Иначе моментално е 00:49, пробувам да заспам и буквално го слушам комшијата од другиот стан како да ми хрчи во соба. Ѕидот како да е правен од картон и малку гипс.
Ти има смисла куќа наспроти стан бидејќи споредуваш лоши станови со идеални куќи. Јас имам две хаски над мене и бебиња во зграда, па ништо не сум слушнал 6 месеци. До 12 саат рокав на Дјун саундракот. Ама затоа немам ни дата сигнал, морам накај балкон да идам поради изолацијата и дебелите ѕидови за телефонски повик. А од друга страна, сум живеал во куќи, лепенка до други, изолација помеѓу нив само ако останало некоја хартија од цементото кога се кревале. Идат наследено со еден куп спорови обично и комшиски генерациски биф (ако не заврел фамилијарниот), оди крени спрат или реновирај нешто, загради, да видиш како одма ќе те убијат со инспекција комшии 600 метра далеку. Повисоко направил комшијата и не докрпел да заштеди па сега и кај тебе тече, итн. Влага. Покрив. Фасади. Смрдело од кучето во соседниот двор. Без прозори си на третиот спрат кој сега не го користиш оти си сакал да инвестираш во двор кој ќе го користиш една сезона од четири ако ја имаш среќата. Знаеме дека куќа кошта ко
три стана и кои се благодетите. Не е топла вода.
Вие сакате куќи со никој околу вас ама пак да се на центар, да може пешки до секаде, ама и две гаражи за онака. А од становите кога купувате или рентате во скапото странство гледате само во цената. Сподели еве каква изолација има станот, какви прозори, каков лејбел, звучна / топлотна изолација и цена, квадрат / локација од околу, па да знаеме со каква куќа да споредуваме, кога веќе споредуваме јаболка и портокали. Ќе видиш зошто има смисла станот. Да не споредуваме вистински средени куќи со ебалници и соби за ербиенби. Куќите што ги споредуваме со ваквите ги викаме викендици. И во нив најмногу се ужива додека не се твои, после со среќа.
И не викам нема луѓе што уживат во куќа, но тоа треба надвор од градот за таков спокој, во центар се знае колку е побрз животот, гужвите, практичноста и достапноста на глупости. Не прифаќате дека за спокојот по кој копнеете треба да жртвувате комјут или финансии. А не знаете ни колку е лошо кога нема, дури и да сте спремни да платите веќе скапиот квадрат. Скапи биле квадратите во Скопје, но барем има станови, ние тука наддаваме еден цел стан во Македонија само за да имаш шанса да платиш 5 цифрени суми по квадрат. И не, не постои "стандард" што тоа магично го решава, нема и скапо е. На кој му чини. А кога рипнала цена 3к во Скопје, викат што кур барат дисперзирани да отварат за секакви да се запишат по малите градови, па после проблем кога секакви дошле во Скопје и, нормално кога е олку централизирано по дизајн, останале и сакат да купат. Тие што стават линкови и се смеат на цените за становите, има една друштвена игра наречена Монопол. Не е многу фер, има растргнато цели фамилии, но сѐ тоа е дел од лекциите што се учат преку играта.
Оди во станбена зграда договори се за реновирање фасада, фарбање влез, собирање пари итн, многу децениски проекти се тоа.
Не може еден административен процес што не функционира да биде аргумент за куќа в. стан. Ако си во зграда мора да правиш компромиси и, ако тоа е компромисот за некои, да плаќаш чистачка. Тие што не плаќаат не се за такво комјунити, тие мислат дека имаат сопственост и можат да прават што сакат како да се Кевин Костнер во Јелоустоун. Таквите да им дадеш куќа, одма ќе заличи на една од многуте во град кои изгледаат како да нешнл џеографик ќе дојде секој момент да сними документарка за хоардери или полицијата ќе истражува бидејќи замирисало на леш. Пишав назад дека не ми е сеедно оти тука решиле да платиме толку и толку илјади евра сите за да можеле колите во гаража да ги полнеле со струја наместо надвор, а јас не ни возам струја, но таа цена ја "плаќам" за детето да учи со Јан. Ако требаше со Акмед, има згради и тука каде комшиите не плаќаат за чистење и се без куќен совет. И се реновира само кога се руши и гради од ново, т.н децениските проекти. Со проблемите за станарите звучите како да ви фали лекции по интегрирање. Јес да интерно, ама сепак. Што ќе ви е во општеството некој што не плаќа лифт оти бил само на трети спрат? Наместо да бегате вие по куќи низ периферијата од тие проблеми, пуштете ги нив во куќи по планините и околните ненаселени места и живејте цивилизирано во стан без проблеми за фарбање влез, со цел град до гз. Ако нели тие проблеми ве спречуваат.