- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 42.272
- Поени од реакции
- 127.724
Па како ќе ставиш лопата ако ги немаш тие 7 или 10 милиони што ти требаат? Не може да градиш, а да имаш 100 евра у џеб. За да направиш зграда ти требаат еден куп техникалии пред да го почнеш процесот, проект, маркица, платени комуналии, земјиште, градежна дозвола, изведувач, а се тоа кошта многу пари. Како ќе почнеш да градиш ако не ги платиш овие работи??Зашто би зимал кредит од банка да ме одерат камати ако обезбедам 7м уште пред да ставам лопата на земја?
Кано само утиња кај продажбата, во последно време не продаваат премногу на дупка, затоа што квадратот расте цело време и нив им се исплати да продаваат етапно, во фази, а не одма све ука бука и да немаат никаков ќар. Прост пример, почнува да гради сега еве нека е во Аеродром, цена на стан во дупка 2.400 евра, а вкупно има 100 станови и еве сите нека се по 50 квадрати. 50*2400= 120.000 евра од стан, што значи дека ако ги продаде сите станови одеднаш има 12.000.000 евра. Е сеа замисли 50 да продаде одма, а 50 за 1 година од сега, кога квадратот ќе биде рецимо 2.700 евра, а зградата веќе во напредна фаза на градба. 50*2700 = 135.000 евра од стан, што значи за 50 станови ќе заработи 6.750.000 евра, и 50 што ги продал скроз на дупка се 6.000.000 евра, значи вкупно 12.750.000 евра. Он само што почекал да не продаде пола од становите за некои си година дена ќарува 750.000 евра.
Сеа ова е прост пример, немој одма да се фати некој ко слеп за стап, ама ви кажувам како функционираат градежниците. Така да кога ќе чуете некогаш муабет, еј абе ми останаа уште две станчиња непродадени, побрзајте ако сакате да земете, не е дека од што немало купци него што не сакале да ги продадат и чекале пик на цените за да извадат поголем ќар.
