На огласот ти пишува дека се плакаат прекувремени саати, а за втора смена треба да се рачуна малку повеќе, исто за саботи и недели.
Еве од законот за работни односи:
3) Додатоците се определуваат за посебните услови при работа, кои произлегуваат од
распоредот на работното време и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време,
ноќна работа, работа на дежурство, согласно закон, продолжена работа, работа во ден на
неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж.
Ама има фирми лешперски ти викаат секоја втора сабота е работна.
И не е исто секаде за плати збирна (со сите додатоци) и незбирна (само основица).
Нејкам да ти правам проблем, ама ако сакаш побарај и на сметководителката на работа да ти даде платна листа за плата и ќе си видиш како ти се рачунаат, сигурно имаш шеф или сменоводител што води евиденција.