Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 60: Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако не извршуваат општествени задачи)

Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако... (види наслов)

  • Вкупно гласачи
    33
Вистината е една, не е ова комунизмот, па да изиграваме твоја вистина или моја вистина.
И во капитализам и во комунизам тоа е само твое мислење и ништо повеќe.
Од која војска и од која армија не одбрани ЈНА?

На пример во САД, армијата прави заклетва ваква: “I … do solemnly swear (or affirm) that I will support and defend the Constitution of the United States against all enemies, foreign and domestic"
Ти како шетано момче по три континенти, кое поседува оружје дома и е врвно обучено за ракување со истото, би требало да знаеш дека и во US армијата и националната гарда не излегуваат по дома на улици како ќе им прдне туку со наредба.
И ЈНА (за жал) не беше каубоец и мораше да ги почитува наредбите на својот врховен командант Претседателството на СФРЈ. Имаше еден обид за воен удар 1987г. и драматично обраќање преку ТВ на тогашниот ССНО (по денешно министер за одбрана) адмирал Бранко Мамула. Тие денови бевме во највисок степен на борбена готовност. Зошто не успеа точно не знам, ама тоа беше последна шанса да се спречи крвавиот распад четири години подоцна.
 
Дали сте за условување на оние жители кои се работно способни а во моментот останале без работа или се невработени да нема да добијат право на користење социјална помош и бенефиции и помош во случај на настаната невработеност доколку истовремено не извршуваат општествено корисни работи и задачи?

@bijons и како да го средиме ова да го собере во наслов и во анкета а да не ја изгуби поентата?
 
Услов за невработени работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако не извршуваат општествени задачи!
 
Ете, се стиснавме некако.

Предходната анкета вели дека никој не би во војска:

војска-не.png

Одиме со новата тема.
 
Проблемот со ова е што станува збор за семејства, ако некоја џукела на која не му се работи и има 5 деца, социјална помош се доделува на цело семејство. Ако му укинеш на таткото тогаш и децата ќе останат без јадење.
Не можеш да му укинеш здравствени услуги затоа што по устав е тоа невозможно.
Така да овде нема што да се дискутира у глобала.
 
Се согласувам.

И се што е со “медицинска дијагноза” да биде прегледано од независен доктор поставен од државата, а не од баци рака квази медицински лица.
 
Па секаде е така ако не се лажам, на социјала си ама мораш да се пријавуваш секој месец во заводот за вработување и ако одбиеш работа ти го кинат социјалното, и кај нас е така мислам.
Децата да си земаат детски додаток, пример колку што се потребни за основна издршка на едно дете.

Уствари кај нас прво нека го усогласат социјалното со трошоците оти мизерни пари земаат луѓето на социјала, освен Ромите не знам кој би живеел достојно на социјала кај нас.
 
Дали сте за условување на оние жители кои се работно способни а во моментот останале без работа или се невработени да нема да добијат право на користење социјална помош и бенефиции и помош во случај на настаната невработеност доколку истовремено не извршуваат општествено корисни работи и задачи?

@bijons и како да го средиме ова да го собере во наслов и во анкета а да не ја изгуби поентата?

Благодарам што го прифативте предлогог за тема од моја страна предложена тема.
По долго размислување и двоумење сепак се одлучив да гласам против.
Од причина што живееме во општество каде многу не се почитуваат стандардите и законите, имаме див капитализам.
Може да има ситуации да забегани газди капиталисти да знаат дека ако нивни вработени останат без работното место нема да добијат социјална помош и социјални бенефиции па ќе се изживуваат врз таквите вработени кои веќе се во незавидна економско- социјална положба и ќе им даваат секакви работни обврски, бидејќи работниците не можат да дозволат да останат невработени.
Има многу луѓе во државава кои не можат да си дозволат ситуација да немаат буквално приход од ниту една страна и зависат од тој минимален приход од социјална помош.
Па знаејќи го ова приватните газди ќе аздисуваат со таквите вработени.
Лошо би се одразило врз одредени категории на вработени.
Да, знам имаме и категории во општеството кои злоупотребуваат со социјална помош и можат да работат ама не работат. Ама ако дочекаат старост ќе им се одрази или да неммат доволно стаж за пензија или да имаат ниски пензии поради минимален работен стаж.

Тоа е, не е секогаш можно се да се спречи во општеството, секогаш ќе има некои кои ќе злоупотребуваат права.
 
И во капитализам и во комунизам тоа е само твое мислење и ништо повеќe.
Батка, до утре можеме да полемизираме. Вистината е дека ЈНА веќе не постои, а не постои ни државата што требаше да ја заштити. Тоа не е мое мислење, туку факт.
Ти како шетано момче по три континенти, кое поседува оружје дома и е врвно обучено за ракување со истото, би требало да знаеш дека и во US армијата и националната гарда не излегуваат по дома на улици како ќе им прдне туку со наредба.
Јас не чекам некој да ме брани, си имам сам за одбрана. Сите армии чекаат наредба, не знам зошто мислиш дека е поинаку.
И ЈНА (за жал) не беше каубоец и мораше да ги почитува наредбите на својот врховен командант Претседателството на СФРЈ. Имаше еден обид за воен удар 1987г. и драматично обраќање преку ТВ на тогашниот ССНО (по денешно министер за одбрана) адмирал Бранко Мамула. Тие денови бевме во највисок степен на борбена готовност. Зошто не успеа точно не знам, ама тоа беше последна шанса да се спречи крвавиот распад четири години подоцна.
Каубојски или индијански, задачата на една армија е да ја заштити својата земја. Југославија, за жал, повеќе не постои.
 
Распадот не можеше да се спречи поради напливот на национализам претежно од србите, друго нешто се глупавите политичари во СФРЈ.
 
Батка, до утре можеме да полемизираме. Вистината е дека ЈНА веќе не постои, а не постои ни државата што требаше да ја заштити. Тоа не е мое мислење, туку факт.
Јас не чекам некој да ме брани, си имам сам за одбрана. Сите армии чекаат наредба, не знам зошто мислиш дека е поинаку.
Каубојски или индијански, задачата на една армија е да ја заштити својата земја. Југославија, за жал, повеќе не постои.
Dobro Rambo (y)
 
Батка, до утре можеме да полемизираме. Вистината е дека ЈНА веќе не постои, а не постои ни државата што требаше да ја заштити. Тоа не е мое мислење, туку факт.
Друже рамбо, полемиката беше поради твојата сераница "ЈНА беше само празна униформа" , тоа е единствениот факт во целово ова пресерување што е факт а што мислење.
Јас не чекам некој да ме брани, си имам сам за одбрана.
Vrlo dobro vojniče!
Сите армии чекаат наредба, не знам зошто мислиш дека е поинаку.
Па цело време тоа ти го објаснувам.
Каубојски или индијански, задачата на една армија е да ја заштити својата земја.
Ниедна армија на светов неможе да ја заштити својата земја од сопствениот народ. Можеше само да се обиде неколку години порано да ја превземе власта на одредено време и да овозможи мирна трансформација.
Југославија, за жал, повеќе не постои.
Нас што изгубивме најблиски во тие војни ни е најмногу жал.
 
Друже рамбо, полемиката беше поради твојата сераница "ЈНА беше само празна униформа" , тоа е единствениот факт во целово ова пресерување што е факт а што мислење.
Ако не беше празна унформа уште Југославија ќе постоеше. Твое е да си мислиш што сакаш и да те фаќа носталгија.
Па цело време тоа ти го објаснувам.
За ова не треба објаснување, се знае.
Ниедна армија на светов неможе да ја заштити својата земја од сопствениот народ. Можеше само да се обиде неколку години порано да ја превземе власта на одредено време и да овозможи мирна трансформација.
Историјата е полна со армии што со сила ја зачувале државата од распад, па дури и со воени хунти што ја презеле власта. ЈНА не успеа ни во тоа. Не ја зачува Југославија, туку стана дел од конфликтот што ја растури.
Нас што изгубивме најблиски во тие војни ни е најмногу жал.
За тоа ми е жал, ама вината ќе си ја ставиш кај тие што оставија Југославија да се распадни.
 
Имам видено три континенти,
Со сето уважување, не сакам конфликт, ама фактот што имаш видено три континенти и си се залепил за Трамп, не говори ама баш ништо добро за тебе, напротив.
Подобро да отидеше во Охрид и да научеше како се прави макало, покорисно ќе ти беше, ама нејсе, денеска е друго време, врапците се на стероиди и работата е викај ура.
Се слагам со многу твои ставови, ама остај и другите да имаат свое мислење. Не можеш да бидеш исклучив, јуесеј е во право и точка! Не бива така бе чичин, светот не е црно-бел, уште одамна чичко Њутон открил еден спектар.
 
Back
На врв Bottom