Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 30.280
- Поени од реакции
- 67.171

Завршивме со дрогата, одиме со ќотекот. Ново мислење и анкета се поставени. Иако мислам дека контроверзно мислење е дека треба ќотек, а не дека не треба.
Автоматски споено мислење:
Еве добив идеја за тепањето што го спомна @wot . Мислам дека не сме разговарале до сега за тоа.
Како и да ја поставиш темава ќе биде контроверзна, зошто мислам дека во 21-ви век мислењата се баш поделени. Традиционалните и конзервативни родители знаат на детето да му дадат по некоја воспитна, а модерните сметаат дека децата не смеат никако да се тепаат. Дури одат до таму да им слугуваат на децата и буквално како родителите да се деца, а не родители со авторитет и стравопочит.
Значи јас насловот вака би го поставила:
Ќотекот не смее да биде составен дел од воспитувањето на детето.
Воспитана сум традиционално, за денешниве стандарди може да сум и малку конзерва, иако и се трудам да имам сфаќање за прогресијата на општеството и да ги прифаќам совремните предности.
Дали ме тепале мене? Не, ама татко ми кога ќе ми го повишел тонот ако претерам, апсолутно сум знаела дека е тоа предупредување со тринаесет извичници. И ден денешен, ако му се смени гласот знам дека е лут (ама знам и како да го решам). Еднаш прилично ги имам налутено кога ги срушив дома завесите и буквално можев главата да си ја скапам, и тогаш знам дека ме удри мајка ми со влечката, и уште еднаш кога глумев лудило на улица кај што можеше да ме згази кола. Брат ми мислам дека има добиено едно две шамарчиња, и тоа е се.
Апсолутно сум за тоа да се разговара со децата и сè да се решава со разговор. Ама искрено, во вакви екстремни ситуации каде што детето буквално си го ризикува животот… дали и јас не би се изнервирала и исклучила во тој момент? Реално, не знам.
). Еднаш прилично ги имам налутено кога ги срушив дома завесите и буквално можев главата да си ја скапам, и тогаш знам дека ме удри мајка ми со влечката, и уште еднаш кога глумев лудило на улица кај што можеше да ме згази кола. Брат ми мислам дека има добиено едно две шамарчиња, и тоа е се.



