Враќање во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Harald
  • Време на започнување Време на започнување
Ajde be samo kukate :mad:
Dodusa ke mi go ebat rajatot so najglupiot zakon za pusenje, ama pak ni VMRO ne e vecno. Porano ili pokasno ke si odat opozicija.
Ko ke razmislam vaka samo niv nekoj vakvi gluposti mu isteknuvat .
 
Поговорката е: каменот тежи на местото. Ама кај нас толку му се намочаа на местото, што и каменот мувлоса.
Никаде не е сјајно, посебно ако си ојден последниве 4-5 години.
Да, само Македонија се прави дека е џунгла во однос на другите земји, што во никој случај не е така

И јас може како навиен новинар да досаѓам секој ден со вести од Германија или друга земја и во такво светло да ги прикажувам нештата, ама ниту сум сакал нити ќе сакам да го правам тоа.

Да падне бандера во Македонија, прво нешто протести ќе се бараат.

Колку што е виновна државата, дупло е повиновен народот
 
Највиновен е народот.
Девеестите кога имаше инфраструктура од СФРЈ и требаше само да се надоградува, народот реши дека вреќа брашно, прашок и евентуално работа во ЈКП е доста да замижи.
Апаратот се научи на неказнивост и полтронизам и покасно тоа го постави како стандард.
Знам дека и ЕУ оди натаму и не сум паметен што да мислам за тоа.
Единствено ако спука, Мк е подобра варијанта.
 
Единствено ако спука, Мк е подобра варијанта.
Со останатото се согласувам. Ако спука во Европа, војна на Балканот е повеќе од реална можност. АРМ моментално е во катастрофална состојба, со едвај 8.000 војници. Oрганизирано ловечко друштво би можело да нe освои.
 
Се враќаат, и по некој месец кога ќе се соочат со реалноста штрафта назад.
 
Се враќаат, и по некој месец кога ќе се соочат со реалноста штрафта назад.
Чолка, кажи кој братучед/пријател има така направено :icon_mrgr:
Се шалам, ако не се од Скопје можно е..
 
Чолка, кажи кој братучед/пријател има така направено :icon_mrgr:
Се шалам, ако не се од Скопје можно е..
На снаа ми брат најпресно пред месец дена.
Чолка барем на јаве муабети кажува а не на тик ток спрдачини и приказни за мали деца ала Мицко.
Реалноста е таа, не е сјајно и во Европа ама моментално Македонија е се само не нормална држава.
Единственото што ме влече за назад се моите и тоа што син ми ќе расте настрана од нив.
Моментално сме во таа фаза кај што не оди во градинка и немам со кој да го здружам, па ме фаќа и малку жал оти цела фамилија и пријатели со деца ни се во Македонија па ќе мора да му барам другарчиња по фамилијарни центари за деца се додека почне во градинка и школо.
Свесна сум дека за социјализација Македонија би била подобра средина од Германија за него ама за други работи Македонија заостанува.

Ќе видиме како ќе биде, Македонија не ми бега, имам кај да се вратам, првична цел ми е да земам ЕУ документи па после ќе видиме.
 
Со останатото се согласувам. Ако спука во Европа, војна на Балканот е повеќе од реална можност. АРМ моментално е во катастрофална состојба, со едвај 8.000 војници. Oрганизирано ловечко друштво би можело да нe освои.
Работата е што не сме некоја интересна територија. Плус околу нас има многу кои имаат меѓусебни нерешени прашања, од повисок интензитет.
 
Работата е што не сме некоја интересна територија. Плус околу нас има многу кои имаат меѓусебни нерешени прашања, од повисок интензитет.
Држава која не може ефикасно да се брани е изложена на поголем ризик од инвазија отколку држава што може да му нанесе значителни трошоци и загуби на потенцијалниот агресор, дури и ако ниту една од нив на крајот не би можела да ја добие војната.

Да не се лажеме, веќе имаме петта колона и од албанска и од бугарска страна во државата. Србија не може многу да мрдне поради Косово, Грција поради Турција, но Албанија и Бугарија ги немаат тие проблеми и ограничувања.
 
Да не ја тераме на воено-политички води. Оти познати ми се твоите ставови, подобро остај го муабетов за со друг.
Може сум и грешка, се случува.
Автоматски споено мислење:

Што сеедно?
Значи во последниве 4 години секнува рускиот поток на енергенси, се поместува акцентот на амерички агенди.
Кина ги малтретира производителите на коли, БАСФ дише на шкрги...
Соодносот заработка-раст на трошоци се влошува. Не дека гладува ЕУ ама не е најсјајно, ако на тоа се додадат имигрантите.
Ако на тебе ти е супер, не значи дека на сите им е. А исклучоците само го потврдуваат правилото.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom