Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 59: Враќање на задолжителен воен рок, и тоа на две години)

Враќање на задолжителен воен рок, и тоа на две години

  • Вкупно гласачи
    49
Јас повеќе пишувам за родители кои ги растат децата со ќотек, деца кои се навикнати да бидат казнувани физички, тие прераснуваат во насилници во најголем дел од случаите.

Тој дел конкретно, тоа е токсичен дом, кај што ќотекот е секојдневие, што би се рекло, начин на изразување и комуникација, а не последна инстанца при воспитување.
 
Завршивме со дрогата, одиме со ќотекот.

:pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Може сум офф топик, ама морав...

Ова многу јако делува, како да воспитувате дете: пробавте со дрога демек да го смирите, ама не помогна, па сега одите со ќотек.

:pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Инаку, он топик

Денешниот начин на воспитување на децата е многу различен и треба да биде многу различен во споредба со порано. Затоа што и родетелите а и децата растеле, живееле и денес растат и живеат во различни времиња со различни предизвици.

Пратам еден српски отец, татко на 3 деца и има човекот идено во Македонија во доста градови има држено говори и за децата има кажано една многу добра работа:

Децата се гости во вашиот живот. Значи пробувате да ги задоволите нивните потреби, ама не смеете да дозволите тие да го водат и контролираат вашиот живот и вашиот дом.

А ќотекот е мислам резултат на слабото воспитување од страна на родителите. Не успеале да го воспитаат детето за нешто, не поставиле здрави граници навреме и мислат дека со ќотек се решаваат работите.

Морав да допишам, сум заборавил главното. Не сум за ќотек воопшто, не само во воспитување на деца.
 
Последно уредено:
Сериозно во Октомври 2026 треба дебата за тоа дали треба да се млатат деца или не? :icon_lol:
Мислење дека децата треба да се маваат не е контроверзно тоа више е за психијатрија.
Инаку интересен детал, законот вели дека тепање возрасен човек е кривично дело но тепање дете е дозволено? Повторно законот е глуп, да не речам идиотски што би рекол Хамдија Чустовиќ.
Автоматски споено мислење:

Се согласувам. Многу луѓе мислат дека тоа се само песни, а всушност преку текстовите и жанрот најлесно можеш да видиш какви вредности, друштва или ризични однесувања почнуваат да му стануваат нормални.

Пред деца мора да се внимава и да се избегне сељачана, шунд и кич или скраја било, народњаци.
Зашеќерени поп песнички може кога се помали, ,но веќе седмо осмо треба да се почне со сериозна изградба на перцепцијата на детето преку музика како оваа на the Doors of perception.
Автоматски споено мислење:

Ретка песна која зборува за насилството врз деца.
My name is Luka. I live on the second floor...
 
Последно уредено:
... го вика мајка му дома веќе касно 22ч за 8 год дете разигран фудбал со другарчињата онака манијачки со трескање на ѕид, коли и викање, само на фудбал не личи, а тој ја игнорира да на крај таа се закани дека ќе му каже на татко му дека не ја слуша, а негов одговор беше пред сите присутни :
„ Не јади гомна, влези внатре!“
Еден од другарите му вика да не и’ вика така, мајка е, а тој му се сврте и му рече:
„Брат, ај не ми го јади курот“
Јас да му бев мајка, на лице место пред сите, газот модар ќе му го направев од ќутек и за уше дома ќе го влечев, па ќе видам дали друг пат така ќе се однесува!
 
Не се согласувам.

Ќотекот е потребен во некои случаи. Најмногу кај агресивните машки деца.
Или кај женски кои почнуваат да разлетуваат бубачки во главата? ;)
Нема машки женски бе батка, деца се деца. Има машки кои се супер, има женски каиш им е супер друштво.
Поагресивно створење од женско нема, тој машки агресивни ќе казнува:facepalm:.
Има будали, невоспитани кои покажуваат зрелост со уништување на инфраструктура, посебно баш реквизити кои се за нив, ама тука родителите се за онаа работа, повеќе од децата.
Убаво рече Дарлин "и тие што се' им дозволуваат на децата".
Мора да има граница, до кај одат слободите на децата. Ако вие како родители не ја поставите, ќе ја постави улицата, полицијата или некој таков.
 
Лоша анкета, се наведува дека секој ќотек е лош. Да се разбереме, постојат родители што ги тепаат децата за најмала глупост и кај нив тоа е и едиствен метод. Но има и друг вид на ќотек, кога детето ги поминало сите граници и последна станица е раката. Поради првиот вид родители, вторите се осудувани во модерно време.

Овие што поминуваат без ќотек во животот се тие што моментално прават глупости, кршат, се возат по 5 души на тротинет, снимаат булинг.
Тие деца немаат страв, оти кај нив било немој мамичка. Добиле све што посакале оти родителите не знаеле да кажат за доста, за да не им вриска детето и да ги брука. Сега мислат дека светот е нивни, што сакаат ќе прават. А и после школо тоа ќе продолжи оти тато ќе го бутне негде без грам пот од него.
.
 
Или кај женски кои почнуваат да разлетуваат бубачки во главата? ;)
Нема машки женски бе батка, деца се деца. Има машки кои се супер, има женски каиш им е супер друштво.
Поагресивно створење од женско нема, тој машки агресивни ќе казнува:facepalm:.
Има будали, невоспитани кои покажуваат зрелост со уништување на инфраструктура, посебно баш реквизити кои се за нив, ама тука родителите се за онаа работа, повеќе од децата.
Убаво рече Дарлин "и тие што се' им дозволуваат на децата".
Мора да има граница, до кај одат слободите на децата. Ако вие како родители не ја поставите, ќе ја постави улицата, полицијата или некој таков.
Реков најмногу, не реков дека нема женски агресивни. Во никој случај не планирам да оставам ќерка ми да прави глупости.
 
Ама имав и среќа со децата, мора да си признаам.
Е ова е нешто кое ретко кој родител си го признава. Браво за искреноста :D

Мислам, сериозно едно е да имаш нормални родителски маки, недоразбирања или детето да ти извади живци, а притоа да е во суштина добро, фино и културно воспитано. Сосем друго е кога работите ќе забегаат по лош пат, па детето ќе влезе во лоша средина, наркоманија, деликвенција... Затоа, карактерот и среќата имаат огромна улога, не е сè само до ќотекот или воспитувањето.
Пред деца мора да се внимава и да се избегне сељачана, шунд и кич или скраја било, народњаци.
Зашеќерени поп песнички може кога се помали, ,но веќе седмо осмо треба да се почне со сериозна изградба на перцепцијата на детето преку музика како оваа на the Doors of perception.
Таа песна е ремек дело, но воопшто не е наменета за изградба на перцепцијата на 13 годишно дете. Муабетот стои дека треба да се избегнува шунд, ама рокот има толку голем спектар, каде што детето може да изгради вкус без да му пушташ егзистенцијални кризи.

Ми текнува на песната Jeremy - Pearl Jam како можеби идеален пример за тоа што сакаше да го постигнеш со примерот, можеби idk.
 
Иначе не знам дали сте го приметиле патернот, во кој населби се најнекултурните деца и кај има најмногу булинг. Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош. Додека тие што се од приградските населби и други градови се потивки. Порано беше обратно, ама негде пред 15год се сменија работите. Зошто ли?

Луѓето во овие 4 општини се побогати од останатите. Тие им обезбедуваат буквално све што ќе посакат, нов ајфон, скапи алишта, најмодерни тротинети, веспи. Научени дека све им следи.
Додека другиве малце потешко доаѓаат до тие работи. Затоа и ценат повеќе.

Друга работа, како се растени тие во овие општини? Дома, пред телефон и телевизор оти сами не смеат нигде. Улиците им станаа паркинг и автопати, страв им е на родителите да ги пуштат, сосема разбирливо. Кога идат надвор идат со родител. И нормално кога ќе дојде момент да одат сами надвор, тие се пуштени како од ланец, како куче што си го врзал цел живот дома. Не знаат кај тераат, сакат да се докажат. Дремат пред Силбо оти реално што искусиле повеќе за да прават друго нешто.
Додека надвор од овие општини децата порано почнуваат сами надвор. Искусиле како да се вози точак без родител, искусиле што е баскет што е фудбал, што е спорт, искусиле што се друштвени игри. И подоцна тие деца се поискусни оти веќе виделе како функционира светот.
 
Е ова е нешто кое ретко кој родител си го признава. Браво за искреноста :D

Мислам, сериозно едно е да имаш нормални родителски маки, недоразбирања или детето да ти извади живци, а притоа да е во суштина добро, фино и културно воспитано. Сосем друго е кога работите ќе забегаат по лош пат, па детето ќе влезе во лоша средина, наркоманија, деликвенција... Затоа, карактерот и среќата имаат огромна улога, не е сè само до ќотекот или воспитувањето.

Таа песна е ремек дело, но воопшто не е наменета за изградба на перцепцијата на 13 годишно дете. Муабетот стои дека треба да се избегнува шунд, ама рокот има толку голем спектар, каде што детето може да изгради вкус без да му пушташ егзистенцијални кризи.

Ми текнува на песната Jeremy - Pearl Jam како можеби идеален пример за тоа што сакаше да го постигнеш со примерот, можеби idk.

13-14 би било таман, може и џереми но тоа време околу полуматура е во ред. Да напомемам треба да се избегнува и современа странска и домашна музика бидејќи е толку лоша што ентузијасти со помош на АИ прават подобра музика од онаа на официјалните топ листи, дното е пробиено повторно.
 
Па уствари тоа се годините кога детето почнува да го гради сопствениот идентитет и си го оформува и својот музички вкус. Но, во голема мера, темелите ги поставуваат родителите како и за се друго, така и за музиката, а најчесто е тоа несвесно, преку тоа што го слушаат дома или во кола или било каде.
 
Па, со оглед на тоа што познавам деца кои се тепани а ден денес се невоспитани и безобразни, згора на тоа и агресивни, не би се согласила дека ќотек е единственото решение за воспоставување контрола над децата, напротив сметам дека можи контра ефекти да има и тие во иднина да го пренесуваат таквото однесување.
Децата се сунгери, се примаат уште од мали нозе, тие се огледало на родителите во најголем дел од случаите.
Јас тврдам, а и од она што сум го видела од мое опкружување, дека тие деца кои се агресивни, немирни, невоспитани се производ од самите родители.
Ако пцуете дома и детето ќе пцуе, ако слушате шунд музика и детето ќе слуша таква, ако тепате и тоа ќе тепа, просто како грав.
Од мали нозе се градат темели на воспитување и се поставуваат граници.
Ама денешните родители немаат време за тоа, за да седат рајат на телефон, да пијат кафе, да излезат сами, се ќе му дозволат на детето, после цехот си доаѓа за наплата ама веќе е касно и ниеден ќотек на светот нема да го направи подобар човек тоа суштество.

Тоа дека инстиктивно ќе ти дојде да му ја шлепниш една ако те извади од такт си стои, ама јас еве како мајка, секој ден се молам Господ да ми сочува нервите, да бидам трпелива како мајка оти познавајќи се дека сум фитиљ не сакам ни да помислам да го удрам син ми.
 
Back
На врв Bottom