работа постепено се претвора во скроз вознемирувачка мистерија. Окултизам, паралелна реалност и одлична хорор атмосфера. Штета што е откажана по првата сезона.
Paradise (2025– )
Скроз мирна заедница, али крие многу повеќе отколку што тоа изгледа. По шокантен настан, започнува истрага која постепено открива тајни за светот во кој живеат ликовите. Одлична мистерија, пресврти и приказна шо постојано ја менува перспективата. 10/10.
Alice in Borderland (2020–2025)
Група млади луѓе се наоѓаат у напуштен дел од Токио. Мора да учествуваат у смртоносни игри за да преживеат. Секоја игра е нова загатка, а зад целиот систем се крие многу поголема мистерија. Напната, брутална и полна со неочекувани пресврти. 10/10
56 Days (2026)
Хм... за разлика од претходните, ова е повеќе еротски психолошки трилер отколку класична мистерија или хорор. Приказната се движи меѓу почетокот на една интензивна врска и полициска истрага за брутално убиство. Интересна ако сакате заплети у кои не сте сигурни кому да му верувате.
The Girl in the Water / Surface (2022–2025)
По сериозна повреда на главата, главниот лик страда од губење на меморијата и се обидува да ги состави парчињата од сопствениот живот. Колку повеќе дознава за минатото, толку повеќе се сомнева дека совршениот живот шо го има, е изграден врз лаги. Психолошки трилер со тајни, манипулации и постојано прашање кому воопшто може да му се верува.
Tabula Rasa (2017)
Жена со амнезија се наоѓа у психијатриска клиника и станува клучна фигура у истрага за мистериозно исчезнување. Обидувајќи се да ги состави изгубените сеќавања, почнува да се сомнева у сите околу себе, па дури и во сопствената перцепција. Мрачна психолошка мистерија.
Слична на оваа е серијата Fringe.
И Interstellar филмот има слична тематика.
From ја почнав и не ми се свиѓаше некако многу лежерна ми беше, како да фалеше возбуда и тој страв што треба да постои.
Може да ја почнам Paradise и Wayward Pines од твојата листа.


